vezilka RR -> RE: Страбизам кај детето (21.3.2013 14:11:47)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: temjanuska75 ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage ИЗВОРНА ПОРАКА: temjanuska75 Дали некој знае колку чини преглед за дете во турската болница. Сакам М. да го носам таму, едното окце понекогаш како да му се криви, а во последно време навечер како да подзамижува со очите, односно се напрега кога гледа и ги трља со рацете, па малку сум загрижена. Ако некој има инфо нека пише. Vo Evropskata Ocna Bolnica pregled cini 1200 cenari. Mene licno ne mi se dopadna momentot sto te pregleduvaat doktorki premladi bez iskustvo. Toa mozes da si poglednes i na web site-ot koi se doktorkite... Drugo ako tie doktorki vidat poseriozen slucaj sto ne mozat da go resat togas doagja doktor od Turcija. Nekoj da se uci na moe zdravje spored moj kriterium ne fala. Za pomalku pari te za 750 denari si zakazav vo Sistina kaj uskusen lekar cija biografija ja znam od mnogu odamna te od pred skoro 20 godini. Го однесов М на преглед во европската очна болница и како што пиша dostickage докторите се премлади. Прво прегледот на мало дете беше катастрофа, мислам плачки, несакаше да седне на апаратот, а капките кога му ги ставија уште полошо. Ова ми кажаа се очекува од две годишно дете ( па тогаш си викам што закажувате прегледи, кога реално детето не соработува). Не можеа точно да го прегедаат зошто нормално не сакаше да ги кажува формите што му ги покажуваат дали ги гледа, прво дете во ординација збунето, второ и не зборува добро за да каже, мене насамо ќе ми каже, на докторката не. Јас го однесов за страбизмот, а тие ми кажаа дека е незначителен, а му утврдија астигматизам и диоптрија од +6 и +5, му препишаа наочари со +3 диоптер. Цела сум во прашалници, не сум приметила дека М до толку не гледа, ние никој немаме проблеми со видот ( од кај мене носат татко ми и сестрами, ама татко ми е човек во години а сестра ми за одмарање, а од кај мм никој). Докторката ништо не ми објасни, само ми рече наочари и контрола за два месеци. Мислам за 1200 преглед однос катастрофа. Сега сакам да го однесам кај друг доктор за да се потврди диоптерот ( дали е навистина правилно одреден). Ама после ова стварно незнам каде. Може ли некоја мамичка што има сличен проблем да ми помогне со препорака на офтамолог-педијатар или слично. Ви благодарам однапред Јас очна ординација ја препорачувам Зенит, д-р Брижита. Има многу современа апаратура. Жената е супер и вреди да се појде, барем на второ мислење. Мене ме опраи жената. Јас имам стробизам, и носам диоптер со цилиндар. Се додека не отидов кај неа, секоја контрола ми се зголемуваше диоптерот заради лошо измерен агол на закривување, односно погрешен цилиндер. Еве веќе 7 година одам кај неа и диоптерот и цилиндерот ми нема мрднато.
|
|
|
|