LoveableMe RR -> RE: Сурогат - мајка !?! (25.3.2016 15:21:22)
|
"МАЈКА ЌЕ И' РОДИ БЕБЕ НА СВОЈАТА ЌЕРКА Родена мајка и најдобра другарка се првите две жени во Македонија кои ќе го пробиваат мразот во заживувањето на сурогат мајчинството, кое кај нас се озакони пред повеќе од една година. Лекарите велат дека тоа се исклучително хумани жени кои решиле чисто од алтруистички причини да им помогнат на своите блиски да добијат потомство. Ова се неофицијални податоци до кои дојде „Утрински весник“, а кои не сакаат ни да ги демантираат ни да ги потврдат од Министерството за здравство. Од гинеколошки кругови неофицијално се дознава дека кај едниот брачен пар во улогата на сурогат мајка ќе биде практично родителот на сопругата, која иако е во средни години, сепак го исполнува законското ограничување од 50 години и ќе го роди бебето за својата млада ќерка. Кај вториот случај, неофицијални извори велат дека не станува збор за роднински врски меѓу парот и гестацискиот носител, туку сурогат мајка планира да биде најдобра другарка на жената. Двата брачни пара и идните сурогат мајки најдоцна идната недела треба да потпишат договор, по што ќе почнат со подготовките за медицинска постапка за биомедицинско оплодување, што во двата случаи ќе биде со сопствени јајце-клетки. Ако постапките се одвиваат без проблеми, првите бебиња од сурогат мајки може да се очекуваат идната година. Заинтересираноста на брачните парови да добијат дете со помош на сурогат мајчинство е голем, велат надлежните. Досега над 30 парови побарале информации за почнување на постапката. Но, за разлика од нив, бројот на пријавени кандидати за сурогат мајки е скромен. Такво нешто досега побарале четири жени. Две од нив биле одбиени со објаснување дека не ги исполнуваат законските критериуми, велат од Министерството за здравство и негираат дека на жените не им било дозволено да бидат сурогат мајки бидејќи се насетило дека овој чин го прават од материјални причини. „Како што брачните парови минуваат низ многубројни испитувања, така и кандидатите за сурогат мајки подлежат на сеопфатни анализи, од тоа колку се здравствено способни до тоа дали имале проблем со родителското право или, пак, со душевното здравје. Комисиите кои имаат и психијатри и психолози посебно се внимателни на профилот на овие личности, земајќи ги предвид и нивните желби и мотиви за сурогат мајки“, вели д-р Тања Васиќ-Бозаџиева, советник во Министерството за здравство. Двете исклучително хумани жени се показател дека овој концепт веќе заживува и има реални услови добро да функционира. Затоа, од Министерството за здравство апелираат и ги охрабруваат да се пријават сите жени кои сакаат од хумани и солидарни побуди да помогнат на некоја брачна двојка да создаде свое потомство. Со сурогат-мајчинство најмногу две деца Сурогат мајка може да бидат жени од 25 години до 50 години, кои имаат родено барем едно дете и се македонски државјани. Брачните двојки имаат право на овој начин да добијат две деца, а сурогат мајка може да се биде само еднаш. Ова право им следува на брачни двојки не само онаму каде што жената нема или има оштетена матка, туку и на оние без јајници или со оштетени јајници, што подразбира донирана јајце-клетка. Исто така, и за маж кој има стерилитет, како и за брачни парови кои три пати правеле ин витро. Сурогат мајката или брачната двојка согласноста можат да ја повлечат најдоцна два дена пред почетокот на оплодувањето. Во текот на бременоста, брачниот пар на сурогат мајката ќе треба да и' обезбедува соодветна храна, нега и вежби, во износ кој не може да го надмине лимитот на една просечна плата во Македонија. Во текот на бременоста и по породувањето, сурогат мајката може да добие подарок вреден најмногу 100 евра." Извор: Утрински весник
|
|
|
|