RE: Инсеминација (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


butterfly 00 -> RE: Инсеминација (12.3.2013 15:10:49)

Babyhope ne mi e prva inseminacija, mi bese vtora, no nekako procentot na uspesnost e mal, a imam 33 god i nekako ne mi se gubi vreme, znam deka doktorite preporacuvaat poveke, a i nemi se pijat tolku hormoni, a znam deka procentot na uspesnot e mnogu pomal, pa zatoa sakam da probam vaka, maz mi ima dijagnoza teratozoospermija, a kaj mene prolaktinot bese do samata granica pa mi dadoa da pijam lekovi i sega go srediv i go odrzuvam vo normala. Doktorot bese epten pozitiven rece ada ne se sekirame deka ke bide samo mozebi ne se pogodil momentot, pa neznam utre treba da mi kazat koga ke nizakazat pa da vidie kako ke ne sovetuva i sto ke ni predlozi, nase e da se borime za nasite [sm=modricrtici.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација (12.3.2013 18:43:55)

butterfly 00 јас имав 3 неуспешни инсеминации,а забременив природно поселе 2месеци од последната инсеминација.
Затоа и беше мојот совет да се стрпиш,еве и јас имам 32 години со нецелосно проодни канали и без овулација.
Како и да е важно е да веруваме дека ќе биде и ќе дојде нашиот ден [sm=smiley1.gif]




butterfly 00 -> RE: Инсеминација (12.3.2013 21:10:58)

Melanija se zavisi i od dijagnozata sto ja imate, ako ste nemale nekoj pogolem problem ste uspeale prirodno, maz mi ima losa dijagnoza za prirodno zabremenuvanje pa zatoa razmisluvavme za in vitro, no sekako ke napravam pauza malku psihicki da se opustam inaku Koga pisa deka prirodno SI zabremenila bas se izraduvav, sega ti posakuvam lesna bremenost Vo koja ke uzivas pa se nadevam i posakuvam i nie sto sme na forumov deka sto pobrzo ke gi vidime nasite [sm=modricrtici.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (19.3.2013 14:53:23)

Здраво рингерајки,

Јас денес направив домашен тест за бременост и испадна негативен, инсеминација правеве на 4 март, докторот рече на 16-ти ден по инсеминација тест. Скроз бело прозорче од тестот, ни мала линија барем ни бутур......

Меланија или другите, кога се прави најрано тест преку крв, на колку дена задоцнување? (башка мене не ми доцни, 30 ден ми е, некогаш добивам на 28, некогаш на 30 дена.

Само ги имам симптомите како за добивање, не верувам дека испадна нешто од нашава инсеминација................




butterfly 00 -> RE: Инсеминација (19.3.2013 18:17:40)

LoveableMe zdravo, nemoj da se sekiras pa i testot da e negativen, sto e nase ke si dojde, jas ovaa nedela se spremam za nasata treta inseminacija, sakav da odam na invitro, no doktorot ne mi dade rece da probame uste ednas zosto rezultatite bea dobri, pa ne se otkazuvam si vikam ajde sega ke bide treta sreka :) znam kolku e stresno koga treba da go napravis testot, no toa e morame da se borime za nasite [sm=modricrtici.gif] Pisi koja inseminacija ti e ?




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (19.3.2013 18:47:50)

Бутерфлај 00,

Прва инсеминација ми е, имав 4 фоликули, претходно малку покачен пролактин регулиран Достинекс, а сопругот има тератозооспермија, ама рекоа дека можеле да извадат доволно за инсеминацијата. Докторот ми рече почекај уште некој ден, па прави пак тест.

Ти посакувам успех и набрзо да не израдуваш со вести за [sm=nosecka.gif]. Поздрав,




butterfly 00 -> RE: Инсеминација (19.3.2013 20:29:20)

Lele nie ja imame ama bas istata dojagnoza jas imav pokacen prolaktin pa go srediv so dostineks, a soprugot teratozoospermija pa ni rekoa i nas deka taa dijagnoza e idealna za inseminacija, ti pustam mnogu sreka uste od prvata inseminacija da ostanes bremena. Kade ja pravese inseminacijata i kaj koj doktor? So sto te stimuliraa?




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (19.3.2013 20:59:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly 00

Lele nie ja imame ama bas istata dojagnoza jas imav pokacen prolaktin pa go srediv so dostineks, a soprugot teratozoospermija pa ni rekoa i nas deka taa dijagnoza e idealna za inseminacija, ti pustam mnogu sreka uste od prvata inseminacija da ostanes bremena. Kade ja pravese inseminacijata i kaj koj doktor? So sto te stimuliraa?


E demek idealno za inseminacija, ama testov denes Self Clear pokaza "negativen" [sm=zmeden.gif]. Prva inseminacija mi e, ja pravev kaj d-r Mitko Ivanovski vo SISTINA. Mnogu maka vidov so hormonite, pisuvav prethodno chas urlav, chas se smeev....za greota bev, sega sum malku posmirena.

Aj da pocekam denovive dali ke dobijam, pa ke kazam. Morame zaedno da se poddzruvame, sto da pravime. Pozz i ti pustam srekja, ajde moze ke ne fati "vetrot" dvete [sm=nosecka.gif]




butterfly 00 -> RE: Инсеминација (19.3.2013 22:49:37)

LoveableMe hormonite se cirkuzi [sm=smiley36.gif], jas koga ja pravev prvata inseminacija imav macnini, zacesteno mokrenje i ponekogas menuvav raspolozenie[sm=zmeden.gif], a so vtorata ama bas nisto ne cuvstvuvav, so tretava neznam kako ke bide :) I nie odime vo Sistina, no kaj d-r Lazarevski. Ne se razocaruvaj za negativniot test sepak ova e inseminacija moze ne se poklopilo se za [sm=duda.gif] Ajde ti pustam sreka za [sm=modricrtici.gif] pa pisi tuka sme za bilo kakva pomos :) [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација (19.3.2013 23:12:56)

LoveableMe тест преку крв се прави на 15 ден од инсеминација,а за добивање не се брои според твое добивање туку според денот на направена инсеминација.
Пример ако инсеминација правиш на 15 ден + 15 дена се прави тест преку крв што значи вкупно циклус на 30 дена.
Како и што спомнав и мм имаше трератоозоспермија но јас имав само по 1 фоликул секогаш па после 3 инсеминации забременив природно.Така што правете инсеминација но шансите за природно се исто така добри [sm=bravo.gif]
Важно е на денот на инсеминацијата колку е прочистената сперма,колку милиони




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (20.3.2013 9:33:17)

Меланија,

Благодарам за советот, значи место да правам дома тестови, најсигурно беше да направам преку крв. Денес ми е 17-ти ден од инсеминацијата, чекам да видам дали ќе добијам до утре, па после ќе правам тест преку крв. Меланија не знам, не ни кажаа кога ја прочистија спермата каков квалитет беше, рекоа добра е за инсеминација, ама немам параметри....

Инаку, јас точно на 16-ти ден се јавив во Лабораторијата на ГАК горе на Клиника, им објаснив на телефон што сакам да тестирам, лаборантката сепак ми рече почекај уште некој ден.

Батерфлај 00, мене ме стимулираа со Кломифен, Естрофем 2х2 дневно (морам за ендометриумот), Достинекс (едно на четири дена, а по инсеминацијата 1/2 на 7 дена, јас дополнително пијам природни капсули Витекс за намалување на пролактинот по 2 дневно, примив инекција Оvitrelle (како прегнил) и ставам вагинален гел навечер секоја вечер Crinone. Пиши тебе како те стимулираат.

Меланија, Батефлај 00 и сите останати, благодарам што вака се поддржуваме во вакви моменти навистина ни треба поддршка за успех и најдобро не разбираат тие што се борат да имаат деца одреден период. Другите што набрзо останале бремени без проблеми и да сакаат, не можат целосно да не разберат.

Ајде борбата продолжува, што да правиме......позз до сите

Заборавив исто дека пијам Аспирин протект 100, еднаш дневно пред јадење и Фемибион витамини 1 дневно по јадење.




Melanija RR -> RE: Инсеминација (20.3.2013 14:12:31)

На отпусните листи на ГАК пишува тест бета после 15 дена а кога одиш во лабараторија по шприцот ти кажуват колку милиони има ,ако не ви кажуват слободно прашај те си.

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за голема бета




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (20.3.2013 14:57:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

На отпусните листи на ГАК пишува тест бета после 15 дена а кога одиш во лабараторија по шприцот ти кажуват колку милиони има ,ако не ви кажуват слободно прашај те си.

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за голема бета


Меланија, можеш да објасниш дали за спермограмот кажуваат колку милиони или...? Јас правев инсеминација во СИСТИНА, што ќе ми кажат на ГАК? По каков шприц кога одиш во лабораторија? Извини, немам искуство и не те сфатив на што мислеше. Фала однапред. Позз,




Melanija RR -> RE: Инсеминација (20.3.2013 15:42:02)

Спомна дека си се јавила на ГАК па мислав таму си ја правела инсеминацијата затоа.Значи кога се остава материјал се обработува прочистува 2 часа и кога ќе ти направат инсеминација треба да ти кажат колку милиони излегле прочистени сперматозоиди.Нас ни се движеше околу 8-9 милиони.
Таа прочистена сперма со едно како шприц ти ја вбризгуваат во матка.

Можеби не објаснуваат во Систина но таа е постапката за инсеминација.




butterfly 00 -> RE: Инсеминација (20.3.2013 23:06:29)

I jas vo Sistina gi pravam inseminaciite i kazuva d-r kolku milioni ima, nas za prvata ni kaza 14, a za vtorata 15 milioni se nadevam deka za tretata ke imame uste poveke, pa treta sreka i [sm=nosecka.gif] Vi posakuvam sto pobrzo da gi vidime nasite dve crtki




Meki -> RE: Инсеминација (21.3.2013 14:33:01)

Jas pravev inseminacija na 3 i na 4 ovoj mesec a prosliot mesec dobiv na 22. denes e 21 mart i seute nemam dobieno. Bidejki imam mnogu bolna menstruacija obicno imam simtomi vo vid na bolki vo kicma vo stomak edna nedela odnapred, a sega gi custvuvam istite simptomi kako da ke dobijam. Dali imal nekoj slicno iskustvo? [sm=smiley13.gif]




tea 88 -> RE: Инсеминација (21.3.2013 23:11:05)

poz do site i sto pobro da se izraduvame so [sm=duda.gif]. i jas pravev inseminacija kaj Dr,Tase vo Plodnost i za zal bese neuspesna. kaj nas e se vo red osven prolaktinot kaj mene koj ne se simnuva i so terapija i veke rasmisluvam za operacija vo Zagreb. so klomifen se postignuva ovulacija no ne ide do bremenost sigurno poradi prolaktinot. sakam da ja prasam LoveableMe kakvi Viteks koristi i dali ti pomagaat? i dali ne e stetno da se pijat so Dostinex zaedno?




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (22.3.2013 11:35:46)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

poz do site i sto pobro da se izraduvame so [sm=duda.gif]. i jas pravev inseminacija kaj Dr,Tase vo Plodnost i za zal bese neuspesna. kaj nas e se vo red osven prolaktinot kaj mene koj ne se simnuva i so terapija i veke rasmisluvam za operacija vo Zagreb. so klomifen se postignuva ovulacija no ne ide do bremenost sigurno poradi prolaktinot. sakam da ja prasam LoveableMe kakvi Viteks koristi i dali ti pomagaat? i dali ne e stetno da se pijat so Dostinex zaedno?


Теа, зошто ти скока пролактинот? За каква операција зборуваш? Не знам за Витексот и Достинексот, од скоро почнав да ги пијам (околу 1 месец), кога ќе правам испитување ќе ти пишам дали има ефект.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (22.3.2013 11:42:14)

Рингерајки,

Денес бев на ГАК, правев тестирање преку крв и испадна негативен резултатот (вредноста на ТбХЦГ кај нив пишува <6,1, a кај мене беше <1,00, така што не сум бремена, неуспешна е и нашата инсеминација. На цела мака, сретнав една колешка (скоро вработена кај нас), тестираше за 3-то дете (од др. националност) и ми се изнасмеа кога слушна дека првпат правам тест и дека немам ниедно дете досега, на цела мака што ја имам.[sm=smiley19.gif]

Сеуште не сум добила, 33-ти ден ми е, обично добивам на 28-30 дена. Гинекологот ми рече ако не добијам до понеделник, да одам да ме види. Кажете ми дали може да е некое пореметување од хормоните што ги примав или е нешто посериозно што толку ми доцни, а не сум бремена? Малку сум загрижена.

Меланија, те молам пиши тука или во Инбокс дали тестирањата на ГАК за хормони се добри, дали се прават само сабајле, дали имаат редовно реагенси или не? Мислам ти таму одеше. Јас досега хормони тестирав во Јане Сандански и задоволна сум од кај нив, но ми се малку подалеку, бидејќи живеам во Центар.

Поздрав до сите




Melanija RR -> RE: Инсеминација (22.3.2013 11:50:16)

LoveableMe навистина ми е жал [sm=smiley13.gif]
За хормоните сега ќе ти пишам во темата ТУКА
Ако земаш утрогестан прекини го ,јас од кога ќе престане после 4-5 дена добивав.Не ти доцни многу од инсеминација има поминато 19 дена (не брои според како добиваш туку според ден на направена инсеминација)
значи 3 дена.Мој совет сочекај до понеделник ако не во вторник на ехо.Но сигурно не е посериозно.
Ако прими нешто за пукање на фоликулите нема проблем.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (22.3.2013 11:57:14)

Меланија, прекинав денес со утрогестанот и со сите апчиња и ќе чекам да добијам, ако не добијам до понеделник, обавезно одам кај гинекологот да види што е. Да, примив Овитрелле инекција за пукање на фоликулите, 2 дена пред инсеминацијата.... човек што не ќе нааучи, еве не знаев дека по утрогестанот треба да почекам уште неколку дена за да добијам.... ќе докторира човек на областа дури да стане родител, да му се невиди........

Ок, те чекам да ми пишеш за хормоните, да имам информации, ако се одбир на ГАК, да продолжам таму да одам да тестирам хормони.

Позз, фала ти однапред за советите




tea 88 -> RE: Инсеминација (22.3.2013 12:49:20)

LoveableMe mnogu mi e zal sto ne ti uspea ineseminacijata znam kako vi e na site no jas i ne ime veruvam tolku na inseminaciite. i mojata ne bese uspesna i doktorot sakase da mi napravi uste edna no mu rekov deka sansite se mnogu mali koga imam samo po eden do dva folikuli so klomifen i podobro so inekcii ovoj pat vo kombinacija so klomifen barem ke ima poveke folikuli i belki od niv ke se najde nekoj zdrav da se oplodi. a za prolaktinot ne mi e skoknat tuku postojano mi e tolku. sabajlevo go ispitav i mi e 70 so dostinex. neznam dali da prodolzam so dostinex dali ima sansa i ponatamu da paga sto mislite ili da preminam na bromergon?

zaboraviv da ti odgovoram za operacija na mikroadenomot. Se vrsi vo Zagreb uspesno endokrinologot taka mi rece. veke mi e smaceno i od prolaktin i od ispituvanje. celo vreme smo ispituvam hormoni. proodnost na kanali, laparaskopija i histeroskopija i se e vo red samo ovoj glup prolaktin.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (22.3.2013 14:01:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

zaboraviv da ti odgovoram za operacija na mikroadenomot. Se vrsi vo Zagreb uspesno endokrinologot taka mi rece. veke mi e smaceno i od prolaktin i od ispituvanje. celo vreme smo ispituvam hormoni. proodnost na kanali, laparaskopija i histeroskopija i se e vo red samo ovoj glup prolaktin.


Абе каква операција на микроаденом??? Со сите што имам дискутирано ендокринолози, гинеколози, се зема појака терапија со Бромергон (поголема доза дневно) и се суши микроаденомот за неколку месеци, нема потреба од операција и после не прави никакви проблеми во бременост или во животот. Среќна околност е што се лечи со апчиња и не прави после никакви проблеми, едноставно се суши и го снемува. Но најдобро да го средиш него, пред да се обидуваш да забремениш, пошто ако го оставиш расте во бременост и може да ти направи проблем. Знам, јас снимав глава да видат да не имам микроаденом поради зголемен пролактин, немав ништо се беше во ред, но ми рекоа и да имаш, ќе те третираме со Бромергон неколку месеци, ќе се исуши и после остани слободно бремена.

Побарај второ мислење обавезно, еве ти препорачувам оди во Ендомед кај докторката, супер искусна е, посетува семинари во Словенија и во странство, работи со сини картони, ќе видиш ќе ти препорача терапија со Бромергон.

А тој ендокринологот не знаеше да ти каже само аденомот да го лечиш, да не трчаш по други испитувања пред тој да се среди, џабе да не се мачиш? И кој е тој гинеколог што прави инсеминација со неизлечен микроаденом?????? Значи кој све нема диплома......

Меланија и останати рингерајки,

Пред малку добив кафеаво, така позадебелено, не е течно и како обично што добивам црвено и обилно, кажете дали така се добива менструација после инсеминација? Фала однапред. Поздерав,





tea 88 -> RE: Инсеминација (22.3.2013 14:09:36)

jas ne sum od Skopje od Prilep sum.taa doktorkata vo Endomed e endokrinolog? aj pisi mi vo pp kako se vika i broj ako imas? jas odam kaj Pemovska na klinika. a za toa kafeavoto i jas taka dobiv posle inseminacijata prvo kaveavo vecerta a duri drugiot den mi dojde men.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација (22.3.2013 14:19:40)

Ti prativ mejl/poraka so podatoci za ordinacijata. Pozz




Страница: <<   < Претходна страница  94 95 96 [97] 98   Следна страница >   >>