lindicka -> RE: Инсеминација (8.3.2012 12:32:25)
|
Другарки, ај здраво и од мене, одамна не сум пишала, а гледам вие имате дебата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. АЈ да пријавам ги пријавам и јас случувањата за овој месец. Земав кломифен од 5-9 ден, на 10ти ден бев на фоликулометрија, имав два поголемки фолекула на десниот и 3 од 10 мм на левиот, на 11 ден примав 1 инекција фостимон, и на 14ти ден бев на контрола. Докторот ми рече дека тој ден и следниот ќе ми пукне фолекулот, и така. Но, бевме активни од 10 до 14 ден заклучно, 15ти ден го прескокнавме ( имавме други обврски, не оти сакавме,) и 16ти пак. И, сега многу се нервирам ако имало пукање на 15 ден а ние го прескокнавме, докторот не ми кажа ништо поврзано со прескокнување како што читам, за зајакнување на спермата? Кога треба да се има односи, пред пукањето или после? Ова ми е вечна мистерија! Многу се нервирам ако сме го пропуштиле денот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]п.с пресреќна сум оти имам овулација на 14 ден, првпат ми се случува! Кога ми го кажа докторот ова се се частев![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Друго, срам не срам го прашав докторот за мачината трева-очајница, ми рече дека би можело да се пие заедно со кломифен, затоа што тоа е чај и е на природна база. Затоа си купив мачина трева, од битпазар, онаа поделена во кесички, 50 ден едно кесе, купив 10, да видам резултат, па ако има ќе купам уште 10. Жената што ја продава ми рече дека оваа била, а не очајницата, дека очајницата делувала антибактериски на јајниците, а оваа била за неплодност. Дали згрешив или не, ќе видиме, ако треба ќе ја купам и другата!. Здрави и живи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] ! Голем поздрав до сите. Може треба да се собереме да си ги кажеме маките во живо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]. Сајна со среќа на инсеминација, и на сите со среќа и [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image]
|
|
|
|