Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Како се чувствувате денес ? 27.12.2009 14:24:28
Bogdancanka
Јас денес супер сум среќна весела цел ден, одсабајле со другарките се прошетавме бевме на пазар потоа бевме да купиме нешто за бебушот на една другарка и за поголемото што денес слави роденден,потоа си бевме на кафенце сега си се прибрав да направам нешто за ручек па потоа сме на роденед и може пак да си се прошетаме со другарките. Супер ден денес
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
RE: Како се чувствувате денес ? 27.12.2009 15:20:42
Еца
Убаво, онака опуштено и покрај некоја напната атмосфера која се чувствува во домот. Зошто луѓето едноставно не го отворат срцето и не даваат повеќе љубов? Зарем животот не е прекраток да двојат време за љубомора, завист, озборувања. Зарем никогаш не ја слушнале народната што не сакаш да ти прават, немој да правиш или онаа отвори го срцето, љубовта чуда прави. Зарем е толку тешко да сакаш некој? Дали сум јас премногу влезена во филм дека ако сакам искрено, можам да ги променам работите на подобро или некои луѓе едноставно не се менуваат?
RE: Како се чувствувате денес ? 28.12.2009 13:21:55
ripce
релаксирано, по дома, конечно цел ден си се посветуваме еден на друг со син ми , позачистувам нешто, се припремаме за наредните празнични денови, по нешто и читкам за испитите... и така.
RE: Како се чувствувате денес ? 29.12.2009 11:21:29
Mila na mama
Ужасно. Ми иде да се расплачам од бес. Имаме овде една секретарка што се прави ку ц и пол од такт ме вади втор ден. Ајде нека дојде четврток да заврши се, да се одморам.