kikamika -> RE: Испитувања во бременоста (30.1.2012 20:58:35)
|
фетусче не те разбирам каква врска има Дауновиот синдром со обична крвна слика, тоа се специфични испитувања преку крвта, ризикот за Даунов синдром се зголемува со возраста на родителите особено на мајката ако е над 35 год.Дауновиот синдром, трисомија 21 или трисомија Г е хромозомско нарушување,предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом, а негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето.,тој претставува облик на хромозомопатија, односно грешка во комбинацијата на хромозомите во 21 пар на хромозоми, која настанува при клеточната делба на новиот плод. Имено, при делбата на двата хромозома од едниот родител и двата хромозома од другиот родител, наместо во плодот да се појават два хромозома, се појавуваат три. Одредени научници сметаат дека таквата грешка е последица на неправилната делба на хромозомите, додека други сметаат дека станува збор за генетска аномалија, односно наследно пренесување од некои претходни генерации – предци од семејството. Доколку трисомијата се појавува во сите клетки станува збор за лице со класичен даунов синдром, а доколку се опфатени само поедини клетки станува збор за лице со мозаичен даунов синдром. Менталната ретардација кај овие луѓе може да се движи од лена до средна(умерена). Малкумина од нив имаа тешка ментална ретардација.Застапеноста на дауновиот синдром е 1 на 800 или 1000 раѓања. И нема баш да се погрижат ќе треба одма да им кажеш дека имаш бактерија на вулва и ќе почнат со антибиотска терапија на бебето со цел да не се инфицира или ако дошло до инфекција да го спречат понатамошното нејзино ширење кај бебето, а ти ќе треба да се лекуваш кај твојот матичен по породувањето.
|
|
|
|