Snowhite RR -> RE: Барам работа (27.7.2011 23:01:33)
|
Леле, аман веќе со тоа колку знаеш за банката, уште на тоа одат, јас пред 5 год аплицирав и тогаш тоа го бараа, како најважно за да те вработат да е тоа колку знаеш за банката. Еве јас ќе ти кажам, Прокредит е банка која се грижи за малите и средните претпријатија и нив им дава кредити бла бла, и се труди да биде поразлична од другите банки, со тоа што има поинаков пристап со клиентите и кажи си нешто со свои зборови или прочитај на веб странта 5 реченици се. Инаку кога аплицирав јас бев во потесниот круг и заедено со мене аплицираше исто од мојот град познаник и тоа со ДИВ факултет и замислете него го примија, а мене не[sm=smiley13.gif] И сега пред неколку дена го сретнав и ми кажа дека се откажал, не го исполнувала работата, ниски плати, многу работа, без можност да просперираш, да напредуваш и сите што биле тогаш вработени откажале. И ми рече ич да не ти е криво што не те примија, мене ми е криво, можеби ќе беше подобро да не ме примеа Ама како и да е, ако те примат како практикант и да не ти дадат решение, сепак ќе ти биде искуство плус за понатаму во животот. Се разбира ако немаш некоја друга шанса во моментот
|
|
|
|