Calypso -> RE: Бебешка исхрана (4.4.2013 21:08:59)
|
Bilence, сите млади зеленчуци сега што излегуваат се чиста хемија. Уште не им е дојдена сезоната. Ама таква е реалноста, не може да се чека додека да стигнат вистинските, па се убрзува производството. Ели, јас не би замрзнала спанаќ и блитва, затоа што не е препорачливо, исто како што не смее да се притоплува веќе зготвено и оладено јадење од спанаќ. Знам дека се продава замрзнат, ама јас не купувам, ниту имам намера. Лошо е затоа што нитратите од спанаќот (кои се корисни за организмот) со одмрзнувањето стануваат нитрити, отрови за сечиј организам. Спанаќот и блитвата може исчистени од дршки но немиени да се чуваат во обичен фрижидер и до две недели максимум. Целерот мислам дека можеш да го замрзнеш (ако си купила листови), а цвеклото не мора ни во фрижидер да го чуваш, стои и така.
|
|
|
|