Еца -> RE: Породилно отсуство (29.8.2009 15:00:12)
|
Изворна порака Весна: Можеби веќе е пишувано на оваа тема, но јас не ја најдов. Најдов само за паричен надоместок. Како и да е, ме интересираат условите и потребната документација за заминување на трудничко. А доколку некој знае и нешто повеќе за некоја „кривинка“ за порано добивање на трудничко, а тоа да не биде боледување, фино би било да сподели. Особено ме интересира исплатата, односно процентот што го исплаќа (фирмата во којашто си вработен или самата држава). Некако не ми се познати овие правила. Сакам што поскоро да заминам на тоа трудничко, зашто на работа по осум/девет саати сум врзана пред компјутер (значи само седам) и малку ми е напорно, а посебно што малово го носам релативно ниско, а не е препорачливо премногу седечка положба. Помооооош!
|
|
|
|