Страбизам кај детето (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Еца -> Страбизам кај детето (7.6.2009 14:20:44)

Кривење на очите или страбизам е чест проблем, може да се јави од најрана возраст, а може да биде присутен и од раѓање. Во повеќето од случаите страбизмот се јавува и подоцна, во првите години од животот на детето. Ако родителите забележат кривење на очите, веднаш треба да консултираат очен лекар, а со рутински преглед во третата година од животот може да откријат одредени проблеми, па со навремено решавање ќе се превенира појавате на страбизам. Причините за појава на страбизам може да бидат поради нарушување во најраната фаза од развојот на очите - интраутерино, одредени нарушувања или слабост во подоцнежниот период по раѓањето, но и во првите години од животот.Колку порано се открие проблемот со очите, можноста за да се реши е поголема. Тоа е така бидејќи до петтата година од животот на детето сите очни рефлекси и механизми се во фаза на пластицитет (променливост), па можат и полесно да бидат променети кон подобро. Подоцна можностите се поограничени. Затоа се дава големо значење на раното откривање на евентуален проблем.

Дали за време на бременоста мајките треба да внимаваат на нешто посебно за да не се одрази тоа врз видот на детето?
- Најважни се првите три месеци кога се оформуваат сите органи, па и очите. За каква било терапија во тој период, жената мора да се консултира со својот гинеколог. Некои вирусни инфекции во тој период можат да влијаат негативно на развојот на очите како, на пример, рубеолата. ( д-р Бојан Стојановски)

Дали некој имал ваков проблем, како се справувате со него и колку е сето ова тешко за детето и родителот?




Палешка РР -> RE: Страбизам кај детето (7.6.2009 14:43:12)

Мислам дека страбизмот се јавува кај 70 % од малите деца, и не мора да е поврзан со некакви заболувања во бременоста.
На Марио обавезно му се закривуваа зениците при повисока телесна температура, исто и мене кога сум била мала. Го носев и на очен лекар, кој ми го потврди истото. Тоа траеше некаде до 5 години, после немавме такви проблеми.
Е сега поинаку е ако се работи за вроден страбизам. Но и тоа се корегира со наочари. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




natasha -> RE: Страбизам кај детето (7.6.2009 16:55:31)

za vreme na bremenosta ne moze da se javi strabizam kaj plodot.Vrodeniot strabizam se nasleduva ili pak stanuva zbor za komplikacii pri raganje,na pr.vnatresno krvarenje ili pak doziveana trauma pri raganjeto.znaci ova se edni od pricinite koi dovedoo do strabizam kaj moeto 3.5god since.Do prvata god od zivotot normalno e krivenje na ocite,bidejki seuste deteto e vorazvoj,ako prodolzi ponataka togas stanuva zbor za problem narecen strabizam koj se leci so pomos na zatvaranje na zdravoto oko i nosenje na ocila.Procesot e dolg i makotrpen i za roditelot i za deteto,osbeno ako se raboti za pomalo dete.Se pravat analizi zosto,kako na koj nacin nastanal,kolkav e agolot na iskrivuvanje kako i snimaka na glavata,za da se otfrli postoenjeto na epilepsijata.Kaj nekoi deca strabizmot postoi i na dvete oci,ili e nasledno ili pak podocna se otkriva pa postoi moznost za operacija koja ne doveduva do nekoj pogolem rezultat vo odredeni slucaevi.Strabizmot ne smee da se zanemaruva i da se ostava na cekanje,bidejki moze da dovede do namaluvanje na viot pa i negovo gubenje.                                       SOVET>Istrajnost i upornost od strana na roditelite,prifakanje na problemot i doblizuvanje na istiot na samite deca,nagraduvanje i pofalbi.Procesot na ozdravuvanje e dolgotraen trae i do 5god.pa zatoa roditeli informirajte se na vreme,prifatete ja realnosta i so pomos na strucno lice,vklucuvajki go i psihologot pomognetemu na svoeto dete navreme da go resi svojot problem,zatoa sto koga ke porasne da nema kompleksi.




Еца -> RE: Страбизам кај детето (7.6.2009 17:11:44)

Наташа ти благодарам за овој одговор и навистина ми е криво што понекогаш неодговорноста на докторите ја плаќаме ние родителите, а страдаат најмногу децата.Да се надеваме дека 'проблемот кај твоето синче ќе се реши и нема да остави никакви последици, а сите кои имаат ваков или сличен проблем нека го послушаат твојот совет и нека им помогнат на своите дечиња да научат да живеат со секој проблем, па и со својот.




natasha -> RE: Страбизам кај детето (9.6.2009 15:24:44)

za site oni roditeli koi go imaat ovoj problem im ja predlagam slednava strana www.eyecanlearn.com kade sto so pomos na vezbi ke se postignat odlicni rezultati[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Mamicka3 -> RE: Страбизам кај детето (11.9.2009 18:47:17)

Дури сега ја видов темава па сакам и јас да се приклучам во дискусијата.Ние на Марио страбизмот му го откривме на 2,5 години.Отогаш го носиме на лекар во државна.Од почетокот велеа дека нема потрба од вежби дека тоа ќе се среди со носење на наочари.детето носеше нон стоп наочари иако се противеше на тоа зошто беше сеуште мал но ние не попуштавме.На 5 год почна да го губи видот и тогаш ни рекоја дека треба да правиме вежби со лепење. Еден ден го лепевме едното стакло ,другиот ден другото и докторката ни рече детето никако ни пред компјутер ни пред телевизор.Така ние слушајќи ја нејзе си го казнивме детето,е потоа дојде до диоптер +3.5 на левото и +5.5 на десното око.Да ви кажам искрено веќе немавме никаква надеж за да се излекува а и докторката веќе не го прегледуваше.Пред 1.5 година дознавме за докторка што иде од Холандија и тука работи по 2недели претежно со страбизам и слабовидност.Кога го однесовме и го виде и и ја кажавме целата историја просто се изненади од нашиве специјалисти.Го прегледа и ни кажа дека само болното око треба да се лепи по 4-5 саати на ден и колку што може за тие саати да биде пред компјутер,зошто најубави вежби биле игрите.Сега страбизмот му е подобрен за 70%, а видот му се подобри +2.5 левото и +4.5 на десното око.Но сепак не се откажуваме и продолжуваме понатака со вежбите.




milijana -> RE: Страбизам кај детето (11.9.2009 21:00:14)

позз на сите..имам братучеда која има синче со овој проблем и тие му го лепеа окото на детето..де едното де другото и тоа по цели денови..еве сега е веке 4 год..каде да се обратат..ако знае некој нека писе да им казам..Ако знаете за некој стручен човек..пишете ми..Знам колку и е тешко..тие дури ни во градинка не го носеа..нормално..не им се мешам за тоа..ама за некој специјалист..би им кажала..луге сме нели???Позз




natasha -> RE: Страбизам кај детето (11.9.2009 21:27:23)

jas moeto since go nosam vo Kumanovo kaj dr.Marjan ne deka tuka nema dr vo Skopje,no dodeka se askavme vo drzavna se poveke stanuvase ocigleden strabizmot,koj moze da se izleci samo so nosenje na naocari i so zatvaranje na zdravoto oko,za da moze bolnoto oko da nauci deka treba i toa da bide vkluceno vo gledanjeto,ako navreme ne pocne a se tretira togas doaga do gubenje na vidot,pa i operacii koi ne vetuvaat nisto barem vo pogolem br slucaevi,pa eve Mlijana ova e br na mojot dr od koj sum navistina zadovolna i od koj sto kaj moeto dete ima znacitelni rezultati 031425808-se odi so zakazuvanje.
Site onie roditeli koi imaat vakov problem neka go voocat navreme i neka bide tretirano na vreme,zatoa sto posledicite se golemi






milijana -> RE: Страбизам кај детето (11.9.2009 21:32:06)

Фала многу за одговорот..ке се потрудам да ја доставам информацијата..тие се родтели..па сега на нив останува, нели?? Макар што крвта вода не бидува..први братучеди сме..ме боли нејзината болка. Позз на сите и се најдобро во борбата..да се надеваме на успех кај сите дечиња..сите..позз




sarkovska -> RE: Страбизам кај детето (3.5.2010 14:08:37)

здраво
ми треба вашата помош.
мојата ќеркичка има година и пол и пред некој ден доктурката ми рече да ја однесам на очно и биле малку искривени очите.
на очно ми кажаа дека се уште е мала и носето и е малку пошироко, како што ќе расне ќе и се средуваат очите. ми дадоа капки за ширење на зеницата, кои ќе треба да и ги ставам секој ден по две една недела, па тогаш пак да ја однесам. од овие капки ми рекоа дека ќе и се намали видот да ја пазиме повеќе. Многу сум уплашена, ништо друго не ми кажуваат, а немам верба во нашиве лекари во тетово. кажете ми што да направам.




riba79 -> RE: Страбизам кај детето (3.5.2010 14:24:54)

Ako se somnevas najdobro odnesi ja malata na klinika kaj nekoj dobar ocen lekar ili pak mozes da ja odneses po privatnive ocni ordinacii kako oftalmos,vizija i nekoi drugi.najdobro e da se dobie i sovet od drug lekar.vi posakuvam stp poskoro da go resite vasiot problem i pozdrav




ripce -> RE: Страбизам кај детето (3.5.2010 15:00:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sarkovska

здраво
ми треба вашата помош.
мојата ќеркичка има година и пол и пред некој ден доктурката ми рече да ја однесам на очно и биле малку искривени очите.
на очно ми кажаа дека се уште е мала и носето и е малку пошироко, како што ќе расне ќе и се средуваат очите. ми дадоа капки за ширење на зеницата, кои ќе треба да и ги ставам секој ден по две една недела, па тогаш пак да ја однесам. од овие капки ми рекоа дека ќе и се намали видот да ја пазиме повеќе. Многу сум уплашена, ништо друго не ми кажуваат, а немам верба во нашиве лекари во тетово. кажете ми што да направам.


Не сакам да те осудувам ни тебе, ни да ја доведувам стручноста на некој лекар, само како така не сте доволно информирани, од друга страна д-р не ви објаснил како што, а ставате некои капки, за кои велиш ќе и се намалил видот[sm=zmeden.gif] Мој совет е барање на детално објаснување од страна на д-р за состојбата на вашето дете, каква е таа терапија, што како може да очекувате во иднина... ако изостане објаснувањето, ако се сомневате во објаснувањето, под итно консултација со друг д-р, моја препорака лекар специјалист за кој постои мислење кај поранешни или сегашни пациенти дека си ја знае работата!




Viktori -> RE: Страбизам кај детето (3.5.2010 23:44:57)

рипче, најверојатно се работи за атропин капки, ја шират зеницата и навистина видот најверојатно е заматен додека се капнуваат и смеат да се користат само еднаш годишно. При страбизам ако додека се примаат капките очите се прави, тоа е знак дека операција не е потребна. (барем нас така ни кажаа)

Ќерка ми има/нема страбизам. Некогаш и е право окото, некогаш го криви, ама како расте се контролира и сама го враќа на место. Онака со поглед ќе заврти круг и окото и е на место. Последниот пат кога бевме на преглед кај Антонела може 45 минути окото и беше право. Затоа и не се нафаќам на операција. Инаку и не е баш страизам, затоа што она нема око исфрлено од употреба, туку само на моменти и се вовлекува накај носот.




Viktori -> RE: Страбизам кај детето (3.5.2010 23:46:59)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sarkovska

здраво
ми треба вашата помош.
мојата ќеркичка има година и пол и пред некој ден доктурката ми рече да ја однесам на очно и биле малку искривени очите.
на очно ми кажаа дека се уште е мала и носето и е малку пошироко, како што ќе расне ќе и се средуваат очите. ми дадоа капки за ширење на зеницата, кои ќе треба да и ги ставам секој ден по две една недела, па тогаш пак да ја однесам. од овие капки ми рекоа дека ќе и се намали видот да ја пазиме повеќе. Многу сум уплашена, ништо друго не ми кажуваат, а немам верба во нашиве лекари во тетово. кажете ми што да направам.


ако сакаш ќе ти пишам телефончиња од докторите што ги знам. Прекрасни се и имаат контакти со хирурзи, строго со препорака. Ако не е ништо, ти кажуваат дека не е, не те мачат за пари [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




ananikol -> RE: Страбизам кај детето (4.5.2010 18:23:26)

Mnogu gresni informacii procitav ovde vo vrska so strbizmot...
Megutoa da ne repliciram ....
Eve vaka...
kapkite se davaat za prosiruvanje na zenicite i ispituvanje na kvalitetot na vidot.Ima ili nema +,-
operacijata uspesno go odstranuva strbizmot
i uste nesto... strbizam e poremetuvanje na ocnite muskuli koi kako sto rekov uspesno se reguliraat so operacija zavisno za koj muskuli stanuva zbor za vnatresni iili nadvoresni( se misli na vnatresen del od okoto - kon noseto i nadvoresen -prema jagodicite)




sarkovska -> RE: Страбизам кај детето (11.5.2010 18:41:40)

фала ви за информациите. сакам да ја однесам малечката во Скопје, ако може да ми препорачете некој. Виктори може да ми пратиш број на msarkovska@yahoo.com




martinata -> RE: Страбизам кај детето (2.10.2010 10:19:01)

maliot moj ima strabizam, koj mu se pojavi na dve godini... go lekuvam kaj dr.antonela ljubicic...znaci  mu se odredi diopter, mu go zatvaram okceto po eden saat dnevno i  voglavno taka go lekuvame... so nosenje na naocarite ucite mu stojat pravi i se ceka do pubertet za navodno( mozno)  ispravuvanje na okceto......planiram denovive da go nosam vo bugarija , a bi me interesiral i  kontakt so specijalistot sto doaga od holandija....pozdrav do site zenki:)




beki RR -> RE: Страбизам кај детето (2.10.2010 11:45:44)

Ана имаше страбизам.Колку ми е убаво кога ќе речам имаше. Не сме користеле ништо друго освен АБР терапијата.Се изненадив кога престанав да го приметувам.




Sarah -> RE: Страбизам кај детето (2.10.2010 11:59:12)

maliot moj ima strabizam, koj mu se pojavi na dve godini... go lekuvam kaj dr.antonela ljubicic...znaci  mu se odredi diopter, mu go zatvaram okceto po eden saat dnevno i  voglavno taka go lekuvame... so nosenje na naocarite ucite mu stojat pravi i se ceka do pubertet za navodno( mozno)  ispravuvanje na okceto......planiram denovive da go nosam vo bugarija , a bi me interesiral i  kontakt so specijalistot sto doaga od holandija....pozdrav do site zenki:)




Martinata, ako zborime za istata zena sto doaga od holandija, togas mozes slobodno da se javis vo oftalmos i oni ke ti kazat koga planira da dojde za da mozes da si zakazes. Jas deteto moe go nosev kaj nea. I zadovolna sum. Pozdav i pobrzo ozdravuvanje na okceto




baby mama -> RE: Страбизам кај детето (2.10.2010 22:43:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: martinata

maliot moj ima strabizam, koj mu se pojavi na dve godini... go lekuvam kaj dr.antonela ljubicic...znaci  mu se odredi diopter, mu go zatvaram okceto po eden saat dnevno i  voglavno taka go lekuvame... so nosenje na naocarite ucite mu stojat pravi i se ceka do pubertet za navodno( mozno)  ispravuvanje na okceto......planiram denovive da go nosam vo bugarija , a bi me interesiral i  kontakt so specijalistot sto doaga od holandija....pozdrav do site zenki:)



Na dever mi maleckata imase strabizam, i nekade isto taka nakaj 2 godini imase mislam. Probaa tuka kaj mnogu doktori, isto nosese naocarcinja, pa okceto i bese zatvoreno, vezbi itn. Na devojcevo ovie raboti ne i pomognaa, i ja nosea na operacija vo Bugarija. Uspesno pomina operacijata i zadovolni bea i od doktorite. Eve vekje kje pomine 1 godina i se e ok. Daj Boze taka i da ostane.

Vi posakuvam i kaj Vas da uspee martinata [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




baby mama -> RE: Страбизам кај детето (2.10.2010 22:44:45)

Zaboraviv da kazam sega samo sto napolni 6 godini maleckata :) 




martinata -> RE: Страбизам кај детето (5.10.2010 18:50:51)

blagodarime za informacijata:)   pozdrav i bidete dobri:)




martinata -> RE: Страбизам кај детето (5.10.2010 18:53:12)

navodno  za negoviot vid na strabizam ne bilo potrebna operacija , no  sepak mene me interesiraat poveeeke mislenja... bravo za maleckata!! neka e ziva i zdrava i najsrekna na cel svet!:)




anedespo -> RE: Страбизам кај детето (6.10.2010 9:50:09)

На моето самите му сеисправија со тек на време




MERUSHKA -> RE: Страбизам кај детето (14.8.2011 16:21:54)

Мојата ќерка има 5 год.Левото око на моменти и бега нанадвор,на лево.Препорачајте ми некој добар доктор,ако имате искуство со овој проблем[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>