|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Епидурална анестезија
10.6.2009 11:22:07   
Mammy
Ве молам доколку некој има искуство околу породување со епидурална или пак со спинална анестезија да го сподели своето искуство со нас кои ни се ближи полека терминот...user posted image

< Поракaта ја уредил Elena -- 10.6.2009 11:31:34 >


_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...
Непосредна врска до пораките: 1
   Епидурална анестезија
10.6.2009 11:31:04   
Еца
Мамму и јас размислувам за едидурална.ќе дознаам повеќе околу ова и ќе пишам, а во меѓувреме ако некоја се породила со епидурална нека ни пише.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Епидурална анестезија
10.6.2009 11:40:05   
mami
Колку што знам во државните не ставаат епидурална по желба на трудницата...јас му вриштев на тој што ме пораѓаше да ми стави а ми рече само- е ајде де, до тука стигна, сега епидурална, ке истрпиш уште малку...
А за инекцијата имам слушано и добри и лоши работи па за да не ризикувам ке си одам природно и сл. пат здравје кога ке биде

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Епидурална анестезија
10.6.2009 18:25:54   
Еца
Леле како бе не породуваат со епидурална?ќе мора да се распрашам убаво

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Епидурална анестезија
10.6.2009 18:43:12   
nodi
jas imam iskustvo so epiduralna anestezija bidejki se porodiv taka.Poroduvanjeto navistina pomina bezbolno i se bese dobro dodeka da pomine anestezijata ,a potoa pocnuva teskoto;glavobolka,vrtoglavica i normalno bidejki si secena ranata boli i skoro edna nedela nemozev da stanam od krevet sto e normalno za site sto se poroduvaat so carski rez.Za epiduralnata anestezija e rizik dali ke uspee zasto anestezijata ja stavaat vo kicma i e mnogu rizicno da ne se pogodi nekoj nerv ili da se promasi toj epiduralen prostor.Sepak kaj mene pomina se super i jas bi im preporacala na site koi saakat na toj nacin da se porodat da odat bez dvoumenje.E sega,postporodilniot proces e potezok od onie koi ke se porodat na priroden nacin,ama zatoa pak poroduvanjeto e epten lesno.Sega od ova sto vi go kazav,vie sami odlucete na koj nacin ke se porodite i dali sakate bolki vo poroduvanjeto ili posle poroduvanjeto.user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Епидурална анестезија
10.6.2009 21:34:25   
Боцко
кој има намера да се пораѓа во ремедика, подобро да ја нема слаѓана за анестезиолог. жм си побара епидурална и си доби, но болките беа страшни, исто како да не примила ништо. финансиски гледано, џабе фрлени пари. етички гледано, срамота, зашто треба да е на некое ниво, а вака само пуста замисла како ли изгледа безболно породување.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот nodi)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Епидурална анестезија
14.6.2009 18:30:07   
Еца
Епидуралната анестезија е најпогодниот облик на анестезија бидејки нема сериозни негативни пследици на плодот, додека општата анестезија може да предизвика наркотична депресија кај новороденчето. Денес операциите се повеќе се изведуваат со епидурална анестезија, а се поретко со општа. Општата анетезија може да предизвика проблем со дишењето како кај бебето така и кај мајката. За да не дојде до тоа, се препорачува неколку дена пред раѓањето мајката да го испира носот и грлото со раствор од пола лажичка сол и една чаша топла вода.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Епидурална анестезија
9.8.2009 9:59:05   
Tanja K.
Jas vcera bev kaj mojot ginekolog za krajni upati za ctg i bolnicki,togas da ne trca mm.I bas ja prasav dr sto misli taa na ovaa tema.Taa e postara osobai veli,se ova novo e pomodarstvo,zarem kako ni bilo na nas pa site vie ste zivi izdravi.Inaku pred nekoj den vo drzavna imalo nekoj slucaj,kade na zenata i pogodile nekoj nerv na nogata i sega i treba terapija za da stane i povtorno odi.Zenata ,sega zarem nema da ima posledici cel zivot od toa?Isto imam slusnato i za remedika,ist slucaj ,na zenite im treba vreme da se oporavat i stanat.Jas bev za takva varijanta,ama sega me faka panika poveke i strav od vakvi slucaevi.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Епидурална анестезија
10.8.2009 9:45:14   
big_mama817
moeto iskustvo so epiduralnata anastezija e super jas ja privim koga se poragav so maliot i fala Bogu se pomina odlicno user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Епидурална анестезија
10.8.2009 9:46:24   
big_mama817
zaboraviv da kazam se poragav vo drzavna inaku se zavisi od anesteziologot koj ja stava inekcijata dali e iskusen ili ne mojot bese super user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Епидурална анестезија
15.8.2009 11:09:28   
mother 29
кој има намера да се пораѓа во ремедика, подобро да ја нема слаѓана за анестезиолог. жм си побара епидурална и си доби


barajte go dr. Zvonko K. na mene toj mi bese anesteziolog i imam samo pofalbi i ubavi zborovi za nego i za cel strucen tim vo Re-medika(ovo e timot anesteziolozi od Re-medica)

1. Др Звонко Крстевски  - Шеф на Одделот
2. Др Бранко Петровски
3. Др Наталија Чакар Георгиевска
4. Др Слаѓана Јошевска Јовановска
5. Др Маргарита Ловач Чепујноска

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Епидурална анестезија
15.8.2009 11:30:21   
profesorica
Jas se porodiv so epiduralna anestezija i pomina ok.Anesteziologot e dr. Krstevska vo drzavna i mi bese voedno vrska.Inaku i jas ne bev za takva varijanta na poroduvanje bidejki sum slusala losi prikazni megjutoa koga mi dojdoa bolkite nemozev da izdrzam.Inaku vo drzavna tocno e deka ne ja nudat treba da imas vrski a inaku so plav karton e potpolno bezplatno.Se stava vo kicma i treba da si otvoren 5 santima a za spinalnata treba povekje da si otvoren.2 saati ne osekjav bolki a potoa pocnav silni nagoni kako za golema nuzda da osekjam.poroduvanjeto(po priroden pat) voopsto ne bolese i potoa nemav ni vrtoglavica, ni glavobolka ni nisto.edina reakcija mi bese smalenata zelba za odenje po mala nuzda.

Na site bi im preporacala vakov tip na anestezija megjutoa ako imaat dobri vrski.

Ajde sega edna smeska.Vcera gledav eden film na a2 tv i na zenava i stavija epidural vo vena na raka covece koja glupost i toa vekje pocnala da napnuva toa e banalno.Taa se stava dodeka se otvaras a ne koga ke pocnes da se poroduvas.

pozdrav

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Епидурална анестезија
15.8.2009 11:43:05   
niki
Pola glumici sto glumat trudnici na poragaj poim nemaat kako da go izglumat toa, nikad ne bile trudni, zatoa i tolkav strav kaj prvorotki gledaat filmovi i mislis horor film gledas, a vrska nema so realnosta. Koga ke im pocnat bolki ko da gi kolje nekoj i odma u bolnica trkacki so policiski pratnji na hitna. Abe gluposti.
Zatoa novopeceni mamicki nemojte da gledate filmovi.
Jas otkako se porodiv i vidov kako e koga ke vidam na film kako gi glumat scenive se smeam i vikam sto se glupiraat, ama stvarno vrska nema so realnosta. I nemoze ni da ima koga scenaristi i reziseri na takvite filmovi se pretezno mazi a glumicive zeni sto nikogas ne rodile, ni ednite ni drugite pretstava nemaat. Taka i za anestezijata mislis toj sto go pisuval toa scenario konsultiral doktor, si pisuval covekot napamet, taka mu se videlo posimpaticno za televizija.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 10:03:15   
profesorica

братучетка на мм се породи со спинална анестезија и супер помина.детали незнам но еве која друга мамичка имала слични искуства со епидурална или спинална анестезија, нека ги сподели со сите искуствата.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 10:21:23   
JULCE
jas se porodiv so epiduralna anestezija i imam loso iskustvo iskreno da vi kazam deka edna nedela sum porodena i uste me boli glata i rbetot ke eksplodiram nemate pojama kako boli i neznam koga ke mi pomini mozebi mene ne me prima neznam jas kazuvam za mene i mislam koga se resavame za carski rez odete na celosna opsta anestezija ne so inekcija moj sovet posto mnogu maka jadov vervajte:((((

_____________________________

koj saka neka mi pisi .

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 11:08:21   
mother 29
мм беше присутен кога ми ставаа епидурал и вика дека постра[но нешто не гледал,цело време нозете му се сечеле,додека гледал!баш пред некој ден ,фледаме на тв и тој му вика на Марко.........еееееееееее сине гледаш ли тато што све поминал!?user posted image ллеллеллелелел замисли!user posted image

а јас баш имам супер позитивно искуство со епидуралот,после ми се најде и за спиналната ,од таму ми ја пуштаа анестезијата,а не ме пак боцкаа!

(Одговор на членот JULCE)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 11:23:52   
profesorica
и јас имам позитивно искуство со епидуралот.значи еднаш те боцкаат во кичма, ти ставаат жици и потоа ти ставаат инекции преку нив.ништо не се осеќа. а потоа не ме болеше глава, само малку р-бетот аматоа мислам дека беше од што лежев многу.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 11:30:22   
ilijoska
I jas se poragjav so epiduralna , se pomina vo red fala bogu, ama eve kerka mi e 10 meseci a mene ushte me boli grbot. Pri poragjaj nikakva bolka a posle normalno sienoto a glavobolka ne osekjav radi toa shto piev analgin na sekoj sat radi sienoto.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 11:33:41   
mother 29
мене ништо не ме болеше!само раната ,нормално!јас знаев за овие несакани последици,ги очекував,ама ме одминаа,за срекаuser posted image

(Одговор на членот ilijoska)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 12:05:14   
Mila na mama
Јас немав никакви несакани последици од епидуралната. Супер поминав. Мотхер 29 е апсолутно во право за д-р Звонко од Ре Медика. Тој специјално за мене дојде на полнок од дома. По ставањето на анестезијата си спиев цела нок и утроро  се породив свежа и одморена. Успешноста на епидуралот деф. зависи од анестезиологот.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 12:07:04   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

Тој специјално за мене дојде на полнок од дома. По ставањето на анестезијата си спиев цела нок


исто!user posted image

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 12:08:52   
Mila na mama
user posted image user posted image user posted image Бре Кате каква реклама сме за Ре Медика. Не можеме да ги испофалиме.user posted image Ама навистина породувањето ми беше уживање. Фала на сите во болницата!

_____________________________

love u all

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 12:10:55   
mother 29
хихихи  треба попуст да ни дадат за следното! хихихи јас сум богами подвижна реклама,кој ме праша само ги фалам!ама пак сега кога се за фалење  лугето,нели?!user posted image

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 18:27:32   
nutelizza
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mamaЈ

Мотхер 29 е апсолутно во право за д-р Звонко од Ре Медика. Тој специјално за мене дојде на полнок од дома. Успешноста на епидуралот деф. зависи од анестезиологот.


И за мене дојде на Божиќ за брзо време. Ама јас веќе почнав да се пораѓам и сам ми кажа нема потреба од епидурал.
И подобро така.
Го памтам Звонко потоа присуствуваше на породувањето ми беше над глава и цело време држи за рака и помага. Во ре-медика бре те галат кога се пораѓаш.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Епидурална анестезија
19.11.2009 19:57:17   
sunchips
Ovde skoro sekoj prima epidural pri poradjanje, pri sto moras da potpises formular deka e na tvoja odgovornost so ogled na posledicite koi se retki, no mozat da nastanat. Jas mozam da kazam deka super pominav, samo sto malku imav poslaba glavobolka nedela-dve i mislam deka go usporuva poragjajot malku. Najvazno e da se ima dobar anesteziolog i pacientot da bide maksimalno miren koga se vnesuva iglata, sto ne e bas lesno koga te drmaat kontrakcii user posted image  Mm bese so mene celo vreme, ovde ostanuvas vo edna soba od pocetok do kraj, samo koga go primav epituralot go zamolija da izleze. Posle toa e pesna, samo cekav da se rodi bebusot, se osvezuvav so sokce, ne osetiv nisto od epiziotomijata, ubavina.

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?