mami2 -> RE: Породилни болки (25.5.2011 10:47:48)
|
Јас со второто се породив со провокации и не е многу поразлично од спонтаното породување, освен што го знаеш денот кога ќе се пораѓаш. Породувањето како процес е контролирано од докторот, тој го води. Започнува со анализи на крв, тоалета, прочистување, прво со вагиналети, потоа со катетер и лежење 3-4 саати, контроли со ЦТГ и мануелни прегледи и породувањето започнува. До овој момент лежев на патолошка, а потоа во претпородилна сала. Инаку во болница отидов во 15-16 ч, во 17 ч започнаа со провокациите, после 22 ч се качив во родилна сала и во 1.45 се роди бебето. Вкупно 8-9 саати, што не е нешто многу повеќе од првото породување кое беше со добивање спонтани болки.
|
|
|
|