|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Мајчина книшка!
15.12.2014 12:54:15   
Hopeful RR
Уште не. Додуша, кај старата матична стоеја на маса, ама не ми спомна ништо, а новата не знам ни дали има. Баш ќе одам за контролен брис задутре и ќе ја прашам. Имала-немала функција, мерак ми е бе user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Мајчина книшка!
15.12.2014 13:03:28   
Bethany
Па се внесуваат податоци за твојата бременост, претходни дијагнози, бремености, терапии при забременувањето, па потоа историја на болести, податоци за развојот на бебе од ехо прегледи, качување на килажа во текот на бременоста итн. Тоа во мојата пишуваше.

Мене ми се допаѓаше сето тоа, а и потоа кога одев на подготвителни часови за породување, ми имаат пишано дека сум била и така.
Мислам дека е тоа краток вовед во се, за докторите што те породуваат имаат некаков преглед, ама кој ги гледа па тие книшки, тоа е прашање.
Освен ко што кажа Хоупфул, мерак ми е да ја имам и за ова бебе. :)


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Мајчина книшка!
15.12.2014 13:20:19   
Mihaela 2010
Ama ete koj kako ke si ja sraboti rabottata,mene maticnata ne mi gi zaveduvase ovie raboti,osven vo kartonot,moze i zatoa ne mi ostavila vpecatok

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Мајчина книшка!
15.12.2014 13:37:20   
gina
mene mi dade maticniot majcina uste vo 6nedela i mi rece redovno da ja nosam mi zapisa krvna grupa,tezina, visina, pritisok.Zapisa se deka eho sum imala vo ta nedela i naredniot pregled mi go zapisa i bev presrekna violetova e imase brosura

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Мајчина книшка!
12.1.2015 15:16:43   
Melanija RR
Една од новостите денеска е и за електонска мајчина книшка
==============
Во тек е изработката на електронски мајчини книшки, со што здравствените домови ќе имаат точна евиденција за сите бремени жени. Оттаму, патронажните сестри ќе ја добиваат листата на трудници кои треба да бидат посетени. Се остава и можност, овие суплементи да ги даваат и матичните гинеколози или пак, жените да ги подигнуваат од здравствените домови.
-Изјава на министерот за здравство, Никола Тодоров

Извор:Курир.мк

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Мајчина книшка!
11.2.2015 15:23:53   
mamickaa1
Сакам да знам , дали таа мајчината книшка мора да ви ја отвори матичниот гиниколог, или било кој доктор, и дали ви прават прегледи пред да пишуваат дали преходно сте имале било каков абортус, и која бременост ви е по ред? Би благодарам однапред..

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Мајчина книшка!
11.2.2015 16:45:39   
gina
mamickaa1 majcinata kniska ti e otvora maticniot ginekolog i sekoj pregled go zapisuva vnatre brisevi,krv, mokraca, tezina ,pritisok,merki od plodot ,koja bremenost tie po red ,abotrusi

(Одговор на членот mamickaa1)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Мајчина книшка!
15.4.2015 19:47:00   
Felly RR
Јас сум 20 нед и уште немам мајчина книшка. Минатиот пат ја прашав сестрата кога се отвора, па ми рече наредна контрола да ги носам сликичките од ехо за да ми ги внесе мерките и тогаш ќе ми ја пополни со сите податоци.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Мајчина книшка!
16.4.2015 14:52:50   
LoveableMe RR
"Почна да функционира електронската мајчина книшка

Четврток, 16 Април 2015 13:49

Министерството за здравство ја воведе електронската мајчина книшка која од вчера е достапна и во „мој термин“ и ја пополнуваат сите матични гинеколози во државава. Податоците од книшката ќе може да ги користи матичниот гинеколог, но и сите гинеколози во породилиштата во Македонија, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, пренесува МИА.

Во прво време, рече, електронската мајчина книшка ќе функционира заедно со хартиената, а подоцна ќе се оди само на електронската верзија од која податоците се добиваат во реално време и се чуваат во централен сервер со што шансите за нивно губење се мали.

- Целта на воведувањето на електронската матична книшка е прецизно следење и контрола на бременоста во целиот нејзин тек и заштита на здравјето на мајката и новороденчето, како и дополнително намалување на здравствените ризици, предвременото породување и раѓањето на деца со аномалии поради нередовното одење на препорачаните контролни прегледи. Во неа се евидентираат сите прегледи и утврдени резултати од прегледите на бремената жена, како и детални податоци за породување и за новороденчето. Со тоа ќе се овозможи на докторот кој прв пат ја прегледува бремената жена веднаш да ги добие сите податоци за било кој период од бременоста што е од исклучително значење за соодветна проценка на здрвствената состојба, рече Тодоров на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека електронската мајчина книшка претставува база на податоци кои можат да послужат за надополнување на здравствената статистика и за креирање на здравствени политики и додаде дека со нејзиното воведување Министерството за здравство ќе ги има сите податоци во реално време за бројот и здравствената состојба на бремените жени и нивното одење на прегледите. По потреба, истакна, ќе можеме да ги повикуваме оние трудници кои не ги направиле одредените прегледи.

- На овој начин имаме детален и прецизен регистар за бремените жени во целата држава и со тоа овозможуваме докторите во реално време да ги добиваат податоците за задравствената состојба на трудницата. Сите 142 матични гинеколози во државата добија упатство за начинот на пополнување и водење на електронската матична книшка која ги содржи истите податоци како и печатената книшка која е адаптирана во 2012 година согласно Упатството за водење здрава бременост, рече Тодоров.

Министерот за здравство истакна дека во книшката има податоци за здравствената состојба на бремената жена и плодот, односно податоци за текот на бременоста, породувањето и за здравствената состојба на новороденчето.

Податоците за бремената жена, прецизира, опфаќаат крвна група, RH фактор, лична гинеколошка и репродуктивна анамнеза, како и податоци за серолошки анализи и извршени ултразвучни прегледи. Во делот за породување се евидентира типот на породување и евентуални компликации при породувањето и постпородилниот тек.

За новороденчето се евидентира родилната тежина, должина, обем на глава и граден кош и податоци за примени вакцини кои се даваат во родилиштето. Покрај тоа, се евидентираат и показателите на загрозеност, односно состојби кај жената кои бараат дополнителна грижа во текот на бременоста како срцеви и бубрежни болести, ендокрини нарушувања и други нарушувања како недоносеност, вродени аномалии, инфекции, деца родени во домашни услови кои понатаму ќе му помогнат на педијатарот во грижата за новороденчето."

Извор: Курир мк

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Мајчина книшка!
17.4.2015 0:25:23   
Melanija RR
Дали да е за радување дали за чудење user posted image
Како што читам низ темав од тие 142 матични ,сигурно 70% ниту дали или не ни пополните хартиена мајчина книшка ама ете паралелено и електронски ќе поплнеле user posted image ајде важи
Таа се дава што се види срцева реакција и секој преглед се пополнува,а не е си нашле време покасно одново да ја пополнат па и време да се тоа одеднаш да искуцкат електронски.
Абе како се од обратно да се прави. Да си ги провери матичните и колку книшки издале па после надоградување user posted image уф празна слама само фалби

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Мајчина книшка!
17.4.2015 13:01:47   
lukajana RR
Ова е смешки ,мојот матичен гинеколог нема компјутерuser posted image така да отпаѓа електронскава ,а и обичната додуша не ја пополнува ама битно ја дава да си ја имашuser posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 111
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?