Melanija RR -> RE: Инсеминација (29.12.2012 14:48:13)
|
Од лично искуство со 3 инсеминации, 8 пати пиено кломифен постојат неколку правила во процедурата кои некои лекари не ги почитуваат можеби сметајќи како што и ние кажуваме ако треба да биде ќе биде.Тоа е така ,но во ова напредно време забораваат дека и ние многу работи до некаде знаеме. =Кога ќе се прими прегнил или друга инсекција на база на гонодоприн , фоликулите со големина од 18мм до 23-24мм треба да пукнат во рок од 24 до 36 часа.И во тој период се прави инсеминација.Ова е честа грешка а со тоа и неуспешна инсеминација. =Кога ќе одите на инсеминација посебно ако се поминати скоро 36часа или наближуват и ако сте имале болки во јајници барајте да ви направат ехо.Ако фоликулите се поодамна прснати (тоа на ехо они ги гледаат) тогаш се проценува дали воопшто се прави инсеминација. =Се проверува преку крв 15 дена по инсеминацијата,секој порано направен тест е лажен. =Доколку не сте стимулирани тогаш инсеминацијата се прави тогаш кога докторот ќе процени дека фоликулите се доволно големи и ќе прснат. =Ако сте стимулирани ,веројатно околу 13-14 ден од циклус се прави инсеминација. =Занемарете кога претходно сте добивале ако треба да добиете нема да биде очекувата дата(пример добивате на 35 ден),кога сте стимулирано ќе добиете 14 дена по овулацијата,што значи 28 до 30 ден. =Доколку примате утрогестан вагинално ,на 15 ден од инсеминација направете проверка преку крв дали сте бремени,ако не планирате да правите тој ден тогаш најчесто тој ден се прекинува со утрогестан и во тој случај ќе добиете за 4-5 дена ,значи 28 ден +4 дена=32 ден од циклус
|
|
|
|