sandriana RR -> RE: Бебешка исхрана (1.6.2013 22:58:11)
|
Malecka23, јас не би брзала со благите работи, искрено. Чоколадо можеш да ставиш евентуално мала количина(2-3 коцки, половина животинско царство, или пак темно чоколадо, со повеќе % какао) во гризот, па да даваш како домашно чоколино. Т прв пат проба чоколадо негде на 11-12 месеци, и до скоро (сега има 21 месец) добиваше по 1 мало чоколадо еднаш неделно. А мармалад, еурокрем, несквик и сл. дома не давам, бидејки во градинка им даваат како ужина во кифли/кроасани, па дома сме главно на овошје, наместо благо. А за лепчето намачкано со нешто - полека можеш да ја навикнуваш. Да речеме ако појадува каша, да вечера лепче, или обратно.
|
|
|
|