Еца -> Страбизам кај детето (7.6.2009 14:20:44)
|
Кривење на очите или страбизам е чест проблем, може да се јави од најрана возраст, а може да биде присутен и од раѓање. Во повеќето од случаите страбизмот се јавува и подоцна, во првите години од животот на детето. Ако родителите забележат кривење на очите, веднаш треба да консултираат очен лекар, а со рутински преглед во третата година од животот може да откријат одредени проблеми, па со навремено решавање ќе се превенира појавате на страбизам. Причините за појава на страбизам може да бидат поради нарушување во најраната фаза од развојот на очите - интраутерино, одредени нарушувања или слабост во подоцнежниот период по раѓањето, но и во првите години од животот.Колку порано се открие проблемот со очите, можноста за да се реши е поголема. Тоа е така бидејќи до петтата година од животот на детето сите очни рефлекси и механизми се во фаза на пластицитет (променливост), па можат и полесно да бидат променети кон подобро. Подоцна можностите се поограничени. Затоа се дава големо значење на раното откривање на евентуален проблем. Дали за време на бременоста мајките треба да внимаваат на нешто посебно за да не се одрази тоа врз видот на детето? - Најважни се првите три месеци кога се оформуваат сите органи, па и очите. За каква било терапија во тој период, жената мора да се консултира со својот гинеколог. Некои вирусни инфекции во тој период можат да влијаат негативно на развојот на очите како, на пример, рубеолата. ( д-р Бојан Стојановски) Дали некој имал ваков проблем, како се справувате со него и колку е сето ова тешко за детето и родителот?
|
|
|
|