Werty -> RE: Испитувања во бременоста (24.7.2010 10:43:59)
|
Ноне, немој да си правиш непотребни јадови со црни мисли. Јас имам 38 години, 24 недела сум бремена со третото бебе и се чувствувам супер, секако со вообичаените труднички ситни нелагодности. Треба да знаеш дека бебиња со Даунов синдром не им се случуваат само на постари мајки. Овој пат решив дека нема да правам амниоцинтеза доколку нема сериозни индиции дека би можело да има некаков проблем со бебето. (Минатиот пат, пред две години, бебето ми умре четири дена по амниоцинтезата - односно, што велат лекарите, веројатно влегло во статистиката од 1,5% зафати кои тргнале на лошо.) Затоа, сега прво два пати кај различни лекари го мереа нухалниот набор кај бебето (мојот матичен и во Ре-медика) и беше многу мал. Тоа е добро. Потоа направив дабл тест во лабораторијата на Авицена кој покажа низок ризик. Потоа во 20 недела направив скрининг (повторно на две различни места - кај моја пријателка гинеколог и во ГАК). Повторно резултатите беа добри. И решив дека овој пат нема да ризикувам. Значи, одлуката дали ќе правиш амниоцинтеза е твоја. Еден период, додека да се решам што да правам (оти многумина ми велеа дека е лудост на овие години да не правам амниоцинтеза) почнав за себе да мислам навистина лошо. Затоа поразговарав со мојата пријателка гинеколог и ја прашав за искуствата на други трудници на оваа возраст. Таа ми рече дека доколку нема сериозни индиции, и бидејќи немаме такви случаи во семејството, не треба да се потресувам што имам толку и толку години - оти годините и не се толку решавачки фактор ако нешто требало да тргне на лошо. Биди кул, направи ги тестовите, следи ја редовно бременоста и сеедно која одлука ќе ја донесеш верувај дека е најисправната за тебе. Никој друг не може да реши наместо тебе, па дури ни твојот матичен лекар. Јас не верувам во господ, ама ова чудо со бременоста дефинитивно е прашање на виша сила [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|