RE: Породилно отсуство (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


linak -> RE: Породилно отсуство (11.5.2015 10:34:40)

Драги рр-ки сакам да прашам дали може да се продолжи породилно отсуство после завршувањето на 9 месеци (мислам дека имаше таква опција да се продолжи од 1 до 3 месеци неплатено),и ако има некоја од вас искуство како оди таа процедура. Мене ми завршува породилното на 6ти август,за прво дете 9 месеци породилно отсуство,а би сакала да го продолжам барем 1 месец плус.




Mihaela 2010 -> RE: Породилно отсуство (11.5.2015 11:09:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: linak

Драги рр-ки сакам да прашам дали може да се продолжи породилно отсуство после завршувањето на 9 месеци (мислам дека имаше таква опција да се продолжи од 1 до 3 месеци неплатено),и ако има некоја од вас искуство како оди таа процедура. Мене ми завршува породилното на 6ти август,за прво дете 9 месеци породилно отсуство,а би сакала да го продолжам барем 1 месец плус.

A da probas so pedijatarot da ti dade 15 dena pa uste 15 komisiski?
Jas taka praev so kerka mi i taka terav tocno do godinka, posle si go iskorisiv i odmorot i ne fati godina i mesec..




nova_mama -> RE: Породилно отсуство (16.6.2015 7:55:54)

Dobar den na site
Sakam da ve prasam za da se zeme trudnicko boleduvanje min treba raboten staz neprekinato 6 meseci ?Znaci pocnav da rabotam a pokasno doznav deka sum trudna ke mozam sea da zemam trudnicko posle tie 6 meseci a me rijavija od 2 mesec bremena ?




sandriana RR -> RE: Породилно отсуство (16.6.2015 9:14:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nova_mama

Dobar den na site
Sakam da ve prasam za da se zeme trudnicko boleduvanje min treba raboten staz neprekinato 6 meseci ?Znaci pocnav da rabotam a pokasno doznav deka sum trudna ke mozam sea da zemam trudnicko posle tie 6 meseci a me rijavija od 2 mesec bremena ?

nova_mama, битно е на денот на отворање на боледувањето да имаш полни 6 месеци стаж - тогаш ти следува надоместот од ФЗО.




pepuska -> RE: Породилно отсуство (18.6.2015 12:43:24)

Јас сакам да прашам после колку време од отварањето на породилното отсуство сега почува исплатата зашто со претходната бременсот ми почна после 3 месеци инаку сум од Скопје




sandriana RR -> RE: Породилно отсуство (18.6.2015 12:49:31)

pepuska, во најдобар случај месец ипол после породувањето би требало да има исплата, доколку редовно твојата фирма ги подмирува давачките и платите.
Во случај да доцнат, има контакт мејлови на кои можеш да се обратиш за информација - многу се ажурни во однос на одговарање на прашања, барем да знае човек на што е - дали е уредна доставената документација, и кога отприлика би имало исплата.




jasminagorjandejan -> RE: Породилно отсуство (19.6.2015 13:57:58)

Од март 2015 исплата на породилно без доцнење

СЛЕДЕТЕ НЕ НА:
Follow @zdravstvo24.mk
Ако фирмата отиде во стечај или навремено не ги исплаќа надоместоците за вработените лицата кои се на породилно отсуство или боледување ќе продолжат да добиваат пари од државата. Ова се однесува и на вработените со определено работно време доколку договорот за работа завршува во текот на боледувањето. Услов е да бидат осигурани најмалку 6 месеци пред да почне породилното, а фирмите во законски рокови мора да ги достават потребните документи. Владата на синоќешната седница одлучи со законски измени да се олесни и забрза исплатата на надоместоците за боледување.

maja parnardzieva zmejkova

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе ја гарантира исплатата без разлика дали фирмата редовно ќе ги подмирува здравствените придонеси или не или пак ќе отиде во ликвидација или стечај.

Ќе се гарантира и исплата на надоместокот за породилно за лицата кои се вработени со договор за определено време и ако тој биде прекинат за време на породилното отсуство. Останува обврската да бидат плаќани придонесите шест месеци пред отворањето на породилното отсуство, информираше директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева – Змејкова.

На вчерашната владина седница е усвоен модел кој треба да овозможи навремена исплата на надоместоците или пак за одредени лица можност првпат да ги остварат правата на вакви надоместоци. За тоа, појасни, се потребни и законски измени кои треба да бидат усвоени во наредните три месеци и да почнат да се применуваат од март наредната година, додаде Парнарџиева – Змејкова.

- Првата и најголема измена ќе значи ФЗОМ да ги гарантира и исплаќа надоместоците за веќе отворено боледување и породилно отсуство без разлика дали фирмата каде лицето работи плаќа или не плаќа навремено придонес за здравствено осигурување. Фондот за ќе ги гарантира и исплаќа породилните надоместоци и за лицата кои што имаат договор на определено работно време без разлика дали тој ќе им истече додека трае породилното отсуство. Трета законска измена значи воведување дисциплина кај фирмите со цел навремено и редовно доставување на барањата за отворање породилни отсуства и боледување преку утврдување рокови и санкции доколку тие не се почитуваат, рече Парнарџиева Змејкова.

Таа појасни дека за да се овозможи навремена исплата на надоместоците се планира и административно олеснување во поднесување на барањата.

- Практично фирмата осигуреникот или болницата само со еден документ и електронска достава ќе можат автоматски да му најават на Фондот дека предметот за боледување или за породилно е отворен, а Фондот сите потребни документи ќе ги обезбеди по службена должност, рече директорката на ФЗОМ.

Фондот воведува и нов модул систем за автоматизирање на целиот процес на обработка на предметот во подрачните служби со цел, како што рече таа, да се намали потребата од човечки ресурси и да се минимизира ризикот од административен застој на предметите и нивнатата обработка.

Сите измени, според Парнарџиева Змејкова, треба да овозможат да се обезбеди исплата кога на младите родители или на болните им е потребен надоместокот, а тоа е, како што рече, веднаш, како и да се елиминираат гужвите на шалтерите, да се минимизира периодот на достава на предметите, да се забрза исплата, да се растоварат фирмите од одредени обврски…

На ваков начин, потенцира директорката на ФЗОМ, ќе се елиминираат причините за застој и проблеми во исплатата на надоместоците, кои од анкета направена минатата година биле лоцирани во најголем дел или 35 проценти кај фирмите поради ненавремена или неточно пресметана исплата на првите денови од боледувањата кои се на нејзин товар, потоа 30 проценти во ненавремено поднесување на барањата за отворање боледување или породилно, како и заради некомплетна документација, неажурност на Фондот или ненавремена исплата на придонеси од страна на фирмите.

Од ФЗОМ не очекуваат новиот модел да има сериозни финансиски импликацџии односно зголемување на средствата за надоместоци, оти како што рече парнаџиева Змејкова, Фондиот бил долќен да ги исплати без разлика кога ќе го направи тоа дали порано или подоца,

За наредната година во Буџетот на ФЗОМ се планирани околу 1 милијарда и 650 милиони денари за надоместоци за породилно и околу 400 милиони денари за надоместоци за боледувања. Годишно боледување или породилно користат околу 21.000 осигуреници.

Tags: боледување вработени исплата модел популарно породилно топ фзом фирми
GO CITAM A NE SAM ZEMALA PORODILNO OTKAKO SE PORODIV.




nova_mama -> RE: Породилно отсуство (29.7.2015 12:04:40)

Da ve prasam jas rabotam vo edna firma sea me prijavija na 19.06.2015 no firmata kasni so plati, na elektronskata karticka pisuva vo koja firma sum i od koja data sum prijavena no se uste neam plavi kartoni dodeka ne se prokrisi prvata plata?Dali ke imam porodilno i terminot mi e od prilika 23.01.2016 ? znaci ke imam skoro 7 meseci.Fala ako moze nekoj neka mi odgovori




lukajana RR -> RE: Породилно отсуство (29.7.2015 12:31:37)

Нова мама треба да бидеш пријавена шест месеци за да земеш породилно ,вака според терминот би требало да те фати иако ке си кнап со оглед на тоа дека обично месец пред породувањето се оди на породилно.
А за плави картони обично во фирмите што редовно плаќаат здравството важи по два месеца,незнам колку каснат кај вас ама тебе со сите прегледи во бременоста потребни ти е здравство инаку ке треба да си плаќаш приватно па да бараш рефундација од фонд




Melanija RR -> RE: Породилно отсуство (29.7.2015 14:26:58)

nova_mama осигурување нема да имаш се додека каснат со плата, додека не дојде месец по месец.Ако вака каснат ќе треба да плаќаш приватно па да бараш да ти рефундираат како што ти пиша lukajana RR. Прашај во фирмата , Ти веќе треба имаш плата и осигурување до 1 август.Ако ти платат во август која и да е дата ќе имаш до 31 август




lukajana RR -> RE: Породилно отсуство (30.9.2015 23:51:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tamara..

Zdravo...ja otvoriv temava bidejki ne mozev da najdam nisto vo vrska so ova..
Bi sakala da znam sega brzo koj zemal tridnicko? I kolku pari prefrluvaat,dali e 100% od platata ili minimalno?





Mihaela 2010 -> RE: Породилно отсуство (1.10.2015 9:54:21)

Prefrluvaat 100% od platata i sto e najvazno ne docnat




bojanaaa -> RE: Породилно отсуство (29.10.2015 4:11:05)

zdravo me interesira jas go dostaviv dokumentot za porodilno od doktorkata vo firmata.. sega sum vo misla nisto drugo ne sum prijavuvala vo fondot dali jas treba da ja zavrsam taa rabota ?? i koga treba ?? ili toa go vrsi firmata??




Felly RR -> RE: Породилно отсуство (29.10.2015 7:43:17)

Обично тоа го прави фирмата, штом си го доставила, и не ти рекле ништо, сигурно тие ќе ја завршат таа работа. НО не сум сигурна, мислма дека документите се доставуваат до фондот дури одкако ќе се породиш, и тогаш треба д а им доставиш и извод за бебето.
Патем добредојде на форумот, пиши ни нешто за тебе, кога го очекувате [sm=duda.gif]




bojanaaa -> RE: Породилно отсуство (29.10.2015 9:48:21)

Fala ti mnogu za informacijata jas pak ke se rasprasam vo fondot...Inaku terminot mi e sega na 1vi noemvri uste ja cekame.. devojce ke bide....




bojanaaa -> RE: Породилно отсуство (29.10.2015 19:01:30)

dobra vi vecer na site.. Imam uste edno prasanje do vas..predporodilnoto bolovanje vazi 28 ili 45 dena?? [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Породилно отсуство (29.10.2015 22:23:38)

Ако го земеш редовно се отвара 28 дена пред термин ,а доколку си на патолошка тогаш се смета 45 дена од термин




ivoni4ka -> RE: Породилно отсуство (30.10.2015 7:51:11)

Женчиња,

како да постапам во врска со породилното?
имено работам во оваа фирма до денес 2 месеци, а сум бремена 9 недели и уште не сум кажала на работа дека сум бремена и незнам како газдата ќе реагира, бидејќи е малку тресене човек. имено ќе имам мин 6 месеци за услов за породилно, ама ако ме отпушти ( што не смее, ама на се морам да бидам спремна) каде се поднесуваат документи за пороилно во тој случај?
бидејќи во работен однос книговодителот ги средува тие работи, а со прекинат работен однос?

поздрав




lukajana RR -> RE: Породилно отсуство (30.10.2015 8:01:13)

Со прекинат работен однос не поднесуваш ништо никаде зашто не користиш породилно боледување за жал [sm=smiley13.gif]




Jupe -> RE: Породилно отсуство (30.10.2015 11:31:20)

ivoni4ka me ne me izbrkaa koga bev 7 mesec.Smee da te izbrka,ednostavno ti istekuva dogovorot i gotovo,oti jas bev osigurana na opredeleno vreme,mesec za mesec,mine mesecot i moze da ti rece ne ni trebas veke.
Ako veke si na bolovanje togas ke prodozis da zimas pari stom imas 6 meseci staz.No ako imas prekin samo 1 den vo rabotniot odnos togas ne ti sledi nisto.Mene koga me izbrkaa gi molev da ne me odjavat odma,najdov druga firma kade sto se prefrliv,ama tie prvo treba da pustat oglas vo sluzben vesnik,pa toj trae 5 dena,pa posle duri moze da se prefrlis.Pa uste 2 meseca sama si plakav pridonesi,pa posle si go otvoriv porodilnoto.Maltretiranje.




Felly RR -> RE: Породилно отсуство (9.11.2015 8:07:00)

Женски, ми стигна решението за породилното, уште минатата недела. За колку време да очекувам да ми исплатат?




sandriana RR -> RE: Породилно отсуство (9.11.2015 9:29:16)

Felly,кај мене решението стигна 1 месец пред да ми заврши породилното [sm=smiley1.gif] Првата испалата ја добив после 2 месеци од отворањето на породилното.
Пиши си меил на ФЗО да проверат до каде си, дали го сработиле твојот предмет и дали е даден за исплата. Така и ќе ги потсетиш, во случај да те подзабутале негде со предметот.




DaniDaniSS -> RE: Породилно отсуство (24.11.2015 13:36:05)

Zdravo mamicki :-) Prvo so lesno na site. Ne sum sigurna dali na pravo mesto pisuvam. Sakam da prasam nesto
Od 6 nedela krvaram so kafen iscedok do 10 -ta nedela . znaci mi se fakja pp ednas vo nedelata nekolku dena imam oskudno krvarenje. Od 13-ti mesecov sum na boleduvanje neli 14 dena pa sega ke me prakaat na komisija so dijagnoza O20 . Inaku ustanoveno e so poslednoto krvarenje koe beshe malku.poloso deka mi se poodlepila placentata. Da.prasam dali moze da me odbie komisijata. Navistina mi ttreba miruvanje. Fala vi [sm=zmeden.gif]




Melanija RR -> RE: Породилно отсуство (24.11.2015 14:42:17)

DaniDaniSS постот ќе биде копиран во темата Боледување во бременост==ТУКА
Ако гинекологот напише мислење дека треба да мируваш сигурно ќе ти одобрат.Но во таа тема ќе пише некоја рингерајка која има искуство




kokicekokice -> RE: Породилно отсуство (26.11.2015 11:09:11)

Здраво мамички.Ми се ближи денот кога треба да тргам на работа после 9 месеци породилно.Сакам да продолжам уште дома со комбинирање на годишен одмор +боледување од мојот доктор или од педијатарот.Прашањето ми е дали после истекот на породилното веднаш можам да продолжам со овие опции или морам да одам на работа на пр бар 1 недела за да има период од прекин(т.е. дали после боледување може повторно да се продолжи со боледување,незнам законски дали е можно).




Страница: <<   < Претходна страница  26 27 28 [29] 30   Следна страница >   >>