Cipi Ripi -> RE: Страбизам кај детето (16.10.2012 21:57:08)
|
Здраво иван44е. Ако мислиш на болницата што е во Ѓорче 2 до Свети Лазар, јас слушнав многу пофалби. Завчера кај мене беа 2 другарки, 2 сестри од кои едната била таму прошлата недела. Ја испофали болницата и персоналот, и беше многу среќна што конечно и е одреден точен диоптер и што конечно си добила добар третман, бидејќи подолго време не можела да си го реши проблемот со очите, а била на повеќе места за консултација. Се решила таму да отиде, и покрај многу скапиот преглед, откако дете на колега на татко и го однеле таму со диоптер 9,50 и од болницата го пратиле во Турција на операција и детето е вратено без диоптер, значи до толку му го вратиле видот! Значи тоа е поголем диоптер и од твоето дете. Поздрав, се надевам ти помогнав.
|
|
|
|