milicka85 -> RE: Породилни болки (23.2.2011 17:37:53)
|
Еве ја и мојата приказна! Читајќи ве вас болките ги замислував многу поинаку од оние што ги доживеав. Тоа беше првиот ден во мојата бременост кој што го преседив дома.Имено во текот на целата бременост секој ден излегував да попешачам малку,некогаш повеќе некогаш помалку но битно пешачев.Околку 19 часот почувствував болка слична на онаа што ја имав кога ќе добиев менструација.Си помислив тоа не е ништо,но по 5 минути пак иста таква болка.Си реков пак не е ништо.По една минута пак и си помислив тоа се лажни болки,вистинските се во исто време на не на 5 мин па на 1 мин.Потоа поцна да ме режи стомакот бас онака како за по голема нужда и појдов во бајната и се олеснив се разбира , и си помислив ма мене ме болев стомакот за голема нужда.и си реков ке си подлегнам малку да одморам ,но пак ми се појавија болките и сеуште мислев дека се лажни болки и не сакав да одам во болница.Тие болки беа издржливи и не така страсни за да идам во болница.НО почна и да ми се лоши и да повраќам.Тогас дојде свекрва ми и ми рече стремај се ајде ќе го родиш дома.е ај си реков да одам .И пред да тргнам се напив вода од левиот чевел на мм,демек ке си поминам со лесно (така ми кажа една баба и вистина испадна така)КОга појов таму бев отворена 4 прсти и пак исповратив .И после тоа ме седнаа на ЦТГ ,па на бокс .И сестрата ми вика што се чудиш ке рагаш.А јас и велам кога сега.А таа се насмеаа слатко и ми вели сега ами кога за еден час ке го родиш.Болките поцнаа да ми се засилуваат станаа посилни но издржливи а јас глас не испуштав ниту пак вриштев .Само ке се наведнев надолку со главата нозете раширени и дишев длабоко како што ми кажа мајка ми .КОга ме легнаа на боксот се држев за едно железо над мене и пак не вриштев,стискав заби и дишев длабоко.Ајде вика д-р на болката што ке ти дојде ке добиеш напон и ке напниш како за по голема нужда без да престанеш и без да земаш воздух.И напнав и излезе моето сонце,мојата керкичка.Се слушаше нејзиниот плач и гласот на сестрите ајде бре девојки што се плашите прворотката прва роди глас не и слушнавме,вие имате родено и вриштите. п.с мој совет е да не вриштите и пиштите за да имате сила да напнување Среќно мамички.Не е ништо страшно само не треда да се прашите.
|
|
|
|