Gwendolin -> RE: Еднократни пелени (7.1.2013 19:12:04)
|
[sm=smiley19.gif] Се изнапишав, се изнапишав и ме мрдна бебулево и си исклучив додека си ја прегледував пораката. Ај пак да си прашам сега. Мамички кои пеленки би ми ги препорачале, ама да се еластични позади, на грпчето мислам еластични. Мм случајно видел од Белло пелените и ги зел ради цената (260 ден. за 44 пелени). Ок се, меки, тенки, ама не се еластични позади и ми пропуштаат баш од таму, а сега е поактивна бебушка и ми требаат други, еластични. Ако напишам уште еднаш еластични сигурно ластик за гаќи ќе ми предложите [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. Знам за Памперс, ама барам поефтинки, зашто буџетот (домашниот, не државниот[sm=jezicek.gif]) не дозволува Памперсирање, па нешто да препорачате освен нив. Порано користев Can bebe ( денес дознав дека се читале Џан бебе) ама последен пат земав некое шкарт паковање од 50 и нешто пелени и тоа од Зегин од каде што ги земав стално и ми пропушташе ама буквално секоја пелена и почнуваа да мирисаат веднаш од како [sm=duda.gif] ќе се помочкаше, а не па да требаше да седи саат или два со иста пелена (мин. 10 на ден менував)...А за Хелен Харпер не ми се оди од Ѓорче до Драчево, ако донесат поблиску некаде, би пробала. Ете пак се изнапишав, се извинувам ако трескав глупости (неспиена, кафе непиена), ама битно напишав за шо седнав да пишувам.
|
|
|
|