beki RR -> RE: Барам работа (3.8.2010 11:33:48)
|
Јас сум професор по математика.Од кога дипломирав дури не се породив сменав дури 7 училишта.Се некаква замена.Секој август барав работа, стрес што да ти кажам. Секој август истата приказниа, биро за развој на образование, шетање по школи, па средби со директори, подрачен министер за образование ....Многу тешко. Да се работи во училиште , може да биде прекрсано а може да биде и ужасно.Сум поминала низ секакви училишта.сакав да работам вистински ко шо треба, но за жал во нашите училишта веќе така не се работи.Целата работа е штимање оценки, а знаењето е ставено негде на сттоти план.Во седмо одделение имаше ученици кои не знаеја таблица множење, а со такви се сретнав и во трета година средно. Не е лесно, но сепак тоа се само деца и човек некогаш може вистински да ужива во работата со нив.Веќе не работам и за жал никогаш нема да работам како професор по математика.А толку ја сакам таа математика.Мојот живот замина во друга правец и сега ќе се занимавам со нешто друго. Весна, јас те подржувам да побараш работа во некое училиште, средно, основно не е важно.А можеш и да пробаш со приватно школо.Во охрид одлично функционираат.Но градат имиџ на школо кое вреди да се посетува.Ако ученикот добие двојка, не го примаат веќе на приватни часови. Годишна цена мислам дека е околу 200 евра, од ученик.
|
|
|
|