topce
|
Секоја трудница поминува низ период на страв од непознато, пред се,бидејќи не е запознаенасо предностите и со недостатоците на можните видови на породување. Сите идни мајки имаат една заедничка мисла - сакаат породување без комликации,проследено со што помалку болка. Секоја трудница која планира вагинално породување мора да се помири со фактот дека тој чин е многу болен. Меѓутоа, постои начин болката да се олесни – со епидурал. Во акушерството епидуралната аналгезија се користи за да се намалат породилните болки. Тоа е процедура со која анестетикот се вбризгнува во епидуралниот простор на ‘рбетниот столб,со што се намалува болката во долните делови на телото, а притоа не се одразува на контракциите на матката. При овој вид на анестезија мускулната сила е зачувана,што овозможува активно учество на родилката во актот на породувањето. Епидуралот е процедура каде анестезиологот дава мала доза на анестетик и наркотик преку катетер во епидуралниот простор околу ‘рбетниот столб на родилката, што помага кај самото породување. Постапката се изведува на начин што во епидуралниот простор, меѓу четвртиот и петтиот лумбален пршлен, со помош на игла се вбризгува анестетик во комбинација со лекови. Исто така, постапката може да се изведе со помош на тенок катетер, кој се поставува во епидуралниот простор, при што лекот се дава во неколку дози или континуирано. Епидуралната анестезија може да се користи за ублажување на болките во првата ивовтората фаза на породувањето. Анестезијата почнува да делува 20 минути од вбризгувањето на лекот, а пациентката чувствува дека контракциите стануваат помалку болни и го губи чувството во долниот дел на телото. Може да почувствува дека нозете и стануваат топли и тешки. Лекот ги блокира корените на нервите и потполно ја блокира болката. Анестезијата престанува да делува по неколку часа. Во бројните прирачници може да се прочита дека епидуралот ги отежнува напоните кога ќе дојде до самото породување. Некои дури предупредуваат дека вкочанетоста на карличната регија го зголемува ризикот од царски рез, операција која бара подолго закрепнување, опасност од инфекција и компликации во наредната бременост. Од друга страна, гинеколозите и акушерките во породилиштата сметаат дека епидуралот е потполно безбеден. Тврдењето дек епидуралот ги отежува напоните можеби билоточнопред 20 години,кога била користена поинаква концентрација на анестетици, која можела да ја оневозможи комуникацијата помеѓу мозокот и мускулите. Меѓутоа, денес работата е многу поинаква и такви проблеми не постојат. Сите истражувања во врска со епидуралнатаанестезија покажале дека не е поштетна од другите лекови кои се даваат за олеснување на болките и непријатностите. Анализата од 2011 година опфатила шест студии спроведени во период од 1995 до 2011 година, во кои биле опфатени вкупно 15.000 жени. Утврдено е дека дури и кога се дава во текот на раниот стадиум на породувањето (кога грлото на матката е отворено 4 см), епидуралот не носи поголем ризик од царски рез,во споредба со останатите лекови против болки. Епидуралот поволно влијае на психата на жените, притоа снижувајќи го крвниот притисок и го одложува последниот стадиум на породување за околу 15 минути. Се препорачува за ризични бремености и за пациентки со зголемен крвен притисок. КАКВА Е ИНТЕРВЕНЦИЈАТА? Интервенцијата се изведува така што трудницата легнува на страна или седнува на кревет, со брадата спуштена кон градите и со благо свиткани нозе. Местото на убодот на грбот се пребришува со раствор задезинфекција, а потоа се дава локален анестетик, така што интервенцијата не боли. Потоа се воведува игла со дебелина како она со која се вадикрв од вена,само што е многуподолга. Низ неа се поставува цевка преку која се дозира епидурална аналгезија по потреба, така што трудницата може да лежи на грб. Катетерот останува на местото во текот на целото породување за, доколку е потребно, повторно да се вбризгаат одредени лекови. ПРЕДРАСУДИ Со епидуралниот метод не се отстранува болката потполно, туку значајно се намалува. Се применува кога грлото на матката ќе се отвори најмногу 4 см.и кога болките стануваат се поинтензивни. Дозирањето на епидуралната престанува кога ќе почнат напоните, односно кога трудницата е доволно отворена да почне породувањето. Може да се случи анестезијата да не делува онака како што сте очекувале, односно болката да не се намали во потполност. ПРЕДНОСТИ Предности на породување со епидурална анестезија е тоа што жената која се пораѓа на овој начин,многу подобро соработува при раѓањетона бебето бидејќи не е исцрпена со повеќечасовни болки. Исто така, аналгезијата влијае на полесно отворање на грлото на матката,па со самото тоа се забрзува и времето на отворање и на породување. Со давањето на анестетикот болката значајно се намалува.
< Поракaта ја уредил topce -- 21.6.2012 14:49:07 >
|