Andriance -> RE: Барам работа (9.4.2012 19:46:10)
|
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Групацијата ЕОЅ е водечка финансиска компанија во Европа за Откуп и наплата на побарувања и факторинг аранжмани присутна на 3 континенти во повеќе од 24 земји. ЕОЅ брои повеќе од 4.000 вработени и секаде нуди еднакви можности за вработување. Македонската компанија на ЕОЅ Групацијата, ЕОЅ Матрих доо има отворена позиција за: Дипломиран правник Асистент во Правниот оддел на компанијата, на определено време од една година (замена на отсутен работник до негово враќање на работа) Кандидатот што го бараме: • Има високо образование (завршен Правен факултет VIA / VII1) со положен правосуден испит, • Има одлично познавање во делот на облигационото право, должничко – доверителски односи и работно искуство од најмалку три години на правни работи, • Има одлично познавање и способност за работа со компјутер особено МS бизнис апликации, Word, Excel, MS Outlook (неопходен услов), • Има познавање на англиски јазик на ниво на бизнис комуникација, * Работно искуство во правни работи во,за или во соработка со интернационални корпорации е предност. Нашиот асистент: • Работи во Правниот оддел на компанијата, • За потребите на одделот и клиентите превзема активности во процесот на судска наплата на побарувања, • Ја застапува компанијата во судски спорови пред судовите на РМ • Изготвува правни акти и врши работи поврзани со статусно право и норматива, • Изготвува месечни извештаи за превземените активности, Kандидатите кои успеаа својот интерес да го видат во наведената позиција, своите биографии треба да ги достават на mk-hr@eos-matrix.com со задолжителна назнака на кодот на позицијата за која аплицираат или на адреса: Кеј Димитар Влахов 3/1,Скопје. Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи. EOS, With head and heart in finance КЛИК КЛИК vo ovaa firma rabotam jas...ako imate prashanja slobodno pp
|
|
|
|