kasiopea -> RE: Инсеминација (2.2.2011 16:21:34)
|
Ништо ново кај мене и овој пат ,затоа ме нема ни на форумов. Многу размислував овие неколку денови (добив во саботата, точно на 14ден после инсеминација, па немав потреба ни од тест) и решив малку да одморам од инсеминации а и од целата мисија забременување. Да бидам искрена, мислам дека малку повеќе се оптоварив со идејата за бебе и си наметнам невиден притисок, па најверојатно си направив некаква психичка бариера. Затоа решив малку да олабавам,да си се вратам на вежбање, да почнам почесто да излегувам и сл.,односно да си се вратам на својот нормален живот, зашто не знам за другите ама јас претерав со сите мерки што ги превземам за што побрзо забременување. Сега ќе се обидам да кулирам и да не мислам на тоа, барем неколку месеци
|
|
|
|