niki -> RE: Дали Facebook ја нарушува приватноста! (10.1.2010 15:15:36)
|
А што се случило? Имам профил на Фб, ама го имам колку да се рече, скоро никогаш не се приклучувам, ниту пак знам како точно функционира. Гледам дека многумина кои ги познавам имаат профили и постојано ми стигаат пораки од нив и досадни пораки од луѓе кои не ги познавам кои сакаат да ме прикачат како пријател, па така најчесто кога сум на Фб притискам игнор. Мене манијата за таа страница ме нема фатено и веројатно нема ни да ме фати. Дека може да ја наруши приватноста, секако, дека некој може да ги злоупотреби сликите или податоците објавени таму или било каде на интернет и тоа е можно, затоа секој сам за себе си е одговорен и секој за себе треба да биде внимателен. Како што не демнеат разни опасности во реалниот свет, не демнеат и во виртуелниот и треба да бидеме свесни за тоа и претпазливи. И тоа што ќе си го изнесе некој животот или сликите на нет е најмал проблем, но откривањето на адреси, сметки во банки, кодови од кредитни картички, тука е вистинскиот проблем и таа малку забава на нет, што навидум е безбедна може некојпат навистина скапо да не чини.
|
|
|
|