blue_blue -> RE: Педијатар (5.4.2011 0:34:43)
|
Јас децава ги носев кај Смоковска се додека не тргнаа во градинка. Секоја чест за Смоковска навистина е топ! Меѓутоа, она сега се пензионираше а и кога работеше работеше само до 14:00, а сега знам дека работи само со закажување (ако сака да ти закаже, т.е. ако ти се јави на телефон) и тоа пак само до 14:00. Никогаш не беше достапна на телефон, освен нели ако го набавиш нејзиниот мобилен па и доаѓаш. Не работи со плави картони, а преглед е 600 денарим плус лекарствата, па ако случајно ви треба упат за клуника или било кој специјалист неможе да го добиете зошто жената не работи со сини картони. Кога ми требаше потврда дека после болеста децата се здрави и може да тргнат во градинка потврдата ми ја наплати 100 денари по дете. Сето тоа мене ми беше скапа забава, плус нејзината недостапност, плус фактот што за секој преглед на дете мора да излегувам од работа и да возам низ цел град за да дојдам до неа (живеам во Карпош, а неа ординацијата и е позади Железничка). Затоа кога ми тргнаа децата во градинка ги преместив кај Д-р Радица Маџоска во поликлинка Ѓорче Петров. Нејзината ординација е средена, приватна е, ама има слкучено договор со фондот. Значи никогаш не плаќам за преглед, а има и договор со Авицена. Работи во две смени (една недела е сабајле една попладне), втора смена е на работа до 19:30. Нејзиниот моб телефон е истакнат во ординацијата и можеш секогаш да и се јавиш. Сум и се јавувала и во недела во 7 вечер. Кога беше Аника болна ептен со температура она ми се јавуваше секој ден да праша како е и ми кажуваше штоп следно. Мене ова многу ми значи зошто кога дете ми е болно сакам да знам дека имам во секое време доктор да го контактирам. Исто така антибиотици не препишува како бомбони, односно како доктор е иста како Смоковска. Единствен проблем е што има многу гужва, ама на пример во среда кога е втора смена скоро никад нема гужва околу 19:00...
|
|
|
|