RE: Магнезиум (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> RE: Магнезиум (1.10.2013 20:46:55)

vezilka RR шумливите магнезиум Магнесол се околу 250 ден но 10 таблети за 10 дена.Јас такви пиев до 12 недела,а после и до крај пиев од овие mommy_angels RR што ги постираше.100 апчиња за околу 450 ден,најисплатливи се а се квалитетни




Hunny -> RE: Магнезиум (2.10.2013 7:34:43)

И јас ги пиев овие од Мами и воопшто немав грчеви. Мене гинекологот ми рече исклучиво нив да ги пијам, демек биле најдобри.




Happy Sunshine -> RE: Магнезиум (17.10.2013 11:24:13)

Здраво [sm=smiley1.gif]
Сакам да ве прашам дали од магнезиум (земам магнезиум форте 240мг) може да се случи помека столица? Не е дијареа, ама ќе почувствувам нелагодност во стомакот (не болка) и морам во вц. Совет?
Инаку сум 5 недела.
Ви благодарам




masa -> RE: Магнезиум (17.10.2013 13:26:28)

И јас ги пијам овие на Natural wealth пред се затоа што шумливите ми правеа многу киселини,а до скоро пиев по два пати на ден. Може да ти е нелагодноста од шумливите,пробај ден два да не пиеш,нема да ти биде ништо ако немаш грчеви и болки и пробај и овие обичниве таблети може повеќе ќе ти одговараат зошто нема никакви пропратни појави.




vezilka RR -> RE: Магнезиум (17.10.2013 13:37:04)

И јас ги сменив шумливите за овие од Natural Wealth оти многу мисе гадеше од шумливите. Ама немам приметено промена о столицата, тоест имам приметено, ама баш напротив, имам затвор.




petra27 -> RE: Магнезиум (2.11.2013 19:35:58)

Lele i jas imam grcevi vo jajnicive.....me boli i ranata od carskiot od vnatre.....vo ponedelnik sme na prvo eho pa najverojatno doktorot ke mi dade magnezium....vo prvata bremenost go piev cela bremenost




cacisk -> RE: Магнезиум (2.11.2013 20:30:12)

Jas zemam Magnezium Citrate od 1900 mg. Gledam site gi zemate ili sumlivite ili od Natural Wealth so pomala mg. Dali mojava doza e pregolema? Da razgovaram li so Dr. ili ne. Inaku toj mi gi prepisa ovie.




Melanija RR -> RE: Магнезиум (10.10.2014 22:40:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Фала ви девојки, се зачудив затоа што веќе пијам магнезиум со месеци, бидејќи сум склона на грчеви во нозе. Пијам од тој на Natural Wealth, ама по едно на ден, па добро што ви ги видов препораките, и ќе појачам на 2 [sm=smiley31.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Мене ми препорачаа Мг од морско природно потекло па пијам на Биос лајн. Тој демек се апсорбирал подобро од синтетичкиот. Хоупфул, кога имаш закажно за срцева акција?

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Jas magnezium od sam start pijam zaedno so folna, sega teram so vitamini i plus mg.denes mi rece za otprilika 3 nedeli da pocnam po dve, sabajle i navecer.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Инаку каде го има тој магнезиум, лесно се наоѓа?

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Епа јас од виола го купувам досега, ама може има и во други аптеки. Едно апче е 100мг, јас земам 3 плус 150мг имам во пренаталните витамини. Не мора да е тој нели, нека е од природно потекло, овој е од дехидрирана морска вода и стварно е соленкасто кисел ако ти се растопи во уста :)





Bethany -> RE: Магнезиум (13.12.2014 18:14:56)

Денес малку прогуглав и сознав дека редовно пиење магнезиум помага против мигрени, главоболки.
Јас денес пак се напив парацетамол, ми се лошеше од главоболка дури.
Па сега мислам да земам магнезиум таблети, тој на натурал веит, и редовно да пијам по една.
Матичен гинеколог не ми спомна магнезиум, јас заборавив да ја прашам. Имам магнесол шумливи, ама ми се гади од нив и ги пиев по потреба.
Нема ништо лошо да пијам од магнезиум по една таблета дневно на своја рака, нели? Дека па и тие се од 250мг, а магнесол 150?




scared RR -> RE: Магнезиум (13.12.2014 18:26:32)

Bethany мене поради главоболки невролог ми даде да пијам магнезиум и б комплекс 3 пати дневно. Магнезиум зедов на Natural Wealth од 250 мг и по едно дневно пиев и да чукнам во дрво ми поминаа, а главата ме болеше секој ден некои 3 недели веќе почнав да се плашам. И магнезиумот воопшто не штети во бременоста баш напротив корисен е , слободно пиј, можеш и од оној во ќесички ама тој е 300 мг и мене ми се гадеше од вкусот на портокал што го има и затоа сменив на овие [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Магнезиум (13.12.2014 18:28:46)

Mene maticnata mi rece dva pati nautro i navever mg da pijam.najvise mi pomaga koga ke se podukocuvam od vreme na vreme




Bethany -> RE: Магнезиум (13.12.2014 18:33:28)

Е фала ти scared и михаела:) Знам дека не е штетно, ама кога докторката ништо не ми спомна да го пијам, си велам тука да прашам, за помирна да бидам :)




lolla RR -> RE: Магнезиум (13.12.2014 21:23:27)

Мене матичната ми рече 500мг дневно. До скоро пиев 450мг, а сега 550 ми се фаќа. Мислам дека е многу важно да се зема Мг во бременоста.




Bethany -> RE: Магнезиум (13.12.2014 21:38:59)

Јас ни во првата бременост не го пиев, исто по потреба кога чувствував укоченост од претерана активност и тоа така на почетокот.
Тогашниот матичен ми го препорача во првото тромесечје, а после ништо не спомнуваше.
Како и сите други витамини, ако нема потреба, сметам дека не мора да се земат и дополнително, нема потреба од оптеретување на организмот.
Затоа и се мислам дури и околу тие витамински што ги земав на своја рака, крвна слика ми е добра, би требало само фолна да пијам. Ама си мислам ради додатна енергија дека ќе ми помагат, кој знае.
Ама поради главоболките ќе се посветам на редовно пиење магнезиум.




lolla RR -> RE: Магнезиум (13.12.2014 21:47:14)

Магензиумот е неопходен за нетрудни во минимум 400мг дневно, а не па за трудни. Прво за мускулите, за ткивото на матката, против грчеви, разни болки, потоа за целиот нервен систем и полно други работи. Ретко кој може да го внесе со исхрана блиску до доволно, така да јас сум голем поборник за магнезиумот. Ама нели секој си осеќа за себе што му треба и како ке го советува доктор.




Bethany -> RE: Магнезиум (13.12.2014 22:07:43)

Се си во право, знам дека е неопходан, ама поента ми е дека не сакам да се стресувам околу тоа, ајде на крај само апчиња да пијам бидејќи ако така гледаме потребни дози на сите витамини и минерали никако не може да ги внесеме во целост. Ама не е лошо ни да се пие нели, секој со своето убедување.

Магнезиум за жени препорачана дневна доза е 280-300 мг, а за бремени 320 мг.
Па и не е толку тешко да внесеш доволно количество на магнезиум, пример:
Една банана содржи 45 мг магнезиум (јас ги јадам по две [sm=smiley36.gif])
Шака бадеми 90 мг ( а ја никогаш не јадам по шака, обично се две-три [sm=smiley36.gif])
две кришки интегрален леб 50 мг
2-3 коцки темно чоколадо (овакво само јадам откако сум бремена) 30 мг

И ете ја скоро цела доза, плус успат нешто друго и толку. Сега не мислам да мерам во грами и милиграми секој ден, некогаш повеќе некогаш помалку, ама ми ја разбираш поента.

Нејсе, очигледно ми треба повеќе да се опуштам повеќе и да си помогнам при главоболки. [sm=smiley1.gif]





Melanija RR -> RE: Магнезиум (13.12.2014 22:18:24)

Магнезиум и воопшто е пρепоρачливо да се пие,κаκо што пиша Лолла тој ја опушта мусκулатуρата,смиρува и ρегулиρа κρвниот пρитисоκ.И јас ги пиев на натуρал веит но еве и потоа ниκаκо ρедовно повтоρно да ги пијам бидејќи се пρепоρачливи за било κоја возρаст




Hopeful RR -> RE: Магнезиум (13.12.2014 22:26:43)

Со години пијам магнезиум и ако некој период престанам, одма имам грчеви. Сега па во бременост, не да го пијам, него ептен! Пиев од тој на Natural Wealth, добар е, но по препорака на lolla и аптекарката [sm=smiley1.gif], сега пијам магнезиум од морско потекло, кој целосно се апсорбира за разлика од синтетичките, и сега за сега е добар.

Како склона на грчеви и главоболки, и јас сум поборник на витамински и минерални суплементи, посебно на магнезиум. Колку и да внесуваме добра храна, сепак мислам дека не е доволно и не е на одмет плус. Се разбира, не од се - има многу витамини и минерали за кои треба да се внимава од предозирање, но магнезиумот не е еден од нив. Сега во бременост, не ми се играат играчки и пијам дневно по 3 до 4 таблетки од по 100мг. Плус и ме опушта [sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Магнезиум (13.12.2014 22:32:40)

И па сега да го земам и да пијам на своја рака?
Напнувам знам, ама дека никогаш не се клукав со додатни суплементи и ми е шубе, иако не најдов никакви негативни ефекти, освен ако имаш проблем со бубрезите па да не го исфрлаш добро, ама се надевам дека немам проблем со бубрезите [sm=smiley36.gif]




Hopeful RR -> RE: Магнезиум (13.12.2014 23:13:12)

За магнезиум ич да не се мислиш Bethany, ќе ти помогне и со главоболките, а и општо. Верувај ни и пиј го [sm=smiley1.gif]




jasmina 25 -> RE: Магнезиум (16.12.2014 20:32:55)

i jas na svoja raka si go zemav magneziumot pocnav od 12 nedela predhodno imam problem so visok pritisok i glavobolki od ko pocnav da go pijam da cuknam na drvo ne mi se kacil ni pritisokot ni glava me zabolelo...vo apoteka mi gi preporacaa vo vid na prasak od biolectra...




Ki4iko -> RE: Магнезиум (17.12.2014 11:32:40)

Јас пак сакам да прашам до кога да се зема Магнезиум? јас сум 34 недела на крај и не знам дали да го прекинам? понеделним сум на контролен преглед апа ке прашам и за ова [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Магнезиум (17.12.2014 22:28:02)

Најчесто се пијат до 9ти но сепак прашај.Не дека е штетно но сепак ,нешто сум чула поради полесно породување тоа опуштање па не се пиеле.Прашај па сподели за другите [sm=nosecka.gif] рингерајки[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Магнезиум (18.12.2014 18:06:10)

Мg веќе во 9ти се прекинува, од причина за да не ги попречува природните контракции, потребни при породувањето. Значи, од 36та недела веќе е пожелно да се прекине со употреба.




Ki4iko -> RE: Магнезиум (19.12.2014 20:32:48)

Ви благодарам.јас сум сега почеток на 35 недела и 2 дена немав земено магнезииум и ноќеска имав ггрчеви во нозете неколку пати ,а тоа до сега ми се немаше случено,бидејќи активно примав магнезиум, ќе го пијам уште ,имам уште 10 дена до почеток на 9 месец [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>