sandriana RR -> RE: ХПВ вирус (3.1.2014 9:52:23)
|
nadezda15, пред се, добредојде на форумов[sm=smiley31.gif] Немаш потреба од страв и грижа. Присуството на ХПВ не значи и задолжително присуство на ЦИН. Биопсијата и колпоскопијата се прават за да се види колку длабоко е навлезен вирусот, и какви промени има предизикано во ткивото. Биопсијата не е болна, бидејки се прави со анестезија. Колпоскопијата е само визуелен преглед. Потоа, ако ја горите раничката, и таа процедура е со локален анестетик - значи нема болки. И, на крај, ХПВ и ЦИН не се причина за стерилитет. Напротив, бременоста е лек против нив. Јас ги минав сите процедури - од биопсија, колпоскопија, ласер - и повторно го имав ЦИНот од високоризичен ХПВ, се додека не се породив. Оттогаш наваму, 2,5 години, контроли на 6 месеци правам и сите се уредни.
|
|
|
|