|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Епидурална анестезија
13.1.2013 16:13:04   
Zoja
Здраво мајки
Ајде која имала искуство со епидурал при пораѓај дали самиот чин на пораѓај ве болеше?!?! мене контракциите воопшто не ме болеа -ама ич- меѓутоа самото пораѓање коа искачаше бејби имав силни болки - и ми падна чудно пошто други родилки со епидурал не кажаа дека јако ги болел пораѓајот како мене .. Можеби и прагот на толеранција на болка ми е многу мал...којзнае
И после пораѓајот сега местото на епидуралот ме подзаболува ама така мала тапа болка... Искуства???

(Одговор на членот raklav)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Епидурална анестезија
14.1.2013 10:52:43   
raklav

ИЗВОРНА ПОРАКА: Zoja

Здраво мајки
Ајде која имала искуство со епидурал при пораѓај дали самиот чин на пораѓај ве болеше?!?! мене контракциите воопшто не ме болеа -ама ич- меѓутоа самото пораѓање коа искачаше бејби имав силни болки - и ми падна чудно пошто други родилки со епидурал не кажаа дека јако ги болел пораѓајот како мене .. Можеби и прагот на толеранција на болка ми е многу мал...којзнае
И после пораѓајот сега местото на епидуралот ме подзаболува ама така мала тапа болка... Искуства???

mene ne me bolese samo sto gi osekav naponite a koga iskacase bebi ne me bolese iso epidural ke rodam 10 deca

(Одговор на членот Zoja)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Епидурална анестезија
13.2.2013 21:09:28   
Simona_k
Eпа сега кога моето бебе се сврте главично,прва работа што ми текна е епидурална,да потегнам некоја врска што имам...
Викате безболен пораѓај а?Малку ми фуфа сега...ако не ми ја дадат знам дека ќе преживеам и без нејзе,ама ако може некако да ја добијам би било супер
Ај малку ако може некој да поднапише за искуството...ве молам

(Одговор на членот raklav)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Епидурална анестезија
14.2.2013 14:52:23   
masa
Simona_k јас се породив со епидурална и топло ти ја препорачувам!!Кога отидов бев 3-4 прста отворена а немав контракции и бидејќи терминот ми беше поминат ме задржаа ме спремија и прво ми ставија провокација и уште не беше почната да дејствува ми ставија и епидурал.Пред да почне да дејствува почнаа болките но се што осетив беа малку појаки менструални болки.Напоните ги сеќавав но како потреба да одам во wc дури и се смеевме со акушерката и викам неможам да издржам ќе направам беља,а она ми вика не се секирај ќе се породиш за тоа,се испразни нема ништо да направиш.Едно 20 пати сигурно ја прашавuser posted image Пред самото раѓање мислам ја исклучуваат за да ги сетиш убаво напоните и малку боли раѓањето но мислам поболно беше кога ме провери докторот колку сум отворена пред да ми ја уклучат провокацијата.Минимални болки има,но сосема подносливи и дури и си гледав тв и си задремував,само ме будеше апаратот што ми мереше притисок и водењакот не го сетив кога ми пукна.Е после тоа цел ден ме болеше грбот и тоа многу се шалевме со цимерката која исто беше со епидурална породена дека како воз да не удрил сме.Неа и даваа лекови против болки и антибиотици зошто имаше епизотомија и тоа ја смируваше,а јас не побарав ништо за болки,значи не е којзнае колку болно.После боли грбот некое време но и од постојано земање на бебето доење и тн.ама и од епидуралната плус.Е сега цимерката се пожали дека ги осеќала болките и дека ја болело мн на раѓање user posted image мислам и дека е индивидуално кој колкав праг на издржливост има на болка. Кај сите анестезии постои ризик и одреден процент не поднесуваат анестезија па имаат главоболки повраќаат и сл.И тоа е индивидуално.Јас немав ништо од тоа!Во секој ти посакувам се најдобро и со лесно на пораѓајuser posted image

(Одговор на членот Simona_k)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Епидурална анестезија
15.2.2013 16:21:29   
Simona_k
masa фала мнооогу за брзиот одговор...сега ми олесни малку....
Се надевам ќе ми ја дадат,држи ми среќаuser posted image
Ќе се пофалам за недела-две ако ми ја "ОДОБРАТ" а ако не здрави и живи,ќе раѓам како сите....

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Епидурална анестезија
16.2.2013 0:03:47   
mmbucko
Simona_k aj i jas da se obidam da ti odgovoram te da te nagovoram za epidural. Jas bi go pozlatila toj covek sto ja izmisli epiduralnata anestezija i sto najubaviot mig vo zivotot na edna zena go napravi navistina dostoinstven i navistina da mozeme da uzivame vo nego a ne da se gusime vo bolka. Ova go kazuvam posle rodeni 3 deca od koi prvoto prirodno bez nikakva anestezija i drugite 2 so epidural. Znaci onoj delot na kraj pred samoto poroduvanje, koa go namaluvaat epiduralot na shala velam deka e napraven samo za da ne podseti malku na realnata bolka (koja e ~10 pati pojaka od taa vo momentot) za da mozeme da ja cenime epiduralnata poveke. Da navistina grbot malku boli narednite nekolku dena no nishto poveke od obicno malku pojako cuknuvanje od vrata, a blagodetite se nesrazmerno pogolemi. I na kraj toplo bi ja preporacala na site idni mamicki kaj koi moze da se primeni. Pozdrav do site i so lesno neka vi e

(Одговор на членот Simona_k)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Епидурална анестезија
16.2.2013 11:29:28   
raklav
e i jas vikam taka gospod zdravje i se ostalo do 100 pokoleni na toj sto go izmislil epiduralotuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Zoja)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Епидурална анестезија
16.2.2013 11:31:31   
raklav
procitaj na tema TOJ DEN tamu imam pisano kako se odvivase celiot poragaj

(Одговор на членот raklav)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Епидурална анестезија
16.2.2013 16:12:19   
Simona_k
Фала ви срцки на одговорите ве гушкамuser posted image многу
Вие какви врси имавте?Роднински или платежни?user posted image
Јас имам роднинска само незнам дали ќе треба да фрлам нешто???user posted image
Ваљда нема анастезиологот доброволно за мене да дојде

(Одговор на членот raklav)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Епидурална анестезија
17.2.2013 18:01:08   
masa
Јас се породив во Ремедика па поштено си ја платив user posted image прашај ја врската како оди процедурата.Уште еднаш со лесно мила и иако незнам како боли раѓањето, најбитно е да си го земеш user posted image во прегратка!!

(Одговор на членот Simona_k)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Епидурална анестезија
17.2.2013 18:30:49   
mmbucko
I jas si ja plativ anestezijata vo Remedika i bash zatoa zto znam kako izgleda poroduvanne bez epidural ke kazam uste 3 pati da beshe poskapa ke ja platev. Vaka so epidural dvete poroduvanja bukvalno mi se najubavite denovi vo zivotot i uzivav dodeka gi donesuvav na svet soncava. So lesno na site mamicki ko
ИЗВОРНА ПОРАКА: Simona_k

Фала ви срцки на одговорите ве гушкамuser posted image многу
Вие какви врси имавте?Роднински или платежни?user posted image
Јас имам роднинска само незнам дали ќе треба да фрлам нешто???user posted image
Ваљда нема анастезиологот доброволно за мене да дојде
i go cekaat denot za gushkanje

(Одговор на членот Simona_k)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Епидурална анестезија
17.2.2013 18:36:06   
Simona_k
Уффф...Ќе одам во државна....Таму ми е врскаваuser posted image
Јас незнам како е природно ама имам добра претпоставка....затоа сакам епидурална
Ај да не зборам пред време за две недели ќе знам дали ќе ја добијам...Ќе ве известам таман ако не ми ја даде ќе ме тешитеuser posted image
Поздравче и гушки за одговоритеuser posted image

(Одговор на членот mmbucko)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Епидурална анестезија
6.3.2013 0:41:05   
Gaia
Засега планирам да се пораѓам со епидурална, некако имам страв и си мислам нема да издржам без неа, иако тоа знам дека не е точно, ама стравот си го прави своетоuser posted image Него мамички да ве прашам дали некој има информација за епидуралната во Систина, таму ако добро сум информирана влегува во цената за пораѓајот, т.е. има опција да се избере дали сакаш епидурална или спинална, или пак не е така?

(Одговор на членот Simona_k)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Епидурална анестезија
6.3.2013 14:54:19   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gaia

Засега планирам да се пораѓам со епидурална, некако имам страв и си мислам нема да издржам без неа, иако тоа знам дека не е точно, ама стравот си го прави своетоuser posted image Него мамички да ве прашам дали некој има информација за епидуралната во Систина, таму ако добро сум информирана влегува во цената за пораѓајот, т.е. има опција да се избере дали сакаш епидурална или спинална, или пак не е така?

Таму само ке си кажеш дека сакаш и ке си добиеш понатамошни упатства и тоа е тоа..не ти требаат врски за таму user posted image а за цената нека каже некоја што се порагала таму..Јас на мм му реков,ако сакаш трето дете,прво гарантирај дека ке ми платиш приватно ( само за таа епидурална) па тогаш

(Одговор на членот Gaia)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Епидурална анестезија
6.3.2013 23:05:15   
Andriance
Јас се породив во ремедика пред годинаипол...мене ми беше вклучена во цената.
Денес во 21-ви век, не знам зашто да не си олесниме кога медицината како и светот идат напред.

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Епидурална анестезија
17.4.2013 19:45:33   
Gaia
Andriance RR

Мила, која цена ја плати во Ремедика заедно со епидуралната? Јас планирам таму да се пораѓам па ме интересира какви им се цените за породилните пакети и што е вклучено во нив. Некои велат дека се доплаќа за епидурална 100 евра а некои дека е вклуцена во цената. И уште нешто ме интересира, дали плати некоја сума накај 36тата недела? Тоа би требало да биде како некој вид на капар дека ќе се пораѓаш таму што на крај ти го одземаат од вкупната цена и во тоа биле вклучени ЦТГ прегледитеuser posted image

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Епидурална анестезија
17.4.2013 21:39:52   
masa
Momentalno priroden poragaj so vklucena epiduralna e 75000,pred tri godini koga se porodiv so prvoto se doplakase epiduralna 6000,no poragajot bese 50000.Jas bidejki od pocetok odev tamu ne mi ja naplatija ni poslednata kontrola,a ne plakav ni za ctg,no onie koi ne odele prethodno na prvoto ctg plakale neznam kolku,no posle im se odbiva od sumata.Vo ovaa cena e vklucena i kontrola za tebe po 6 nedeli I nekolku kontroli za bebeto I pedijatar dostapen 24casa.cenata e za tri bolnicki dena ako ima potreba da ostanete podolgo sekoj nareden den se doplakase 50eur,sega neznam kolku e

(Одговор на членот Gaia)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Епидурална анестезија
17.4.2013 22:58:52   
Gaia
masa

И јас од самиот почеток сум во Ремедика. Сите испитувања до сега ги правев таму, сега треба да одам за брисевите во 35-36 недела и нешто ми спомна докторката претходниот пат за тие 100 евра што се плаќаат тогаш нешто како капар ама не ја сфатив баш најдобро, бев премногу возбудена дека бебчо го гледавме и се што влезе од едно, излезе од друго увоuser posted image Исто не ја разбрав што ми збореше дека влегува во тие 100 евра, нешто цтг спомнуваше ама не сум сигурна. Како и да е, фала ти мила на инфото, според ова доста повисоки им се цените, последниот пат кога гледав во нивниот ценовник беше накај 60000 некадеuser posted image

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Епидурална анестезија
18.4.2013 9:05:10   
masa
Pred godina I nekoj mesec se porodi prijatelka tamu I cenata bese taka nesto okolu 60000,ama neznam dali vo cenata bese vklucena I epiduralnata ili si ja doplati,.Novava cena neznam od koga im e,jas pred eden mesec prasav zosto pak sum bremena I planiram tamu da se porodam,a se nadevam nema do togas pak da ja zgolemat user posted image A ako veke ste reseni da gi dadete parite za poragaj sekako ja plakas sumata,dali ke dadete del nekoja nedela porano I ne e tolku bitno,taa suma e za ctg I konsultacii ako ima potreba pregled I isto Dr ti e 24h dostapen,ako pocnat bolki ili za bilo sto ke si zvonis I srede nok.Samo stom planiras so epiduralna stom ke setis nesto ili ako ti pukne vodenakot odma odi da ne trpis doma bolki ,porano epiduralna na 3-4 prsta otvorena pustaa ako si poveke ne,sega deka e vklucena vo cena moze pustaat I na poveke otvoreni.Ama ti prasaj si se.jas od doma si zapisuvav sto ne mi bese jasno.Mm pa kolku gi maltretirase so prasanja user posted image ama ako ne bese on mn raboti ke ni bea nejasni.I sto e najbitno site se fini I se ke ti odgovorat

(Одговор на членот Gaia)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Епидурална анестезија
3.5.2013 20:54:19   
Pufnica
Znae li nekoj kakva e procedura sa epidural vo GAK? Se plaka?

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Епидурална анестезија
16.6.2013 21:06:47   
Melanija RR
Никој ништо не пишува за епидурална на ГАК?Како што дознав била бесплатна ако се има осигурување ама за да ти ја дадат требало или врски или пари.
Од друга страна во Чаир ја нема зошто немале ниту миниторинг.

Некоја да сподели искуство и од самиот епидурал,потоа болки во грбот и сл.работи,како се фунјкционира потоа.Од разни читања низ нет епидуралот помага но последиците се влечат со години.Па тогашкоја е придобивата ако се навлечат проблеми за години потоа?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Pufnica)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Епидурална анестезија
17.6.2013 14:53:52   
Mihaela 2010
Jas pred 3 god koga se poragjav mi stavija epiduralna,mene vrska mi bese doktorkata sto me poragjase,pa ona izogranizirala toa jas ne ni znaev sto e toauser posted image
ama vo sekoj slucaj carska rabota e

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Епидурална анестезија
17.6.2013 15:02:58   
sandriana RR
Од друга страна во Чаир ја нема зошто немале ниту миниторинг.

Кој вели дека нема? Мене ми ја понудија во Чаир, пред скоро 2 години, но ја одбив.
Последици може но не мора да има. Познаничка моја има лошо искуство со епидуралот, и тоа во приватна болница, поради лошо аплицирање.
Јас лично не ја одбив заради проблемите потоа, туку заради можните проблеми за време за пораѓајот - ми беше страв дека нема добро да соработувам, бидејки нема вистински да ги чувствувам напоните, со вистински интензитет, и дека нема да имам контрола на истите.
Ова е лично мој став. Има луѓе кои си поминале супер со епидуралот, и би се одлучиле и за втор/трет пат да го користат.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Епидурална анестезија
17.6.2013 15:16:08   
eni
Melanija, јас се породив минатиот август во Ремедика со епидурална. Лично, супер поминав и можам слободно да ја препорачам. Пораѓајот е скоро безболен, освен нели ако те сецнат, па откако ќе и помине дејството наредниот дел ќе боли малку раната. Ама па не може без ич user posted image
Проблеми со грбот до сега сум немала, помина скоро година дена. Постапката на ставање на епидурал не е страшна. Прво ти става локална анестезија во грбот, ќе осетиш мало пецкање и откако ќе почне да делу анестезијата ти ставаат епидурлна во рбетот.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Епидурална анестезија
17.6.2013 18:18:49   
Fiao
Jas imav epidural vo GAK, besplatna e i neam pojma dali ja davaat i bez vrski bidejki jas ja dobiv so vrski. Mozebi ako ja pobarav nemase da me odbijat user posted image

(Одговор на членот eni)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?