bebe82 -> RE: Каде на одмор? (29.5.2011 22:27:57)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandrin dali nekoj bil na lefkada ili parga vo grcija? se mislime pomegu ovie dve mesta, pa ni treba informacija plus da se odlucime Јас бев на Лефкада (пред да бидам мама) и е најубавото место кај што сум била на одмор. Најубавите плажи во Грчка мислам дека се таму. Е сега кој што бара. Море, сонце, плажа уживанција, подвижност, пристојни цени-(читај ефтино) ДА, ама журка, лудување на плажа, излежавање НЕ! Не е типичен одмор, мора со кола или моторче-веспа да се иде до плажите и тоа по пола саат, саат. За со мало дете не би го препорачала бидејќи е напорно секој ден да возиш до плажа и плус најдобрите плажи имаат скали до нив едната 365 а другата околу 100 скали. За Парга не сум била ама што сум читала (и јас сакав таму ама се откажав) е дека дека сместувањето е на брдо и дека до плажа се оди со кола и дека е прилично скапичко. Се надевам ти помогнав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|