|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Детски колички
29.4.2015 14:14:59   
Hopeful RR
Стигна количката, едно гајле помалце user posted image Близнаците, здравје, ќе се возат во Чиполино Твикс, слика во прилог user posted image

Ја нарачав од Андреј Компани вчера, денес ја испорачаа со брза пошта, 16.250 ден., и сум презадоволна - многу е добро направена, алуминиумска, со големи тркала, соодветна за новороденчиња, лесна за склопување, супер се вози и бојата (атмосфера) е топ! Е сега малце е тешкичка, ама сите близначки се, ама барем е доволно комотна и голема и за кога ќе пораснат.

Чадорче не нарачав, тек сега видов дека рачката не се врти, ама ќе земам од тука, а плус настрешниците се огромни, може и нема да има потреба. Мрежа за комарци ќе побарам тука, се надевам ќе најдам дупла, ако не ќе импровизирам нешто сама, ќе шие мајка ми user posted image

user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 401
   RE: Детски колички
29.4.2015 17:10:19   
Kvisko
Ептен ви е убава. Со здравје да се возите.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 402
   RE: Детски колички
29.4.2015 23:16:23   
lukajana RR
Hopeful rr многу ми се допаѓа ,ке уживаат бебушките во неа

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 403
   RE: Детски колички
29.4.2015 23:55:26   
Melanija RR
Hopeful RR супер избор user posted image убави шеткања да иматеuser posted image user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 404
   RE: Детски колички
30.4.2015 0:04:14   
Snowhite RR
Пρеубава е κоличκата со здρавје да си ја

возите


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 405
   RE: Детски колички
30.4.2015 0:06:09   
Hopeful RR
Фала ви девојки, се надевам ќе биде максимално искористена user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 406
   RE: Детски колички
30.4.2015 7:33:21   
Malecka23
Preubava vi e kolickata.So zdravje da si ja vozite.Inaku na Cipolino se sto sum zemala sum epten zadovolna taka da mislam deka super izbor za kvalitet si napravila

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 407
   RE: Детски колички
9.7.2015 23:39:26   
fresh
Мамички може ли некоја од вас да ми каже по која цена се движат летните колички во џамбо? Многу ми е важно да е лесна и да се подесува за во лежечка позиција, бидејќи бебуш уште не седи па затоа

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 408
   RE: Детски колички
14.7.2015 17:00:28   
fresh

ИЗВОРНА ПОРАКА: fresh

Мамички може ли некоја од вас да ми каже по која цена се движат летните колички во џамбо? Многу ми е важно да е лесна и да се подесува за во лежечка позиција, бидејќи бебуш уште не седи па затоа


(Одговор на членот fresh)
Непосредна врска до пораките: 409
   RE: Детски колички
15.7.2015 9:50:20   
sandriana RR
fresh,
најобичните летни колички се околу 1200 денари во Џамбо, но немаат опции за подесување на нивоа, односно за лежечка позиција.
За други варијанти не сум запознаена, но мислам дека воопшто летните колички со чадор систем немаат опција за спуштање.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот fresh)
Непосредна врска до пораките: 410
   RE: Детски колички
15.7.2015 12:21:46   
fresh
Sandriana моја пријателка купи количка од џамбо пред околу 2 години, ја купила 1200 ден со лежечка позиција. Сепак тоа беше пред две години затоа сакав да прашам дали сега имаат такви и многу ми е важно да е лесна бидејќи живеам во зграда. Сепак ти благодарам

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 411
   RE: Детски колички
15.7.2015 17:23:03   
nataly86
Од Jumbo не се спуштаат и воопшто не се квалитетни...Јас бидејки со близначтата никаде не не бери а ни во кола не ни ја собира си купив две летни колички од Бертони намалени до 4600 на 2800 денари..супер конструкција со стреа и со неколку позиции на спуштање.. задоволна сум за парите супер си се количките

(Одговор на членот fresh)
Непосредна врска до пораките: 412
   RE: Детски колички
15.7.2015 17:34:07   
Hopeful RR
Баш го мислев ова... близначка летна количка нема, така? Како се снаоѓаш со две поединечни, Nataly86? Секој бутка по една?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 413
   RE: Детски колички
16.7.2015 2:07:58   
fresh

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Од Jumbo не се спуштаат и воопшто не се квалитетни...Јас бидејки со близначтата никаде не не бери а ни во кола не ни ја собира си купив две летни колички од Бертони намалени до 4600 на 2800 денари..супер конструкција со стреа и со неколку позиции на спуштање.. задоволна сум за парите супер си се количките

Можеш ли да ми кажеш дали во скоро време ги купи и како можам да нарачам преку интернет, дали вршат достава и сл.

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 414
   RE: Детски колички
16.7.2015 12:42:17   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Баш го мислев ова... близначка летна количка нема, така? Како се снаоѓаш со две поединечни, Nataly86? Секој бутка по една?


Има држачи кои гио прицврстуваат двете колички една за друга. Не знам од каде се купуваат, ги видов кај ени комшии. Ако ги начекам ќе ги прашам. Значи количките се обични, само со тој држач се прицврстени.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 415
   RE: Детски колички
16.7.2015 12:53:19   
kokicekokice
Dali znaete dali se prodavaat i kade univerzalni dodatoci za kolicka kako-drzac za chasha za majkata,drzac za mobilen?

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 416
   RE: Детски колички
16.7.2015 13:11:24   
vezilka RR
Кokicekokice постот го префрлив тука за побрзо да добиеш одговор.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот kokicekokice)
Непосредна врска до пораките: 417
   RE: Детски колички
14.10.2015 15:48:30   
Kvisko
Искусни мамички ми треба помош во одлучување каква количка да купам. Нешто ми се свртело дека сакам да има опција за вртење на седиштето кон мене заради интеракција со бебето додека се вози. Е сега од она што го гледам околу мене има различни опции и има и такви опции. рабоатат е дали ми треба таа специјалната корпа за бебе или не. Терминот ми е во Јануари па нешто се соменавам дека многу ќе шетаме на почеток ама па можеби и да се покаже како добра опција за шетање со заштита од ветер и како потопло од седиштето за количка. Дали реално ми треба/дали некој имал таква. Другото е дали да земам количка со поголеми тркала. Мене се некако натаму ме тера умот со оглед на дупкавиве улици и тротоари ама не сум баш сигурна заради тежината на таквите колички. Не сум отишла уште да разгледувам некако рано ми се гледа ама од она што го гелдам како опции по градов се прашувам што и како ми треба.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 418
   RE: Детски колички
14.10.2015 23:51:36   
lukajana RR
Kvisko опцијата да се врти седиштето ти е добра и за заштита од сонце за да не купуваш чадорче ,а за корпа зависи јас за двете купив нови корпи дека едната сина другата црвена и ги употребив за да ги земеме од болница и во првиот месец да ги носам на ортопед и педијатар иначе не се искористува многу освен ако не купиш од тие корпи што се со опција корпа и релаксатор па така да го искористиш

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 419
   RE: Детски колички
15.10.2015 8:30:22   
tincule
Ние земавме количка со транспортер релаксатор што се местеше на количката додека е помала за да биде свртена накај мене да ја гледам инаку седиштето е фиксно. Транспоретрот го користев скоро ич од причини што мојава женска некако како тесен да и беше па не сакаше во него да седи. А количката душата и ја извадивме. Во секој случај подобра опција мислам дека е да може страната да се менува зашто кога се помали сакаш да е свртена накај тебе да ја гледаш а после сама ќе бара да се сврти да може оно да гледа user posted image .А оние со корпа јас не сакав од причина што многу кратко време ќе го користиш за џабе пошто бебчо брзо расте user posted image Ама сепак е знак прашање на вкус.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 420
   RE: Детски колички
15.10.2015 11:15:11   
Hopeful RR
Најдобро е количка што се врти, да, со нејзин транспортер. Корпа не ти треба - од болница не те ни пуштаат без транспортер, така што корпата за џабе, барем според мене.

Во однос на тркалата - и јас сакав големи од истата причина, и задоволна сум. Додуша моите се пластични големи, не онакви што се пумпаат, макар што тие се најдобри за дупки и нерамнини, но потешки за одржување, знаат да се дупнат и треба да се пумпаат. Јас немам проблем со скопските улици од аспект на дупки, само од аспект на простор - мојата дека дупла, често пати не ја собира, но тоа е друга мака user posted image За тешка - мојата секако е тешка, но не ради тркалата, туку ради целата конструкција. Провери конкретни модели, не се сите со големи тркала тешки.

И уште нешто - би те советувала да не трошиш многу пари на скапа количка. Да, изгледа каде каде поубаво, има функции, ама сите колички се уништуваат одма, и за година дена ќе видиш дека џабе парите. Најди некој просек и не се замарај многу user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 421
   RE: Детски колички
15.10.2015 11:34:18   
bucko mal
I jas ke kazam ne za korpa. Koga veke ke koristish transporter, korpana ic ne ti treba. Barem za mene najkorisno nesto e transporter.

Kolichki gledam so malechi tri trkala mnogu ubavi, funkcionalni I lesni. Jas imam so golemi trkala, so site potrebni dodatoci. Ne e koj znae koja marka ama epten se pokaza. I posle tri godini koristenje kako nova e ama ima edna mana, mnogu e teshka I golema.
user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 422
   RE: Детски колички
15.10.2015 12:33:11   
Kvisko
Фала ви на сите на одговорите. За корпата и јас го имав истото некое чувство ама ај си викам да си прапам зашто некако низ град многу ми се видоа мајки со децата во корпи па си викам да не нешто ептен тоа топ работа. Штом не е да не се замарам.
Транспортер ми е обавезна ставка. Нема шанси да возам бебе без транспортер во кола. Така што тоа секако ќе купиме. Едно време се мислев да купиме од тие комбинираните седишта ама знам Hopeful пишуваше дека и покрај тоа купиле транспортери па од страт ќе одиме со транспортер а после друго седиште.

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 423
   RE: Детски колички
15.10.2015 13:10:48   
sandriana RR
Kvisko, многу е битно и какво ќе се погоди детето user posted image . Дали ќе сака количка или не - ако не сака, каква и да купиш, џабе е user posted image
Од мое искуство - ако си ти сама шофер, неохпден ти е транспортер - опција количка со транспортер мислам е најисплатлива. Оние со 3 дела, каде има и корпа плус, мислам не се искористува многу корпата, евентуално првите 2-3 месеци, ама пак бар за мене, истата функција ја извршува и транспортерот, со тоа што истиот е плус и седиште за во кола бар до 6-7 месеци.
Моментот за вртење на рачките е ок -повеќе опции за тебе, да видиш што му одговара на бебето. И така првите месеци е пожелно да биде свртено кон тој што ја турка количката, и транспортерот така и се мести кај грото колички - кон туркачот.
Битно е да има бар 3 позиции наслонот на количката, а за тркала не знам што да кажам. Лично, искрено, повеќе аир видов од слинг марамата дур беа мали бебиња, количка негде после 7-8 месеци почна да ми брка работа, и тоа најискористена ми е обичната летна количка, чадор-систем.


P.s Постов го пишувам од сабајле, веќе стигнале доволно совети и искустав, ама ќе го објавам, да не ми е залуд трудот. user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 424
   RE: Детски колички
22.10.2015 12:46:23   
MamaKiki
еве мое искусто
јас ја зедов мура3 количката од maxicosi и сум ептен задоволна има големи тркала и не се пумпаат полни биле user posted image ја имам на пелистер по патека за пешаци туркано и гајле немала а има и супер амортизација...
корпа не ти треба за дете кое ке се роди во јануари, транспортер-автоседиште ти брка голема работа се врзува во кола и се сигурно, јас имам корпа и еднаш во кола го ставив зимно време со плус кебе завиткано и ептен ми беше нестабилна детето внатре можеше да се тркала user posted image не е за во кола опција корпата во никој случај освен може тие меки корпи па да го држиш цврсто...
тркала големи ДА
опција да се врти седиштето (како кај мене) или рачките ти треба и тоа многу -додека е мало и поголемо ако заспие а надвор знае да си подувни ветре ова многу заштитува...
јас имам земено количка и транспортер кои не одговараат не беа комплет оти така ми идеше многу пари , транспортерот во кола можеш да го користиш и до 7-8 месеци толку ние го користевме ама веке на 6 месеци може слободно да си седи во количка оти сега скоро сите имаат 3 нивоа лежечка, полуседечка и седечка позиција оваа средната е одлична за тој период оти ем не е седнато ем може да си гледа детето и да си ужива... и тука кога ке видиш по месеците и кај тебе скоро да не морално да земаш комплет, јас зедов најефтин транспортер , а количка малку поскапа ама ептен ја користам еве и на 13 месеци нозете не му висат воопшто туку седи како на фотеља дома знаци ек ја користам сигурно до 2 години...
имам и летна количка се собира цела како коцка скоро во ранец се пакува и таа не ефтина ама детето кога го седнав како на асвалт да седеше ич не ме бендиса и кутрото стуткано па ич не ја искористив оваа ми е закон ем заштитено, ем удобно.. зборот ми е да си земеш една убава количка можи подобро ке биде отколку и нормална и летна...
додатоци како торба, и слично нема да ти требаат многу да не се лажиш додека е бебе мало и патуваш со кола ке ти треба поголема торба , а после еден ранец на тебе и ке трчаш низ паркот по детето , јас кога барав количка 2 навидум исто едната со торба комплет беше за 2000 денари поскапа, демек торбата кошта 2000 user posted image
на почеток можи да кемка од количката ама кога ке почни да разбира дека ке шетка , ке дреми како кукле user posted image бар вака беше со нас

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 425
Страница:   <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?