Bea -> RE: Испитувања во бременоста (17.12.2015 9:11:10)
|
Имам извештај од трансфузиолог, него сестрата вчера ми рече дека и докторката требала да ми напише и рецепта, да ме заведе во некоја книга/дневник и со секое примање да се потпишам јас и сестрата што ме боцнала дека сум примила терапија. После тоа со извештајот од трансфузилогија, потврдата за примена терапија, фискална од аптеката и копија од трансакциска сметка се одело во фонд за рефундирање. Од постовите на форумов гледам дека горе-долу тоа е процедурата. Како и да е, денес одам да ја почнам процедурата и да се боцнам. Иначе да појаснам :) Бременоста ми ја следи Черепналковска, која нема склучено договор со фондот, а матичен ми е докторката што е исто во Промедика, кај неа одам само за упати и рецепти. Вчера се видов со мојава докторка (приватнава) и не беше многу загрижена, дури и се размислуваше дали ми даде клексан. На последниот преглед бебушот си беше супер, напреднат според неделата и скоро дупло од пред 4 недели (од 880 на 1560 грама), но се видоа почетни калцификати на постелката. И така вчера се изнаплакав (иначе сум станала лигавеш прва класа), па мм ме одмкна во City Mall и му купивме количка и транспортер на бебушко, ама за тоа ќе пишам во соодветната тема :)
|
|
|
|