RE: Породилно отсуство (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Mihaela 2010 -> RE: Породилно отсуство (5.11.2014 13:04:24)

jas uste od sega se plasam kako ke bide koga ke bidam na porodilno,so ova kasnenjevo[sm=zmeden.gif]
Posto sum vo drzavna administracija mene i mi odgovara noviov proekt sto go planiraat,bar ke znam deka redovno ke zimam,ama sto so drugite sto se vo privatni firmi??? nikoj denes ne te gleda,bez razlika vo kakva sostojba se naogas...treba malku da se sredi toa okolu redovnosta na isplatite..baska so kredit sum lele lele ke bide,so M srekja imav edna prijatelka vo socijalno,pa koga gi nosea moive od rabota dokumentite mi javuvaa deka se dostaveni,pa taka jas sekoj mesec ja gnjavev uste vednas da gi fati i da me stavi na listata na isplata,pa srekja gurav nekako,koj znae sto ne ceka vo idnina




blond -> RE: Породилно отсуство (5.11.2014 13:29:10)

Михаела истото се плашам и јас. Во државно сум и мене ми одговара фирмата да го исплаќа породилното.

Се сеќавам со синок кога бев на породилно, 3 месеца после пораѓај допрва ми пуштија пари на боледување што бев пред пораѓај. Првото породилно некаде после Н.Г го земав, а се породив крај на Јуни... Катастрофа!




vezilka RR -> RE: Породилно отсуство (5.11.2014 13:58:58)

Целта на мерката е вели директорката, парите што побргу да стигнат до породилките. А од друга страна вели дека од дата на пријава на породилното до првата исплата е 15 дена, проблемот бил што фирмите не пријавувале навреме. Тогаш јас не гледам како со оваа мерка ќе ги натераат да го пријавуваат побргу породилното?? Тие секако прво ќе треба да најават дека исплаќаат породилно а не плата некаде, оти не може да исплаќат плата на некој што е на породилно. Сепак нема да го решат проблемот со ова. И плус вели дека вовеле уште една мерка ако не пријави фирмата во рок од три месеци, фондот автоматски ќе подигне постапка и самата ќе го отвори. Значи со предходнава мерка која веќе ја донеле и функциобнира го решиле проблемот за кој вели дека е причина за новата мерка. Или јас не разбирам, или тие не знааат што зборат. Или мислат дека ние не знаеме да мислиме!!




blond -> RE: Породилно отсуство (5.11.2014 14:07:12)

Ja vezilak nisto ne sfativ [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

A be kako moze drzavno da ne prijavi na vreme za porodilno? Ja imav covek vo socijalno i mi kazuvase deka problemot e sto nema pari vo fondot [sm=smiley13.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Породилно отсуство (5.11.2014 14:08:50)

A be kako moze drzavno da ne prijavi na vreme za porodilno? Ja imav covek vo socijalno i mi kazuvase deka problemot e sto nema pari vo fondot


Isto





vezilka RR -> RE: Породилно отсуство (6.11.2014 13:25:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: blond


A be kako moze drzavno da ne prijavi na vreme za porodilno?


Абе барем ова лесно се проверува, гледаш датата од приемниот печат на пријавата и датата на првата исплата и сваќаш дека нејзините 15 дена немаат врска, туку се минимум три месеци.




vezilka RR -> RE: Породилно отсуство (18.11.2014 14:26:38)

Дечки, ај кој знае да ми помогне. Од 1 декември морам да се вратам на работа, два ипол месеци порано. Дали сеуште важи онаа (ихиххи ко што се мењаат закони кај нас, да си прашам дали уште важи) да се зема половина од породилното до истекот на породилното до датата по решение и плус што ќе си земаш плата. И како да го направам тоа. Треба барање до ФЗО, јас или од фирма и што друго?




Felly RR -> RE: Породилно отсуство (18.11.2014 18:27:10)

Порано требаше твоја изјава дека по твоја желба го прекинуваш породилното боледување и се враќаш на работа, а за тоа пола породилно - автоматски следуваше до истекот на тие 9 месеци. Сега не знам дали има измени.




sandriana RR -> RE: Породилно отсуство (24.11.2014 13:45:14)

Има ли овој месец исплатено фондот породилно? Или доцнат?
Јас се уште немам ни прва исплата, од Септември[sm=zmeden.gif]. Може ли телефонски да се добијат информации?




Dilina -> RE: Породилно отсуство (26.11.2014 8:31:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Има ли овој месец исплатено фондот породилно? Или доцнат?
Јас се уште немам ни прва исплата, од Септември[sm=zmeden.gif]. Може ли телефонски да се добијат информации?


Вчера прашав пријателка од фзо, ќе доцнат [sm=smiley19.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Породилно отсуство (26.11.2014 9:03:53)

leleee pa neli najnovo demek ke se kasni najmnogu 15 dena??? e znaci drzavickava ni e uzasna[sm=smiley11.gif]




AneLav RR -> RE: Породилно отсуство (26.11.2014 9:42:00)

Ве читам луѓе и се чудам, значи овде во Струга јас парите за породилно отсуство си ги добивав редовно. Мислам првиот месец нормално закаснија ама понатака редовно ги добивав. Проверете дали ви е се во ред со документите знаат и да ги изгубат.




Aleksx2Leon -> RE: Породилно отсуство (16.12.2014 9:01:35)

Aj jas da si prasam sea, vo privatna firma rabotam i sega od smetkovodstvo mi rekoa deka stom sum vlegla vo 9ti moram da go otvoram porodiln oto zatoa sto demek ne smeele da me drzat na rabota vo 9ti mesec... jas ova prv pat go slusam, imam mnogu prijatelki koi si go otvorija porodilnoto nekolku dena pred poragjanje a imam edna so se porodi pa maz i otide i go otvori porodilnoto, i toa se se slucai od skoro,aj ve molam koj ima iskustvo neka mi kaze kakov e sea ovoj nov zakon ili ovie kaj mene si pravat nekoi filmovi???zaso ja da go otvoram u 36ta nedela fakticki ke izgubam cel mesec od porodilnoto bez vrska, mislam...kolkavi se sansite deka ke se porodam odma? [sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Породилно отсуство (16.12.2014 16:07:50)

Јас , те. мм го отвори моето боледување на денот кога се породив, така да не верувам дека има некои измени такви за 3 месеци. И јассум во приватен сектор.




Dilina -> RE: Породилно отсуство (17.12.2014 8:33:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksx2Leon

Aj jas da si prasam sea, vo privatna firma rabotam i sega od smetkovodstvo mi rekoa deka stom sum vlegla vo 9ti moram da go otvoram porodiln oto zatoa sto demek ne smeele da me drzat na rabota vo 9ti mesec... jas ova prv pat go slusam, imam mnogu prijatelki koi si go otvorija porodilnoto nekolku dena pred poragjanje a imam edna so se porodi pa maz i otide i go otvori porodilnoto, i toa se se slucai od skoro,aj ve molam koj ima iskustvo neka mi kaze kakov e sea ovoj nov zakon ili ovie kaj mene si pravat nekoi filmovi???zaso ja da go otvoram u 36ta nedela fakticki ke izgubam cel mesec od porodilnoto bez vrska, mislam...kolkavi se sansite deka ke se porodam odma? [sm=smiley36.gif]


не е точно ова, можеш до последен ден да седишако се е во ред. Мене исто ме натераа 45 дена пред термин да го отворам. т.е. не ме натераа туку одоколу си кажаа :D и така сега морам да се вратам на 7ипол месеци....




Aleksx2Leon -> RE: Породилно отсуство (18.12.2014 8:43:29)

ccc bezobrazni....pa i mene toa mi ide u glava, deka koga mene ke mi trebaat denovite, so [sm=duda.gif] doma ja ke moram da se vratam na rabota... kakvi se lugjevo znaci [sm=zmeden.gif] epa sega ja budala ke si se pravam i ne go otvaram, ako epten zapnat moze 2 nedeli pred termin da go otvoram a za porano NEKA SE SLIKAAT [sm=hudicek1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Породилно отсуство (18.12.2014 8:47:34)

Jas kolku znam ako teras patoloska otvaraat 45 dena pred termin a onaka 30 dena pred .ama koleska moja se porodi pred 3-4 dena,termin i bese na 12.12 a taa uste si idese na rabota,znaci koga ti sakas togas ke si otvoris
Jas so prvata bremenost od GAk me vodat kako 36 nedela porodena a po moe i maticnata 38,sto ne mora da znaci i deka so vtorava bremenost ke se porodam stom vlezam vo 9 ti..na porodilno treba da odam od 21 mart ama ke vidam kako ke se osekjam,bi sakala da teram cel mart,a ponekogas takva safra me fakja na rabota si vikam odvaj cekam da dojde 21.03[sm=smiley36.gif]
se nadevam deka ke uspeam nekako da go iscuvam bebe do godinka kako sto napraviv so kerka mi,neznam kako e sega ama ke se baraat vrski[sm=zmeden.gif]




Aleksx2Leon -> RE: Породилно отсуство (18.12.2014 9:33:59)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010
bi sakala da teram cel mart,a ponekogas takva safra me fakja na rabota si vikam odvaj cekam da dojde 21.03[sm=smiley36.gif]




Se prepoznavam vo recenicava [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




blond -> RE: Породилно отсуство (20.12.2014 13:30:51)

Jas bev na patoloska i mi go otvorija porodolnoto eden mesec pred terminot. A inaku mozes da odes na rabota do posleden den :)




sandriana RR -> RE: Породилно отсуство (22.12.2014 8:49:51)

Значи муабетиве за реализација на исплата на породилно ми прават мачнини до вомитирање, да ми простите [sm=smiley11.gif]
Нели за 2 седмици по приложување на уредна документација ќе исплаќаа, да, а?
Од 12ти Септември сум на боледување, и дури после 3 испратени мејлови кај одговорниот во фзо, и одговор од нивна страна дека пресметките се направени заклучно со 11ти месец и испратени во финансии за исплата, тие ми исплаќаат во четвртокот само остатокот од Септември! Е па како да верувам во институциите?




vezilka RR -> RE: Породилно отсуство (22.12.2014 12:59:28)

Абе ти реков јас дека пред три месеци нема шанси да ти исплатат. ёТоа не се случило мислам. За неколку дена моѓно е да ти исплатат и уште некој месец, ако не си во последната тура што ја исплаќаат, или евентуално другиот месец ќе ти исплатат сите простанати одеднаш.
Јас документите ги поднесов на 25 јуни, а прво породилно земав во октомври. И тоа почетокот на месецет за половина од мај, и некаде на средина на месецет уѓште две. Па нареден месец преостанатите.




Dilina -> RE: Породилно отсуство (23.12.2014 22:06:15)

Jaс отидов на боледување месец ипол пред термин и чекав уште 3 месеца за да ми ислпатат ..... 4ипол месеца исто ко две недели да бе [sm=jezicek.gif]
Него да прашам има ли исплати месецов? Кај некој слушнав дека има, а мојава сметка уште е у минус [sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Породилно отсуство (29.12.2014 22:27:38)

Ρингеρајκи ајде малκу помош, можеби сте пишувале, ама стваρно немам вρеме да читам. Ме интеρесиρа во вρсκа со поρодилното отсустцо од 3 месеци κое е неплатено, нели таκов заκон се донесе, па аκо неκоја од вас го исκоρистила или знае нешто повеќе за тоа, да ме инфоρмиρа. Имено ме интеρесиρа најпρво дали моρа да се κоρисти во κонтинуитет после стандаρдното отсуство од 9 месеци или може и поκасно и аκо може поκасно, најκасно до κоја возρаст на детето, исто дали тρеба сите 3 месеци да се κоρистат одеднаш или може поделено и κои доκументи се потρебни за поднесување и κаде се поднесуваат доκументите .




lukajana RR -> RE: Породилно отсуство (30.12.2014 13:41:26)

Јас пред да одам на труднечко се распрашував ми рекоа дека не мора да се користи одма може и покасно да се активира најдоцна до 3 години на детето ,а документи сигурно исто како за обично труднечко во социјално




sandriana RR -> RE: Породилно отсуство (30.12.2014 13:56:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Jaс отидов на боледување месец ипол пред термин и чекав уште 3 месеца за да ми ислпатат ..... 4ипол месеца исто ко две недели да бе [sm=jezicek.gif]
Него да прашам има ли исплати месецов? Кај некој слушнав дека има, а мојава сметка уште е у минус [sm=jezicek.gif]

Dilina, доби ли пари? Кај мене на 25ти мислам пуштија за 2 месеци.




Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>