RE: Испитувања во бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (17.10.2015 10:31:55)

Јас до сег аскеогаш сум одела само кај тој лекар каде што сум била на преглед за гледање на резултати. Е сега како што пишав ако има потреба од терапија секако ќе ти пишува на самиот резултат извештај од докторот и ако треба контрола ќе имаш закажано термин за контрола.




ivoni4ka -> RE: Испитувања во бременоста (27.10.2015 12:37:44)

zdravo aj da reportiram
gi dobiv rezultatite od transfuziologija i ne mi e jasno nesto, trombociti 317 , hematokrit 38, protrombinsko vreme 13 sek, aPTT 40 korekcija 34, trombinsko vreme 19 sek, anti B GI scrieg, d- dimeri pomalku 170 i nisto ne mi e jasno vo ovie rezultati,

ako nekoj znae neka pomogne, pozadi na listot samo pisuva promeneto aPTT, ostanati naodi uredni,


i ako ima nekoja so slicni naodi dali primala terapija,



pozdravce




Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (28.10.2015 10:23:25)

Ivoni4ka се надевам дека вчера добро помина на ехо.

Инаку по ова што го пишуваш наодото не ти го видел лекар туку ти е само извештај од лабараторија. Не знам баш за резултатите ама јас примам клексан заради ниски вренмиња на коагулација (мене и двете и се ниски). Јас првпат во бреемност вакви испитувањас правев во 13 недела од бременост и тогаш и д-димерите ми беа малку повисоки и во тек на бременост ми растат ама тоа така и треба да биде, на пчоеток да се ниски па да растат.
Не знам што да ти кажам сепак консултација со лекар е најдобро.
Со среќа.




ivoni4ka -> RE: Испитувања во бременоста (28.10.2015 11:06:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Ivoni4ka се надевам дека вчера добро помина на ехо.

Инаку по ова што го пишуваш наодото не ти го видел лекар туку ти е само извештај од лабараторија. Не знам баш за резултатите ама јас примам клексан заради ниски вренмиња на коагулација (мене и двете и се ниски). Јас првпат во бреемност вакви испитувањас правев во 13 недела од бременост и тогаш и д-димерите ми беа малку повисоки и во тек на бременост ми растат ама тоа така и треба да биде, на пчоеток да се ниски па да растат.
Не знам што да ти кажам сепак консултација со лекар е најдобро.
Со среќа.

фала Kvisko

ехото помина во најдобар ред, туку овие будалите од трансфузиологија не го пишале наодот за афа и сега денес повторно пратив цовек таму за да ми го запише наодот, а трансфузиологот кај нас во Штип, во консултација со др Самоников ми кажа дека на овие наоди не се дава нисшто терапија, ама бидејќи имам историја на абортуси превентивно првите месеци ќе ставам клексане, а подоцна најверојатно ќе ме стават на аспирин 100.


за ехото- по менструа. сум 9+2 дена, а по плодот сум 8+ 4 дена, срцева акција имаме, доплер на постелка е совршен грло на матка одлично и за 3 недели повторно на контрола за приска


поздрав




LoveableMe RR -> RE: Испитувања во бременоста (19.11.2015 16:22:52)

"Бесплатни прегледи и анализи за секоја бремена жена државјанин на Македонија

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека од почетокот на идната година, ќе бидат бесплатни сите гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи вклучувајќи го и самото породување за секоја бремена жена државјанин на Македонија, без разлика дали е здравствено осигурана или не.

Мерката има за цел рано и навремено откривање на проблеми во бременоста и навремена реакција, како и подигнување на свеста кај бремените жени за редовни прегледи. Тодоров посочи дека бесплатните прегледи ќе бидат од голема корист и за бремените жени од социјално ранливите групи, како и за жените од ромска националност кои во голем дел немаат матичен гинеколог.

Според податоците од Заводот за мајки и деца во 2014 година од 23.500 бремени жени само 15.194 се јавиле кај матичен гинеколог, од кои 7.622 тоа го сториле во првите три месеци од бременоста, а останатите подоцна. Пакетот мерки предложен од страна на Комитетот за безбедно мајчинство во кој членуваат 10 доктори и екперти предвидува и патронажните служби во рамки на проектот Домашна визита да стават посебен акцент на бремени жени од социјално ранливите групи и бремени жени со понизок степен на образование."

Извор: OhridNews




vezilka RR -> RE: Испитувања во бременоста (23.11.2015 23:04:20)

Според податоците од Заводот за мајки и деца во 2014 година од 23.500 бремени жени само 15.194 се јавиле кај матичен гинеколог, од кои 7.622 тоа го сториле во првите три месеци од бременоста, а останатите подоцна



А случајно да не се прашале зошто е тоа така? Зошто не објават колу општини и населени места во мк немаат матичен гинеколог, па жените од тие места треба да патуваат за да направат преглед. Колку места како Шутка има во мк нека каже некој. И нека каже колку жени не се во можност да ги платат прегледите.

И исто живо ме интересира што после поставена дијагноза во бесплатен преглед. На пример жената ќе треба 5 месеци да прима терапија со клексани. Пеким, прегледот каде се дијагностицирала состојбата е бесплатен, инаку ќе коштал 500 денари отприлика, а трапијата за таа состојба ќе ја кошта 700 евра. Баш многу и заштедиле на женава. За да се каже 0 денари бременост треба уште многууу да поработат.

И на крај, како со меркава го решија проблемот со несоодветен кадар вработен по болнициве, со пијаните доктори и слични глупости?




SOLE -> RE: Испитувања во бременоста (30.11.2015 11:29:22)

девојки каков упат треба за на трансфузиологија за хемостаза со Д-димери? И предложете ми доктор. Јас одев во Хемолаб ама многу пари е 3200 денари а сега нели од 1ви на државно ке биде бесплатно па си викам да идам таму. И за колку време се готови резултатите, да не се чека многу случајно?




Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (30.11.2015 16:10:33)

Sole не знам дали трансфузиологија ќе биде бесплатно ама и вака со плаќање е 390 денари за д-димери, хемостаза и крвна слика (ова секакл го прават битно е ради тромбоцитите). Упатот е од матичен гинеколог и си пишува или тромбо тест или д-димери и хемостаза. Е сега проблемот е што преку мој термин скоро сите термини им се пополнети до Јануари. Јас првиот пат отидов си приоритетен упат и скоро сите трудници така и одат на трансфузиологија едноставно нема термини. Првиот пат се оди така и јас така бев кај Петровиќ и фина ама мислам дека не работи со трудници. Потоа сами ме префрлија од првата контрола кај Олга Тодоровска за која немам замерки баш се труди околу трудници. Исто имам и добар впечаток од Јани Ангеловски ама не знам дали сега работи во амбуланта зашто едно време не работеше.
Е сега чекањето е скроз друга работа многу е гужва се случува да затурат резултати или да не стигнат да ги сработат истиит ден па утре треба да одиш по нив. Мене ова ми е баш напорно и на почеток ми беше стресно сега отрпнав.
Најдобриот дел е што потоа може од Фондот да бараш рефундирање на парите за клексан што барем мене ми значи зашто сум на два клексана дневно па ептен ми се собираат пари за тоа.




bitolcanka82 -> RE: Испитувања во бременоста (30.11.2015 17:15:26)

Bash i jas sakav da prasham dali mikrobioloskite ispituvanja ke bidat besplatni?




SOLE -> RE: Испитувања во бременоста (30.11.2015 18:48:00)

kvisko а зошто по два клексани дневно примаш? кај мене сега на последнава контрола ддимерите ми беа лесно покачени а ни беше продолжено АПТТ 30,2 сек, а требало да биде 29 сек, и заради тоа ми го продолжија клексанот ама јас само по една примам од 20. па сега околу 10ти треба пак да испитувам и си мислев да идам на државна пошто ептен е голема разликата во цената а и тоа што викаш за рефундација од хемолаб некеможам да ги рефундирам парите.




Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (1.12.2015 9:55:33)

Sole јас имам наследено од мајка ми ризик за тромбоза и искрено баш покажувм такви знаци на испитувањата и Фала Богу што постои клексан. Мене во моментов д-димерите ми се околу 2000 а протромбинските времиња цело време и пред бременост ми се скратени. За тоа обавезно следи клексан. Ако тебе ти е продолжено времењето за крварење може и да ти го укинат клексанот или да ти ја намалат дозата.




ivoni4ka -> RE: Испитувања во бременоста (1.12.2015 10:04:49)

во ситуација на продолжено аптт не даваат клексане, а ако веќе се прима или се намалува дозата или ако ептен мала разлика останува таа доза, вака на мене ми објаснија. инаку по препорака на гинеколог требаше да ставам клексане ама трансфузиолозите не дозволуваат поради продолжено аптт , а нормални д димери ( околу 260 се), и јас ги послушав нив и не го ставам, сега за сега е се во ред па ќе видеме за натаму.




SOLE -> RE: Испитувања во бременоста (1.12.2015 19:03:38)

па незнам, мене баш заради продолжено АПТТ ми рече дека ке си ги продолжиш клексаните а д-димерите се лесно покачени, ке видиме сега на нареднава контрола како ке биде, инаку денес бев кај матичниот и стварно нема термини кај ни еден на клиника, му викам па ова е чудо од толку трансфузиолози кај никој да нема термин невероватно [sm=zmeden.gif] а за приоритетен му спомнав на матичниот но не можел да ми даде ппод изговор дека тоа нее приоритет, така да по се изгледа пак во хемолаб ке идам.

Ивоничка а тебе АПТТ продолжено ли ти беше?




santa -> RE: Испитувања во бременоста (1.12.2015 20:27:57)

zdravo,
vcera bev na ginekolog, mi kaza deka ima ima gestaciska vrekicka ama embrionot ne se gleda se uste ("vo uterus gestaciski sacus 8.3 mm vo koj seuste ne se detektira embrion") i mi zakaza pregled za 2 nedeli pri sto ke pravam kontrola i na krv i urina.
Se nadevam deka ova e voobicaeno bidejki mi e prva bremenost i se nadevam deka e se ok.
P.S. ne kazav deka sum 5 nedela




ivoni4ka -> RE: Испитувања во бременоста (1.12.2015 22:20:16)

Sole mi bese prodolzeno aptt za 6 dena 3 pati go ispitav I poleka se smiruvase I sega e normalno I NE primam kleksane resiv bidejki sum laborant veruvam na naod na rezultatite a ne na trebalo vez dokazi I argument I sega ke ispituvam sekoja nedela d dimeri I hemostaza koga ke bidat pokaceni d dimerite togas ke stavam kleksane




Melanija RR -> RE: Испитувања во бременоста (1.12.2015 22:50:12)

santa добре дојде на РР [sm=smiley1.gif]
Рана бременост е 5 недела ,најчесто околу 6 до 8 недела се слуша срцето.КЛИКНИ ТУКА има повеќе искуства.Се ќе биде во ред




Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (2.12.2015 9:39:09)

Sole како трудница апсолутно ти следува приоритетен упат. Да одиш да му се развикаш на матичниот гинеколог дека појма нема од етика и хуманост. Сите ртудници што до сега сум ги сретнала на трансфузиологија биле за прв пат со приоритетен упат. И секогаш имаат предност во влегување на преглед во приоритетна амбуланта пред другите зашто се трудници. Има трудници за контроли на хемостаза, има трудници за контрола на крва група, за Кумбсов тест ако се РХ негатив и милион други работи и баш и на шалтерите им кажуваат дека матичните треба да им даваат приоритетни упати зашто нема термини а испитувањата во бременост се прават само во одредено време. УУУф ама ме нервираат такви луѓе што не сакаат да помогнат, ѓубриња.




SOLE -> RE: Испитувања во бременоста (2.12.2015 18:37:41)

Kvisko, ептен си во право и да знаеш дека ке одам пак и ке му барам приоритетен, инаку дека сум негативна крвна група и кумбс правев ама во хемолаб 1000 денари а сум можела и таму, ама ајде... тоа ти е




pcelka3 -> RE: Испитувања во бременоста (3.12.2015 14:20:27)

zdravo zenski ubav den ...vcera bev vo transfuzija i ne mi naplatija nisto eve pocnal zakonot da deluva i moze so prioriteten od maticen doktor jas eve nekolku pati imam pojdenon taka pa potoa otkako ke pojdete ke zakazete termin .pozz




Dziv_88 -> RE: Испитувања во бременоста (3.12.2015 16:45:51)

Site laboratoriski, mikrobioloski ispituvanja i skrininzi. Jas rabotam vo zdravstvena ustanova i vcera dobivme takvo izvestuvanje.




Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (4.12.2015 11:15:01)

И мене вчера не ми наплатија брис за Стрептокока Б. Супер вака само што јас сум веќе при крај па нема многу да искористам. Секако државно и не се плаќање многу само што да дојдеш на ред е проблемот. Ова ми доаѓа како лечење на болест што ја нема а вистинкста ја маскираме. СИте мака мачат со закажување термини и слично со тој проклет Мој Термин и некогаш затоа што нема термин си одиш приватно сега тие 20-30 денари партиципација нема да ги платиш. Баш чудо големо.




Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (7.12.2015 12:37:36)

Денес во Adrialab уредно си платив партиципација за испитување урина. Толку од системот на „паметниот“ ни министер. Можеби да одев во дрѓавна установа немаше да платам ама ќе се изначекав а мене по ова време со висури и слично не ми се чека баш. Значи лажга е дека се е сеплатно за трудници. Или барем кога се испофали требаше да каже дека бесплатно е само во државните институции, а е не и во приватгните што имаат Договор со Фондот. АМа ако така кажеше цела фалба и популизам ќе му пандеа во вода.




LoveableMe RR -> RE: Испитувања во бременоста (7.12.2015 12:49:53)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Денес во Adrialab уредно си платив партиципација за испитување урина. Толку од системот на „паметниот“ ни министер...... Можеби да одев во дрѓавна установа немаше да платам ама ќе се изначекав а мене по ова време со висури и слично не ми се чека баш......


Бесплатните прегледи и испитувања за трудници и се останато како проект ќе почне да се применува од јануари 2016 година.




Kvisko -> RE: Испитувања во бременоста (7.12.2015 13:05:31)

Не од 1 Декември 2015 важи. Не палтив ништо на Микробиологија за брис за Стрептокока Б во Четвртокот види го мојто пост погоре и види го постот на Dziv. Само што како и се во Македонија повеќе е популизам отколку нешто друго.




LoveableMe RR -> RE: Испитувања во бременоста (7.12.2015 14:09:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

"Бесплатни прегледи и анализи за секоја бремена жена државјанин на Македонија

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека од почетокот на идната година, ќе бидат бесплатни сите гинеколошки и микробиолошки прегледи, биохемиски анализи вклучувајќи го и самото породување за секоја бремена жена државјанин на Македонија, без разлика дали е здравствено осигурана или не.............

Извор: OhridNews


Kvisko, еве го мојот погорен пост, очигледно има разлики во толкувањето на почетокот на проектот, но и вчера уште еднаш слушнав на ТВ дека се прави анализа на теренот и дека ќе почне да се применува од почетокот на идната година....




Страница: <<   < Претходна страница  49 50 [51] 52 53   Следна страница >   >>