|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дали Facebook ја нарушува приватноста!
9.1.2010 15:19:04   
Enika
Инспирирана од неодмалнешната случка со сликите на facebook  прикачени на 31.12 од доктор во Државна болница, и емисијата Студио 2 со Чомовски ме интересира вашето мислење дали сметате дека facebook е само забава или ги преминува границите и ја нарушува приватноста на лугето( као што е и последниов случај на клиника).
Претпоставувам дека повекето на рр имаат и facebook профил, па ме интересира што мислите за ова прашање?Дали некогаш сте биле жртва на хакери кои прибиваат лозинки и крадат ваши фотографии...дали е facebook само забава или нешто има во позадина?

Чекам ваше мислење

< Поракaта ја уредил Enika -- 9.1.2010 15:31:39 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
9.1.2010 15:27:16   
penelopa
Да имам профил на Фејсбук...досега не сум имала никаков проблем...сите фотографии ми се заштитени т.е можат да ми ги гледаат само моите пријатели...значи тие кои јас сум ги додала или потврдила...посебно внимавам ако некој не го познавам не го додавам...на тој начин гледам да си ја заштитам приватноста и своите податоци... Исклучиво го користам за да останам во контакт со луѓето кои ми значат а се далеку од менеuser posted image
Сепак на некои луѓе фејсбук им је само забава, ставаат лажни податоци, измислуваат дека се некој друг...тоа се луѓе незадоволи со својот живот и со самите себе....мислам понекогаш ме зачудува колку брзо некоја информација стигнува...само напиши на фб и сите века знаатuser posted image

< Поракaта ја уредил Enika -- 9.1.2010 15:31:49 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
9.1.2010 17:10:00   
Еца
Во потполност се согласувам со Пенелопа. Проблчемот е што луѓето не го прочепкале добро фб и самите не си ја заштитиле приватноста, и ако не сакам не морам да поставувам слики, мислам човек се сам свесно прави, затоа мора да се биде внимателен. Денес има се и сешто, па и злоупотреба на интернетот како медиум.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
9.1.2010 17:22:03   
alex_mo
      И јас сум често на ФБ,ама мислам дека воопшто не ја нарушува интимата.Кога зборувате за хакери тоа може да се случи на секоја страница,па дури и на некои министерства тоа им се случи- ако се секавате.ФБ е страница иста како и сите друг стр за контактирање,само збогатена со слики,линкови случувања,игри и сл,што е доста интересно.Информациите на ФБ протекуваат само ако сака да бидат јавни тој што ги пласира.На пример на мојот профил имам само неколку фотографиии кои мислам дека не се проблем било кој да ги види,а она што не ми е јавно си го чувам во компјутер и не го пласирам.Мислам дека ќе се сложите со мене..ПОздрав

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
9.1.2010 17:40:38   
biljanaM
Мислам дека не ја нарушува приватноста зашто ние самите избираме кои слики може да се гледаат , не само слики било какви информации...и сами избираме кои луге може да ни го гледаат профилот и сл.

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
9.1.2010 17:41:11   
Julie1
Во земјите каде интернет медиумите се повеќе го земаат колачот на маркетингот од ТВ медиумите често пати се прават директни кампањи насочени против интернет медиумите, полека тој тренд доаѓа и кај нас. Во разговор со еден сопственик на ТВ медиум збориме за медиумиве и дел од конверзацијата се сведе на тоа дека тој се плаши од влијанието на интернет медиумите врз населението, после долг монолог како не верува во се што има интернетот и како може да се влијае на мислењето на населението вели на пример сега за вакцината против вирусот ако само еден напише дека не е добро и се надоврзат уште 5 до 6 други иди убедија жена ми да стави вакцина. Не искоментирав какво влијание прави ТВ медиумот со вакцините, политиката и сл... не требаат коментари! Кога ќе се стават позитивните и негативните влијанија на интернет медиумот а особено социјалните мрежи неспоредливо тежината е на позитивната страна.

< Поракaта ја уредил Julie -- 9.1.2010 17:46:18 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
9.1.2010 20:00:52   
Bitolcanka
Се согласувам со погоре кажаното од Penelopa, Eca, ... Ако сам не се заштитиш сам си одговорен ако некој злоупотреби нешто твое. Има луѓе кои не сакаат да се регистрираат на фб, од причина, како што кажуваат сами: "Фб ти го прикажува целиот живот". Тоа може да биде така, но само ако ти го "ставиш" целиот живот на интернет страницата. Се што сакаш да ти биде само твое, приватно/лично, нема да го објавуваш, можеш да си го имаш само на својот компјутер. Инаку големи далавери се прават со злоупотреба на слики, информации (се отвораат лажни профили, монтажа и што ли не ...).

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
10.1.2010 10:52:40   
mother 29
ПА НИКОЈ НЕ ТИ ГАРАНТИРА ДЕКА АКО СЛИКИТЕ ГИ ОЗНАЧИШ ДЕКА сакаш да ти ги гледаат само пријатели,дека не може некој да ти пробие лозинка и да ти го украде профилот...ехххеееее какви хакерчиња има...ете на сестра ми на една дугарка и го пробија профилот(и го украдоа)и сега си отвори друг..така да...ни тоа не вие некоја сигурна опција дека нема да ви ги гледаат сликитеuser posted image

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
10.1.2010 10:54:16   
mother 29
и плус тоа ако ја тагнеш сликата дека ти се допага,кај сите твои пријатели излегува известување..па и сите кои не се пријатели можат да ја видат сликата и целиот албум!
и да одговорам на прашањето..ДА ја нарушува приватноста и тоа како...само јас немам негативни мисли спрема фб..го сметам како една јавна журкаааааааuser posted image

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 10.1.2010 10:56:52 >

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
10.1.2010 11:46:28   
arh_diz
Јас немам фб но немам ништо птотив него. И сметам дека не ја нарушува во голема мера приватноста

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
10.1.2010 15:15:36   
niki
А што се случило?

Имам профил на Фб, ама го имам колку да се рече, скоро никогаш не се приклучувам, ниту пак знам како точно функционира. Гледам дека многумина кои ги познавам имаат профили и постојано ми стигаат пораки од нив и досадни пораки од луѓе кои не ги познавам кои сакаат да ме прикачат како пријател, па така најчесто кога сум на Фб притискам игнор. Мене манијата за таа страница ме нема фатено и веројатно нема ни да ме фати. Дека може да ја наруши приватноста, секако, дека некој може да ги злоупотреби сликите или податоците објавени таму или било каде на интернет и тоа е можно, затоа секој сам за себе си е одговорен и секој за себе треба да биде внимателен. Како што не демнеат разни опасности во реалниот свет, не демнеат и во виртуелниот и треба да бидеме свесни за тоа и претпазливи. И тоа што ќе си го изнесе некој животот или сликите на нет е најмал проблем, но откривањето на адреси, сметки во банки, кодови од кредитни картички, тука е вистинскиот проблем и таа малку забава на нет, што навидум е безбедна може некојпат навистина скапо да не чини.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
10.1.2010 19:13:17   
April
FB ја нарушува приватноста онолку колку ние ќе дозволиме. Некој го сфаќа како добра забава или начин на комуникација со стари пријатели кои ги немаш видено со години (од основно, на пр.), а други го сфаќаат премногу сериозно за да ставаат слики од веридбата, свадбата (значи од чинот на земање на невестата од дома...па до отворање на подароците user posted image ...после ја следиме нивната бременост, породување...и сл...исто како да живееш со тие луѓе...сосема го откриваат својот живот пред своите т.н. пријатели, иако некои од нив им се само обични познаници или ги сретнале 2-3 пати во својот живот. Мене тоа не ми се допаѓа...но тоа е нивни избор...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 0:44:37   
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM

Мислам дека не ја нарушува приватноста зашто ние самите избираме кои слики може да се гледаат , не само слики било какви информации...и сами избираме кои луге може да ни го гледаат профилот и сл.


се согласувам.....user posted image


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 1:14:08   
alex_mo
  Уште еднаш мислсам дека не ја нарушува...Нешто се зборуваше за хакери..Па добро на ФБ на пр јас имам ставено небитни слики....што мислам дека кој и да ги види не би ми штетело.Сами треба да одбереме што ке ставиме на својот профил и кого ке прифатиме за пријател.Некогаш имам неколку барања за пријател ,но ги прифакам само оние кои ги знам и со кои би се дружела,а се друго Игнор.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 8:02:41   
profesorica
Да, фб ја нарушува приватноста, џабе ти е ако ги ставиш приватни слики кога ако еден од твоите пријатели ја тагне твојата слика тогаш кај сите пријатели на твоите пријатели излегува истата слика на зидот, така што добиваш безброј непосакувани пријатели кои ги гледаат твоите слики. освен тоа ако некој искоментирал на твоја слика, негов пријател може да ти го види цел албум.

мене не ми смета но сепак ја нарушува приватноста.

инаку мене не ми пробиле профил но на колегава и на шефот им го пробија и тоа заради покерот(украдоа парите)user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 9:35:16   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: alex_mo

Уште еднаш мислсам дека не ја нарушува...Нешто се зборуваше за хакери..Па добро на ФБ на пр јас имам ставено небитни слики....што мислам дека кој и да ги види не би ми штетело.Сами треба да одбереме што ке ставиме на својот профил и кого ке прифатиме за пријател.Некогаш имам неколку барања за пријател ,но ги прифакам само оние кои ги знам и со кои би се дружела,а се друго Игнор.



epa vo ovoj kontekest...da ne vi kazuvam kade i bese liceto,na montiran strip na taa devojkata so vi kazuvav pogore sto i  go haknaa profilot...znaci ako nekoj ti se nakani da ti zeme slika ,dovolno ke bide samo vasata faza od nekoja epten nevina fotografija

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 11.1.2010 9:45:33 >

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 9:42:58   
jovanka
Da definitivno samo zavisi od nas kolku ke dozvolime taa da bide narusena.Zatoa vnimatelno sto objavuvate,

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 9:47:02   
arh_diz
Dokolku saka nekoj moja slika moze da me slika i da ima slika od mene bez jas da znam . E sega dokolku sakame da stavae sliki od polugoli ili nesto slicno toa mislam deka moze da ni nasteti. Taka da sekoj za sebe razmisluva sto treba da stavi na FB. Citav na net deka lugeto koi konkuriraat za rabota im go proveruvaat FB ama nebese za Makedonija

< Поракaта ја уредил arh_diz -- 11.1.2010 9:49:06 >


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 9:53:13   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Dokolku saka nekoj moja slika moze da me slika i da ima slika od mene bez jas da znam . E sega dokolku sakame da stavae sliki od polugoli ili nesto slicno toa mislam deka moze da ni nasteti. Taka da sekoj za sebe razmisluva sto treba da stavi na FB. Citav na net deka lugeto koi konkuriraat za rabota im go proveruvaat FB ama nebese za Makedonija


се согласувам...
јас ставам слики, најчесто и најмногу заради братучетките кои не се во македонија па ова им е најлесен начин да гледаат како расте Лука, а и јас да си ги видам внучињата.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 13:42:49   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Да, фб ја нарушува приватноста, џабе ти е ако ги ставиш приватни слики кога ако еден од твоите пријатели ја тагне твојата слика тогаш кај сите пријатели на твоите пријатели излегува истата слика на зидот, така што добиваш безброј непосакувани пријатели кои ги гледаат твоите слики. освен тоа ако некој искоментирал на твоја слика, негов пријател може да ти го види цел албум.

мене не ми смета но сепак ја нарушува приватноста.




Апсолутно НЕ се сложувам...ако некој ти ја тагне сликата каде си ти имаш опција да ја отстраниш ознаката...друго кога се објавуваат слики во албум мора малку да внимавете кога уредувате и сами одлучувате дали сакате сликите да ви ги гледаат само пријатели, пријатели на ваши пријатели или сите...така да одлуката е вашаuser posted image


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 14:28:12   
profesorica
пенелопа

ако некој се тагне на твоја слика автоматски излегува на неговиот профил  а таму можат да те гледаат сите нејзини/негови пријатели.

друго во врска со албумите.џабе ти е ако ги имаш ставено албумите да ти ги гледаат само пријателите кога ако некој твој пријател на фб искоментира на твоја слика, тогаш сите негови контакти можат да ти го разгледаат цел твој албум

и трето:убаво вика мотхер29, ако некој сака да те хакне, може само главата да ти ја отсече и да се најдеш во некоја ненормална поза.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 14:34:46   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

пенелопа

ако некој се тагне на твоја слика автоматски излегува на неговиот профил  а таму можат да те гледаат сите нејзини/негови пријатели.

Е како може некој да се тагне на твоја слика...значи мора да ти е прјател...ти сама или си го дадала или си го прифатила...пак ОДЛУКА!

друго во врска со албумите.џабе ти е ако ги имаш ставено албумите да ти ги гледаат само пријателите кога ако некој твој пријател на фб искоментира на твоја слика, тогаш сите негови контакти можат да ти го разгледаат цел твој албум

Апсолутно не е така..ако албумот е наместен само за пријатели- останатите неможат да го гледаат---во ова сум апсолутно сигурна од искуство

и трето:убаво вика мотхер29, ако некој сака да те хакне, може само главата да ти ја отсече и да се најдеш во некоја ненормална поза.



< Поракaта ја уредил penelopa -- 11.1.2010 14:35:11 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 14:46:06   
profesorica
пенелопа ај попросто ќе ти објаснам

јас и мотхер 29 сме пријателки на фб.

ако она се тагне на моја слика кај што е и она, тогаш таа слика автоматски изглегува на нејзин профил и сит енејзини пријатели можат да ја видат таа слика.

друго: мами е пријател со мотхер 29 а со мене не.ако мотхер 29 изкоментира на слика од мами, тогаш јас ќе и го видам цел албум иако не сме пријателки на фб.

нека ме поправи некој ако грешам


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 14:50:03   
mami
Ако мотхер искоментира на моја слика, а мене албумот ми е направен да може да го видат само пријатели, тогаш ти како пријател на мотхер ке можеш да ја видиш само таа слика, а албумот не...ама тоа и не е важно, ако некој сака да те хакне ке си најде начин- сигурно постои...затоа таму само информации кои и не се толку важни

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста!
11.1.2010 14:51:26   
April

ако она се тагне на моја слика кај што е и она, тогаш таа слика автоматски изглегува на нејзин профил и сит енејзини пријатели можат да ја видат таа слика.

друго: мами е пријател со мотхер 29 а со мене не.ако мотхер 29 изкоментира на слика од мами, тогаш јас ќе и го видам цел албум иако не сме пријателки на фб.

Професорица, мислам дека ако имаш означено дека само пријателите можат да ти го видат албумот, таа слика ќе ја видат само вашите заеднички пријатели, а не сите нејзини.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?