Растеме заедно -> RE: Испитувања во бременоста (20.3.2012 16:26:51)
|
Не сакам да те плашам Mammi, ама јас имав со првата бременост во 11 недела така 2-3 капки кафеав исцедок вечерта пред легнување ама немав болки, се јавив кај докторот и ми препорача да лежам и да мирувам ноќта, а утредента да се јавам на преглед. Меѓутоа сабајлето покасно станав и веднаш штом станав имав крварење пообилно и многу јаки болки и го изгубив бебето. Сега со оваа бременост почнавме со превентивна терапија Утрогестан уште од 6 недела откако дознавме, меѓутоа се беше во ред и во 14 недела докторот ми ги прекина. За неколку денови прокрварев и многу се исплашив дека повторно ќе го изгубам и ова бебе, меѓутоа ме примија веднаш кај докторот, ми ставија прогестерон инекција ми дадоа пак утрогестан и плус магнезиум, а на прегледот бебето беше во ред.Крварев повеќе од еден месец и сум постојано во мирување и лежење, станувам само за да одам на испитување и на контрола на лекар. Сега сум 22 недела мегутоа сеуште примам терапија и одам минимум на 2 недели на преглед и кај матичниот и плус во државна, а крвта незнам колку пати ја имам испитано. Во секој случај може да е нешто безначајно, а може да станува збор и за нешто посериозно. Моја препорака е доколку сеуште не си посетила лекар веднаш да отидеш на преглед, затоа што никогаш не треба да го ставиш здравјето и безбедноста на второ место, пред се за себе и за плодот што го носиш. Ти посакувам се најдобро.
|
|
|
|