RE: Породилно отсуство (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


blue_blue -> RE: Породилно отсуство (30.9.2010 15:18:54)

Секое боледување за нега на дете до 3 години е на товар на фондот. Значи работодавецот ти одбива тебе 100% дневница за тие денови за кои не си на работа, ги носи документите во социјално или фонд (не знам више кај) и тебе после они ти исплаќаат. Ако уште не си ни тргнала на работа после породилно значи ни плата не ти исплатиле. значи си продолжува да ти исплаќа социјално.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Боледување кои е до 15 дена е на товар на фирмата (се исплаќа 90% од плата), по 15 дена е комисиско и тоа е на товар на фондот. Ако сакаш да искористиш повеќе денови земи си 15 дена, па направи прекин еден ден (оди на работа или земи еден ден Г.О.) па пак боловање. Јас така ќе правам додека не ми се заканат со отказно решение [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




blue_blue -> RE: Породилно отсуство (30.9.2010 15:21:02)

Боледување за тебе лично и за дете над 3 години до 21 ден е на сметка на фирма (односно ни тоа не е на сметка на фирма зошто по закон за секој ден што си на боледување ти одбиваат од плата и тоа има процентуално колку ако си до 5 дена на боледување, ако си до 15 и ако си до 21 ден). Така што ич не се секирај фирмата не е оштетена во никој случај ти кога си на боледување




Палешка РР -> RE: Породилно отсуство (30.9.2010 15:21:52)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Јас за жал не можам да земам боледување на товар на фирмата (од морални причини)


Браво Snowhite, ретки се таквите како тебе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] изгледа газдите на фирмата го заслужиле тоа.
Моите ме отпуштија на принуден одмор, на 30 Април 2009 година, па кога им соопштив дека сум бремена, ме вратија. Ама тоа беше невиден стрес за мене...и мноооогу други работи, но тоа е веќе друга тема.
Воопшто немам грижа на совест, не не [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Породилно отсуство (30.9.2010 15:23:28)

Ако нема прекин меѓу породилното и боледувањето, односно породилното ти заљвршува на пр. на 29.09, тогаш боледувањето треба да започне од 30.09. за да биде на товар на фондот. Ти даваат боледување во траење од 15 дена со препорака за комисија.




Палешка РР -> RE: Породилно отсуство (30.9.2010 15:26:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Секое боледување за нега на дете до 3 години е на товар на фондот. Значи работодавецот ти одбива тебе 100% дневница за тие денови за кои не си на работа, ги носи документите во социјално или фонд (не знам више кај) и тебе после они ти исплаќаат. Ако уште не си ни тргнала на работа после породилно значи ни плата не ти исплатиле. значи си продолжува да ти исплаќа социјално.




Не blue_blue. Породилното е прекинато, јас зедов плата за два дена Г.О. во Август (за Септември не сум зела плата) Кога сум на боледување до 15 дена, фирмата ми исплаќа 90% плата, а ако сум повеќе од 15 дена треба да одам на комисија, што е многу комплицирано да се успее (ако си здрав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])
Така е барем во мојата фирма со години.




Snowhite RR -> RE: Породилно отсуство (1.10.2010 2:04:38)

Ја прашав докторкта и да, за деца до 3 години секое боледување што се отвора за нега на дете е на товар на фондот, ако е за мене, тогаш е на товар на фирмата




Natuska85 -> RE: Породилно отсуство (11.10.2010 21:33:14)

Здраво мамички.Јас сум ептен нова на форумот и ептен тазе трудница[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].Е сеа вака сакам да ве прашам нешто баш за породилното отсуство.Ако знае некој да ми каже за време на породилното отсуство кој ги плаќа придонесите,фирмата или фондот???малку во комплицирана ситуација сум на работа па да си прашам со време,уште пред да кажам на работа дека сум малку трудничка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image].
Поздравчее




AnnaMolly RR -> RE: Породилно отсуство (11.10.2010 22:50:33)

Натушка85, парите за породилно отсуство ги плаќа Министерството за здравство. Твоите газди немаат ама баш никакви трошоци. Ќе земаш онолку пари на колку што си пријавена. Јас не бев пријавена на работа, но откако им кажав дека сум трудна самите се понудија да ме пријават, само за да ми направат услуга додека сум на породилно да земам пари, да не седам дома без никакви приходи. Сепак ова зависи и од самите газди. Јас има огромна среќа моите да ми се погодат ептен фер и добри. Со среќа со бременоста, да ни се роди уште едно рингерајче! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




Natuska85 -> RE: Породилно отсуство (11.10.2010 23:59:34)

Фала ти АннаМолли на брзиот одговор.Поздрав




Snowhite RR -> RE: Породилно отсуство (12.10.2010 0:36:57)

Да Натушка, додека си на породилно се ти покрива фондот, но под услов да имаш континуиран работен стаж од најмалку 6 месеци пред терминот, затоа ако не си пријавена, би ти препорачала, побрзо да ги известиш за да има време да те пријават, се разбира како што рече Анамоли, ако имаш среќа да ти се погодат фер




Natuska85 -> RE: Породилно отсуство (12.10.2010 10:07:35)

Пријавена сум и повеќе до 6 месеци за среќа.Знам дека пари ќе зимам од фондот ама не ми беше јасно за придонесите.Супер ако е така.А пари ќе зимам толку на колку сум пријавена сега или....?




AnnaMolly RR -> RE: Породилно отсуство (12.10.2010 11:20:09)

Пари ќе земаш на колку што си пријавена кога ќе го поднесеш боледувањето.
Јас дел од платата ја земав преку банка, а дел на рака. Е сега на породилно го земам само тој преку банка. Колку-толку, подобро од николку [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




pavcule -> RE: Породилно отсуство (13.10.2010 21:10:09)

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.




anedespo -> RE: Породилно отсуство (14.10.2010 9:30:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.


Сега има пак промени , не е 100 % како пред 2 години. Сега пак земаат просек на фирма. Можеш да го земеш кога сакаш породилното, па и до последен ден можеш да одиш на работа ако сакаш.




baby_bump -> RE: Породилно отсуство (14.10.2010 21:49:30)

“Надоместот за породилното сега е 100 отсто од просекот од платата на родилката во последните 12 месеци, освен за оние со многу големи плати. Ним им се исплаќаат две просечни нето-плати на Република Македонија, а тоа е некаде околу 30,000 илјади денари.
ИНТЕРВЈУ: МАЈА ПАРНАРЏИЕВА - ЗМЕЈКОВА, ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ“ ова е од 14,10,2010.

Значи просек од плата на родилката, а не просек на плата од цела фирма, така да ако имаш фиксна плата, тогаш и породилното ќе биде фиксни 100% од сумата која ја земате преку банка, ако пак платата ви зависи од некакво остварување, норма или процент кој варира секој месец, тогаш ќе има разлика меѓу платата што сте ја земале и висината на породилниот надомест.




Snowhite RR -> RE: Породилно отсуство (18.10.2010 0:17:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.


Мораш, значи мораш 28 дена пред термин да го земеш, ако сакаш можеш да одиш до последен ден, ама ќе ти скратат еден месец, јас така знам, инаку да, трае 9 месеци




AnnaMolly RR -> RE: Породилно отсуство (20.10.2010 15:18:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.


Мораш, значи мораш 28 дена пред термин да го земеш, ако сакаш можеш да одиш до последен ден, ама ќе ти скратат еден месец, јас така знам, инаку да, трае 9 месеци

Мене боледувањето ми е отворено на 10 Јуни, а јас се породив на 13 Јуни. Ама одобрено ми е породилно отсуство. На извештајот што ми стигна од министерство за здравство ми пишува дека ми следува исплата за породилно отсуство од 10 јуни 2010 до 6 март 2011, значи цели девет месеци.




anedespo -> RE: Породилно отсуство (20.10.2010 15:41:57)

Ја се породов во 2008 и тогаш беше 100%, а сега се врати колешка од породилни и вели и исплаќале 80% од платата. За првото во 2004 знам дека земаа просек од фирма и просек од гранка, мојата плата е фиксна.




pavcule -> RE: Породилно отсуство (20.10.2010 20:16:38)

i jas razbrav ako go zemes pokasno(znaci cel 9 odis na rabota) fondot toj mesec ne ti go isplaca,ja prasav sestrata kaj ginekologot i ona kaza nema vrska, deka mozes koga sakas.
moze koga sakas ama dali fondot togas ce ti dade 8 ili 9 meseci, i sega nisto ne mi e jasno.
a mene najsigurno mi e da si go zemam 9 pa so bide neka bide.




baby_bump -> RE: Породилно отсуство (21.10.2010 14:49:34)

Мислам дека тој месец фондот не ти го исплаќа, бидејќи си на работа, за тој месец ке земеш плата од фирмата. Ако некој знае поинаку, нека каже.

Еве на мене сега не ми е јасно дали овој месец (28 дена пред датумот) ќе ми влезат во породилно?
Јас сум останата на тоа предпородилно боледување, сеуште не сум породена, краен термин ми е 2 ноември, а книговодителот чека да му однесеме извод и отворено породилно откако ќе се роди бебето, значи тоа може да биде секој момент, но може да биде и после датумот, значи кога веќе ќе поминат пресметките за плата за месец Октомври (тој ги работи платите за претходниот месец, некаде од 5-10 во месецот).
Значи ли ова дека ако го преносам бебето некој ден и ако му ги однесат сите документи после правењето плата за фирмата за месец Октомври, дека тој ќе ме пријави во фондот дури во месец декември, кога ќе ја прави платата за Ноември??
Бидејќи така ќе имам скоро 2 месеци каснење во старт и уште неколку потоа..... па тоа значи пари ќе видам дури на лето!!!!!
А во меѓувреме? Што ќе јадеме, од што ќе платиме кирија, пелени, облека???
Значи и покрај тоа што работам и добро заработувам јас всушност ќе бидам социјален случај, ќе чекаме од платата на сопругот и од помошта на моите?
Ужас........




Snowhite RR -> RE: Породилно отсуство (21.10.2010 16:10:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


ИЗВОРНА ПОРАКА: pavcule

Zdravo.A dali isplacaat cela suma 100% od neto platata(taa na koja sum osigurana) ili 70-90%.
I dali sega porodolnoto otsustvo trae 9 meseci i dali mozes najrano da go zemes 28 dena pred terminot za poraganje,odreden od ginekologot, ili pak pokasno koga sakas.



Мораш, значи мораш 28 дена пред термин да го земеш, ако сакаш можеш да одиш до последен ден, ама ќе ти скратат еден месец, јас така знам, инаку да, трае 9 месеци

Мене боледувањето ми е отворено на 10 Јуни, а јас се породив на 13 Јуни. Ама одобрено ми е породилно отсуство. На извештајот што ми стигна од министерство за здравство ми пишува дека ми следува исплата за породилно отсуство од 10 јуни 2010 до 6 март 2011, значи цели девет месеци.




а терминот кога ти беше?

Во законот пишува дека ако одиш цел 9ти на работа за тој месец ќе земеш плата и не ти следува боледување. Е сега мене терминот ми беше 18ти јануар, боледувањето ми го отворија на 1ви , а се породив на 28, бебушов мој истемпира точно, така да не ми е и мене многу јасно тоа. Јас последна контрола кај матичната направив на 31 дек и таа ми го пиша на 1 јан и јас ја прашав дали не треба порано, рече нема врска, кој ги знае веќе





Snowhite RR -> RE: Породилно отсуство (21.10.2010 16:13:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

Мислам дека тој месец фондот не ти го исплаќа, бидејќи си на работа, за тој месец ке земеш плата од фирмата. Ако некој знае поинаку, нека каже.

Еве на мене сега не ми е јасно дали овој месец (28 дена пред датумот) ќе ми влезат во породилно?
Јас сум останата на тоа предпородилно боледување, сеуште не сум породена, краен термин ми е 2 ноември, а книговодителот чека да му однесеме извод и отворено породилно откако ќе се роди бебето, значи тоа може да биде секој момент, но може да биде и после датумот, значи кога веќе ќе поминат пресметките за плата за месец Октомври (тој ги работи платите за претходниот месец, некаде од 5-10 во месецот).
Значи ли ова дека ако го преносам бебето некој ден и ако му ги однесат сите документи после правењето плата за фирмата за месец Октомври, дека тој ќе ме пријави во фондот дури во месец декември, кога ќе ја прави платата за Ноември??
Бидејќи така ќе имам скоро 2 месеци каснење во старт и уште неколку потоа..... па тоа значи пари ќе видам дури на лето!!!!!
А во меѓувреме? Што ќе јадеме, од што ќе платиме кирија, пелени, облека???
Значи и покрај тоа што работам и добро заработувам јас всушност ќе бидам социјален случај, ќе чекаме од платата на сопругот и од помошта на моите?
Ужас........


Кога ќе му ги однесеш документите што ти ги бара, значи извод и боледувње, тогаш книговодителот ќе ги однесе во фондот, не значи дека ќе треба да ја чека платата за ноември да ја прави, ако е помината за октомври тогаш нема проблем




AnnaMolly RR -> RE: Породилно отсуство (21.10.2010 16:16:22)

Baby_bump, породилното исплаќање посекако касни со месеци. Инаку, како што кажав погоре, мене матичниот гинеколог по договор ми отвори боледување од 10 јуни, а јас се породив на 13 јуни. И од 10 до 30 јуни фондот ми исплати пари, иако боледувањето ми е отворено само три дена пред да се породам. Во септември зедов за јуни пари, а сега треба за јули, а веќе дојде и ноември. И само јас и мм знаеме како ни беше кога имавме само 1000 денари и една недела до плата, а треба да се купат пелени, млеко и слично, а не па нешто дома за да има за јадење. Да не спомнувам сметки! Ама тоа ти е тоа кај нас, чудно ќе биде ако нешто се направи на време. Еве сега и него со плата му каснат. Се снаоѓа човек како што знае и умее. Наместо да се исплатат парите кога најмногу ни се потребни, се чека со месеци. Ќе се издржат 2-3 месеци. Не дека имаме некој избор [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Само бебенцето нека се роди здраво и живо.




AnnaMolly RR -> RE: Породилно отсуство (21.10.2010 16:17:40)

Терминот ми беше на 29 јуни, Snowhite, пак само 19 дена ќе беа поминати.




Blue Glow -> RE: Породилно отсуство (12.11.2010 22:16:22)

Палешка и јас планирам исто боледување од 15 или евентуално 21 ден па до крај одмор. Мада морам да оставам и некој ден за после краен термин  Ива се роди 5 дена после терминот, па да не биде и со второво така, да се мисли за излагање...
Него знае ли некој кога боледувањето е 21 ден од првостепена е на товар на фондот или фирмата?




Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>