Andriance -> RE: Педијатар (24.1.2013 9:55:45)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue Смоковска е закон и тешко дека за неа ќе најдеш лоша критика. Работи само од 8 до 13:00 и само приватно и само од пон до петок (порано работеше и секоја прва сабота ама сега веќе не). За преглед зема 600 ден, плус за лекови нели ако ти препише, плус за потврда за здраво дете за градинка мислам 100 или 200 ден и беше тарифата. Во истата ординација работат и Звезда и Маја, тие ваљда се во смени (порано беше Смоковска од сабајле а Маја попладне). Ординацијата е позади нова железничка, кофа одиш по онаа едносмерната улица позади трговскиот Скопјанка што излегува на бул Јане Сандански. Од десна страна некаде на околу 300 метри после Скопјанка ке видиш стари згради и табла Д-р Смоковска тука треба да свртиш десно, пред зградата има детско игралиште. Инаку за Звезда не знам ништо,ама Маја освен што работи кај Смоковска со друго ништо не и е слична на неа. Прво не е педијатар, туку општ лекар, второ нема толку искуство и трето не влева сигурност дека знае што е со детето. Два пати сму ја носела ќерка ми кај неа и двата пати не постави дијагноза и одговорите и беа - што знам, може да е и ова и она. Вториот пат бевме за модро око (ќерка ми легнала да спие и така станала) и таа прво се извади од памет демек шо и е, а после ми дае Тобрекс капки кои после 3 дена ставање не помогнаа воопшто. Кога ја однесов на очен лекар ми кажа дека се работи за механичка повреда на окото настаната од притисок или некој удар, просто кажано модрица и ќе си помине само од себе како било која модрица и дека боже мој антиботски капки нема да помогнат. После таа епизода јас завршив со Маја, а и со со ординацијата на Смоковска. За Смоквска немам никаков лош збор, баш напротив, ама нит можам секогаш да искачам од работа од сабајле, нит за две деца да ги издржам трошците кај неа, нит пак да се возам од Карпош до Аеродром за преглед. ИЗВОРНА ПОРАКА: eli07 Majkicki sakam da go smenam pedijatarot pa da cujam vase mislenje za ordinacijata na Dr. Smokovska.Slusnav deka ona raboti samo privatno,a drugi dve doktorki nejzina skola navodno rabotele so plavi kartoni.Kakvi iskustva imate so niv (posto ne mi se plaka privatno) i kade tocno im se naogja ordinacijata.Dali se zaedno so Smokovska?Thank you [sm=smiley1.gif] Ова го потврдувам и јас. Нас ни е матична Маја, ама само на папир и само кога Нада не беше тука. И ништо не ми заврши работа. и ја се откажувам од неа, затоа гледам секогаш да идам кога е Звезда на смена ако ми е итно. Исто така, и ја сум била внтаре кај Нада кога била и Маја ( инаку седи за да учи од Нада) и мислам дека само механички седеше таму. За Нада, нема доволно зборови да се опише прво нејзиниот пристап како доктор кон децата и нас родителите, потоа нејзината стручност и посветеност. Точно, си плаќаш приватно ( мене ми зема 500 зашто имаме матичен тука) ама имаш бре на располагање цел час. Добиваш одговор на сите прашања, а некогаш лекувањето може да пројде и по телефон (она го знае мој А и јас еднаш имав и таков случај одкако ми препишаа антибиотик да ја барам неа на домашен)! Не знам. ја сеуште не сум нашла друг доктор на кој може да му верувам, а бидејќи Нада кај и да е ќе се повлече мислам дека би отишла кај Набил по она што го слушам и читам за него.
|
|
|
|