femme.k -> RE: Породилно отсуство (26.4.2013 14:52:23)
|
Ме интересира како оди процедурата за добивање боледување како патолошка бременост. Имам сериозни проблеми со тироидната жлезда, од којашто добив и тахикардија. Сега земам лекови за тироидната из а срцето што се многу штетни за плодот. Од преголемото срцебиење неможам да стојам, наутро по два саати неможам да одам, значи се тресам цела и ако застанам на нозе 5 минути ми се темни и се губам. Докторката што ми ја води болеста со тироидната смета дека не смеам да работам,матичниот гинеколог исто така па ме прати да одам во гак кај некоја докторка да земам извештај за боледување. Докторката таму буквално не ме слушаше што и кажувам, резултатите од се речиси не ги ни погледна само ми кажа какво боледување, ти треба да се лечиш со лежење дома нема ова да се излечи. Значи се лечам и се друго но неможам да издржам на работа. Ми напиша само 2 недели боледување,а кога отидов на шалтер да платам ми се стемни, се растресов цела, срцето пак ми убрза и пак паднав. Ме интересира кои состојби ги сметат за ризична, патолошка бременост? Дали спаѓам во таа група?
|
|
|
|