Neurotoxin RR -> RE: ХПВ вирус (29.1.2016 13:38:28)
|
Здраво Ивче, немој да паничиш до тој степен.., значи многу жени и девојки има со ваква вирусна инфекција, не значи дека промената е малигна и дека е најстрашното, најчесто тоа се бенигни промени, кои доста лесно се отстрануваат а и ефективно се третираат. Со резултатите ќе одиш кај твојот гинеколог, ќе се договорите да носиш примерок за типизација на вирусот, а во меѓувреме интензивно ќе работиш на имунитетот. Јас сум случај со неодреден тип на хпв кој одма отиде приватно ласерски да го отстранат, процедурата не е болна и трае 10 мин, фала богу чекам второ дете, така да има решение. Се надевам дека ќе излезе се во ред, пишувај ни и информирај не за тестовите и резултатите. Се најдобро
|
|
|
|