|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Детски колички
2.11.2015 10:19:31   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bellee

Imame prasanje dali nekoj koristi Mothercare Xpedior?
Kako ste zadovolni I dali sedistetona na kolickata koe voedno se pravi I korpa e komotno?
Fala vi odnapred name odgovorot...



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 426
   RE: Детски колички
9.11.2015 15:57:01   
Kvisko
Ние зедовме Peg Perego Book 51. Јас го бендисав прво изгледот а потоа тоа што седиштето се врти на двете страни прилично лесно има подлога на која се монтира седиштето па не климаво (имаше и такви на пазар) и се бутка со една рака. Затворањето е како книга затоа и така се вика односно станува четвртаста што повеќе ни одговара како опција зашто чадор системот дава долги колички кога се склопени и во багажникот од едната кола немаше да ни ги собере бидејќи е помала.


(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 427
   RE: Детски колички
9.11.2015 19:04:31   
lolla RR
И јас од секогаш си викав ако имам бебе, ке купам скапа количка, и така би. Земавме Елеа на Бебеконфорт/Максикози и е прееекрасна. Ние сме по шетањето и ја користиме доста.

Кога сме кај шетање мислма дека е убаво да се има и кенгур/марама за мкнење на бебето по било кој терен/ висина.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 428
   RE: Детски колички
9.11.2015 19:32:13   
Bea
Kvisko, preubava kolicka ste odbrale!
I nie mislime do Solun da prosetame za nabavka, em novogodisni popusti ke ne fatat, em tax free - ke go izvadis benzinot :)
Jas pred se sakam cvrsta stabilna kolicka, aluminiumska ramka, transporter zadolzitelno, sakam da se menuva pozicijata na rackata i golemki trkala. Mozda ova so trkalava ke bide pomalku prakticno, ama imam vpecatok deka po nasive ulici i drnkanje se podobro resenie. Mi se dopagjaat zimskite Recaro kolicki, pa nesto vo toj stil ke bide. Inaku ne mislev da azdisuvam za kolicka (do 400 eur), ama zdravje bebusko ke bide prknat taman na prolet za setanje, mozebi i ke investirame vo nesto poskapo (plus maz mi kakov trosadzija e :) kaj nas obratno e, jas sum taa sto kontrolira budzet).

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 429
   RE: Детски колички
9.11.2015 21:14:19   
Kvisko
Peg Perego што ние ја одбравме ти ги задоволува баш тие критериуми ако ги гледаш задните тркала предните се помали ама па заради тоа се врти 360 степени со една рака ова испробано лично. Транспортер се монтира на неа ако е исто peg perego или ако е maxi cosi ама со адаптери. Рачката да се врти тешко ќе најдеш обично на сите колички се вртат седиштата ама вртењето е лесно. Нас со tax free околу 400 евра ни испадна количката. Транспортерот е плус на таа цена или имаше опција сосе корпа и транспортер на некој попуст за околу 730-40 евра.
И таа на lolla ги задоволува истите критериуми и е таква некоја цена ама мене, а особено на мм естетски повеќе ни се допаѓаше оваа што ние ја купивме посиметрична ми беше кога ја гледаш од страна така што ни остана на второ место инаку од опции во македонија elea-та водеше.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 430
   RE: Детски колички
10.11.2015 9:44:43   
bitolcanka82
Ajde i jas da prijavam nie zedovme t.e ja dobivme na podarok Casual Play S twwinner seushte ne ni e stignata treba da ni stigni na krajot od mesecov vaka kako shto ja ispitav na net ima super performansi samo me buni deka e mnogu teshka.Inaku e so transporter maxicosi i plus sedishte mislam deka ke mi se dopadni i najvazno ke brka rabota..

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 431
   RE: Детски колички
11.11.2015 14:43:52   
Kvisko
Bitolcanka супер изгледа количката. Се андевам убаво ќе си ја искористите.

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 432
   RE: Детски колички
20.11.2015 8:51:49   
Bea
Шетнавме вчера во City Mall на овој саемот за деца, да видиме што се нуди и да ви кажам главата чорба ми се направи.
Гледавме колички пред се и стварно има доста избор и варијации во цени и квалитет, човек да не знае што да одбере.
Од колички мене на изглед фаворит ми е Elea-та во Bebeconfort, а на мм Chicco Urban. Е сега со цени се малку над она што го планиравме како буџет ' до 20-24.000 маx за комплет со транспортер.
Elea со саемските попусти излегуваше околу 34.000 количка и плус транспортер, а Urban-от 28-29.000 исто со транспортер и адаптер и декоративен комплет. И тоа со комплетите - значи има основна конструкција која чини некаде околу 20.000 денари и плус се доплаќа посебно кровчето (она ко настрешница што е), навлака за во количката и прекривка (зимска, летна, каква сакаш) - и тоа комплетче кошта од 3500 до 4500 денари.
Кај Урбанот ми се допаѓа тоа што самата количка се трансформира во корпа и тоа многу ефикасно и убабо на изглед со систем на каиши. Количката има се што барав јас - лесна, тркалата големи и агилни, седиштето се ротира во насока накај мајката, лесно се склопува. Убава презентација ми направи девојката во Chicco, a за Elea-та ќе морам уште еднаш да поминам, пошто имаше многу гужва.
Друга работа - транспортерот во кола, нели треба да има база што ќе се прицврсти за тие Isofix куките во колата? Вчера ми објаснуваа дека само така го ставаш на седиште и го врзуваш со каиш... Јас еве сама сум шофер, па некако небезбедно ми личи да го оставам детето така позади? Евентуално до мене на предно седиште, па да го деактивиран предниот ербег. Во Bebeconfort ми понудија Isofix база, на која подоцна може и седиште да се прикачи, ама и тоа скапо некако 14.000 денари.

Од друга страна имаше и колички со цена 18-20.000 дуо или трио. Hauck ми се бендиса (не ми текнува на моделот точно). Исто ми фалеа некоја нова донесена марка Kiddo, грчка мислам, ама некако не ме воодушеви конструкцијата. Имате ли некој предлог и искуство за добра количка до 20-тина илјади?

Ви викам ја, ме заболе главата user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 433
   RE: Детски колички
20.11.2015 10:35:47   
Kvisko
Лудило е кога ќе одиш да разгледуваш колички за првпат ќе ти се сврти во главата ама па убава мака е. И нас тие ние беа фаворити од тоа што го има во Македонија. Ама ете се одлучивме за друга заради однос цена квалитет а и изглед. Мене искрено на изглед Chicco Urban ми е побава од Elea. Elea-та ми е некако премногу разжабена ми има премногу простор меѓу предните из адните тркала и во профил ими изгледа ич неспастрено. Ама па ако гледам како квалитет Elea-та ми беше постабилно градена Urban-от ми се клатеше некако корпата. Исто гледавме една колиќка на CAM во Крш која ептен ни беше убава ама исто комплетот беше околу 700 евра.
Од овие што се кај нас марки за цена од 24 000 тешко дека ќе добиеш и изгелд и квалитет и транспортер, обично само количките се околу 23-24000. Една опција која беше поефтина од другите барем ние кога гледавме беше Lolla исто на Bebeconfort ама таа нема големи тркала и во споредба со Elea-та пак ми се гледаше поклимава.

За транспортерто е подобр да има база ама базите се прескапи во однос на тоа колку долго се користи тоа седиште. Затоа ние купивме седиште за од 0 до 4 години со изофикс. Тоа е далеку поисплатливо зашто го користиш скоро до крај (за на крај ти треба само да купиш booster седиште за после 4 години). За траснпортер ќе се снаоѓаме или ќе купиме некој поефтин за првите два-три месеци ако има потреба бидејќи ова седиште ние што го купивме има посебен додаток за новороденче. Ние купивме MaxiCosi Milofix (во истата продавница со Bebeconfort се продаваат зашто се иста фирма). За седишта исто можеш да си провериш тестови за безбедност на ADAC (Германска агенција за тестирање на безбедноста на седиштата независно од тестовите на произведувачот и тестира прилично параметри). Е сгеа некогаш и не е нопходно врзување со изофикс зашто ако е правилно врзано седиштето со појаси е истата безбедност ама со појасите мнгоу често не се прицврстува седиштето правилно а кај изофикс нема грешка има индикатори за правилно врзување и додека не светнат зелено не е правилно прицврстено плус се врзува за самата конструкција на колата. Ние во помалата кола пробавме со сета сила да налегнеме на нив (то ест маж ми проба де) и цела кола се затресе а тие кукчите никаде не мрдаа. Затоа и се одлучивме за Изофикс. Мој совет е изофикс седиште кое оди до 4 години (комбинација 0 и 1 група на седишта) и евентуално поефтин транспортер ептен ако сакате за почеток. Безбедноста е најбтина. Плус кај нас гледам сите ги возат децата во транспортери зашто во многу системи колички само така бебето гледа кон мајката а по правило бееб не смее да биде во транспортер без прекин повеќе од 2 саати (мора да го истегне грбчето).

Јас на Hauck не видов количка што ми се допаѓа како изглед па не занм ништо околу тоа, а тие Kiddo ни мене не ми се видоа ништо посебно.


< Поракaта ја уредил Kvisko -- 20.11.2015 10:37:17 >

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 434
   RE: Детски колички
20.11.2015 17:44:24   
Kvisko
Ми помина времето за уредување на претходната порака ама сега се сетив и на Graco Evo како опција. Исто има големи тркала позади и е поефтина па со транспортер може да ви се вклопи во буџет. Ја видовме во Mothercare и мислам дека ја има и во Крш ама не сум сигурна.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 435
   RE: Детски колички
22.11.2015 21:46:53   
Bea
Kvisko fala na sugestiite, ke napravimr uste nekolku turi sigurno pred da odbereme :)
Lolla sakav da te prasam za Eleata, dali imavte i korpa za samiot pocetok i kolku e prakticno samoto sediste za prvite meseci, a da ne se koristi transporterot? Gledav videa na youtube i nlekako mnogu otvoreno mi izgleda sedisteto koga e vo horizontalna polozba, plitko nekako za malo bebe?

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 436
   RE: Детски колички
23.11.2015 16:19:22   
lolla RR
Беа, немавме корпа, искрено не ти треба. Да, отворена е за разлика од другите, ама Л се роди крај на јануари и искрено 2-3 пати го прошетавме до кај април, и тоа во скафандер беше. Транспортер имаме Пебл го пасува на количката и мислам еднаш и во него го проетавме. Воопшто не се мисли за тоа, мало бебе како го легнеш така седи, ке си го врзеш ако ти е страв, и да личи мало во толкава количка ама брзо растат.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 437
   RE: Детски колички
23.11.2015 17:44:57   
Bea
Лола фала ти на одговорот. Другарка ми се понуди да ми даде транспортер Maxi Cosi Citi, одговара на Elea-та, па сега стеснувам избор. Ми се допаѓа и Chicco Urban, со тоа што таа самата се трансформира во корпа во која би се шетале, а транспортерот за до кола би го користеле. Само ме колеба за Urban секаде скоро прочитав дека е тешка и гломазна за склопување, а мене баш ми битно да имам лесна и мобилна количка бидејќи со бебушко ќе се чуваме сами поголемиот дел од денот.



(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 438
   RE: Детски колички
23.11.2015 18:03:58   
lolla RR
Не се оптоварувај со корпа, ако се плашиш оти е од страна отворена, купи си вреќа за во количка, не се мисли толку за првите 2-3 месеца, брзо минат, важно е да има комоција количката, доволна ширина и меко седиште. Елеата е од мемори пена многу е мекичка. Не ја знам чико урбан, сигурно е добра и таа.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 439
   RE: Детски колички
23.11.2015 23:44:11   
Hopeful RR
Kvisko, да го споделам нашето искуство во однос на седиштето од 0-4 години, и ние купивме две такви. Ги земавме од Солун, на Belleli се, и иако скапи, решивме да не штедиме на безбедност во кола. Исто имаат додатоци за новороденче, со комплетно истото лежење како во транспортер.

Ние не планиравме транспортери, со логика дека овие седишта функционираат од сам старт, но не поколеба ортопедот во болница, и дента на излегување мм отрча и купи два транспортери. Не дека бебето не е стабилно и безбедно во самото седиште, апсолутно е, но проблемот е транспортот - како ќе се однесе од кола до дома? Од кола до лекар за преглед или вакцина? Се случуваат сопки, лизгања, камче, вирче, снег... човечки инстинкт е прво себеси да се заштитиш, колку и да внимаваш, ни збореше ортопедот за испитувањата што се направени и за жал, така е. И да ти го цитирам него, и најевтиниот транспортер е побезбеден од држење во раце, тоа е факт. Јес да кратко време ги користевме, по околу 4 месеци почнавме да ги возиме во седиштата, сепак, мислам дека многу ќе ни беше потешко без транспортер. Дури имавме и ситуација кога бевме на преглед во Систина, на влегување во канцеларија едниот транспортер се подизлизга од кај мм во раце и за малце ќе завршеше на под, среќа си ја заврши работата. Не сум негативец и не сакам да кобам, но само сакам да укажам на сите можни ситуации, кои и не се така ретки како што ни се чинат, се надевам дека сум јасна.

Мој совет - супер е седиштето, ама за сам почеток сепак најди некаков транспортер, позајми, купи на старо, сеедно, но нека е бебето во него. Не мора да има база, доволно е стабилно со каишите, има повеќе точки на врзување и затегање, башка секако нема да се вози брзо со бебе во кола.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 440
   RE: Детски колички
26.11.2015 13:50:40   
Kvisko
Фала на советот. Тоа беше и моето размислување и сега сум во потрага по транспортер ако можам да позајмам. Ако не ќе купиме некој ефтин колку да врши работа првоте месеци пошто секако нема многу шетање бебето со кола баш тогаш. Секако ќе се користи зашто имам помал брат кој сеге се ожени па планираат деца и ќе иам кој да го користи.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 441
   RE: Детски колички
26.11.2015 22:16:01   
Hopeful RR
Kvisko, ако не најдеш, бирај од моите - имам црвен и тиркизен user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 442
   RE: Детски колички
27.11.2015 14:01:59   
Kvisko
Фала на понуда ама најдов да си позајмам црвeн.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 443
   RE: Детски колички
30.11.2015 11:48:01   
Bea
Еве ме мене со дисертацијата за количката user posted image
Од искуствата на другарки и блиски со колички сите до една ме советуваа да не бирам количка по изглед, туку по функционалност.
Ми ги препорачаа на Chicco количките и тоа од поевтините линии - Multiway, Sprint... као полесни се, лесно се склопуваат. Вчера во Bebeconfort ја гледав Елеата подетално и некако многу тешка ми се виде - поготово со седиштето монтирано на неа кога се склопува тежи 13kg. Плус некако ми е отворена од сите страни. Chicco multiway тежи 8 кг, a Chicco Urban 10.5kg.
Да појдеме и во Chicco уште еднаш на анализа :)
На страна меракот за убава количка, гледам дека ми е најбитно да е лесна и функционална. Ние живееме на приземје, но зградата има 10-15 скали пред влез и нема прилаз за колички (т.е има ама е толку стрмен што се сомневам дека некој некогаш го искористил), плус додека е мм на работа до 17h, jaс ќе бидам сама дома и ќе немам помош за кревање, спуштање, ставање во гепек... Така да што полесно, тоа подобро за мене. Ајде ќе видиме на крај како ќе завршам со овие слатки маки :)

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 444
   RE: Детски колички
30.11.2015 16:36:07   
Kvisko
Нормално дека секојнтрњба според потребите да бира. Јас на пример немав бараеа за тешка лесна зашто сме со лифт и добар пристап без скали до лифт. Она што јас гонувидов е дека на пример оваа што ние ја купивѓе во суштина кога се вози е поуправлива од некоја со две рачки зашто имаш повеќе контрола на едната рачка и плус разликата во тркалата (поголеми со помали) прави разлика. Од. Chicco јас пак би го видела Урбан некако симоатична мене ми се виде. Сепак ако треба сама да ја качуваш со бебе во раце само нешто полесно. Во тој случај види ја и Lolla на Bebeconfort полесна е од Елеата.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 30.11.2015 16:37:49 >

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 445
   RE: Детски колички
30.11.2015 17:48:32   
lolla RR
Досега ја немам качувано количката по скали сосе бебе, во гепек ни стои и од таму ја имам вадено. А како би ја качувале по скали со бебето во неа? Мој предлог, откако бебе ке си држи глава само, бебе во раце, а количката сама по пристапот.

И мал предлог, кенгурче или марама многу вршат работа.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 446
   RE: Детски колички
30.11.2015 18:12:57   
Bea
Не не, немам намера со бебе во неа да ја носам по скали и токму ради тоа што пристапот е нефункционален, ми треба полесна количка за симнување. Здравје кога ќе се шетаме сами, бебе во кенгур би го носела дур ја маневрирам количката по скали.
Квиско и мене ми е фаворит некако урбанот :)

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 447
   RE: Детски колички
30.11.2015 18:33:23   
Melanija RR
Количка по 6кг немате,само летните се 3-4кг. Несамостојно е бебе и количка,секогаш треба да има некој дома.Јас се измачив со зимска количка, па во јуни одма земав летна од амбо за 1,200 и еден 1,5 година не служи. Значи од негови 10 месеци до сега 27 месеци

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 448
   RE: Детски колички
19.12.2015 14:00:06   
Melanija RR
Може тука или во пп да ми пишете каде од Солун сте земале количка? Место,продавница?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 449
   RE: Детски колички
19.12.2015 22:53:55   
Bea
Ние се одлучивме конечно за Chicco Sprint - прилично класична количка + транспортер.
Ја гледав и Урбанот, од старт ми беше ептен симпатична, но е доста гломазна и не ми се допадна тоа што кога се склопува со седиштето на неа е многу голема - или треба сосема да се извади, па да се склопи основата само.
Купив сосема поинаква количка од тоа што планирав, се надевам добро одбрав. Најбитно ми беше да имам лесна и функционална количка што лесно ќе ја маневрирам сама. Sprint-от некако најмногу ми се допадна во тој поглед, целосно легнатата положба исто ми одговара - ем е бебето заштитено, ем прозрачно делува. Ќе видиме како ќе се покаже во пракса :) Е не се ротира седиштето, единствено транспортерот се поставува во насока кон мајката. На почетокот за кратки прошетки тој ќе го користиме.

< Поракaта ја уредил Bea -- 19.12.2015 22:56:17 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 450
Страница:   <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 17 [18] 19   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?