Bethany -> RE: Да го пофалиме нашето детенце (19.8.2013 10:20:53)
|
Да го пофалам каква меморија има. Значи се памти. Ако поминеме некаде по пат и му покажам нешто или направиме нешто , тоа следниот пат мора да се повтори, исто онака како правевме првиот пат. Се во куќата знае каде што стои, и кога раскревам , пример садови, му давам и тој сите ги става каде што стои. Се мора да биде во својот ред, се знае на кое столче седи мама, на кое тато и така. [sm=smiley36.gif] Кога одиме на спиење, играчките сите ги става на свое место. Едноставно сака ред дечкото. [sm=smiley36.gif] Веќе сега приметувам дека е многу детален, запажа ситници и сите детали, ќе биде многу организирана личност. Исто така вчера ги диплам алиштата и тој буквално секое парче облека, и чорапи и долен веш хееххе, знае чие е што. Можеби всушност ово и не е чудно, не знам како другите на неговата возраст, ама ете мене ми беше чудно и интересно. Многу сака да реди пазлс, ги погодува и ги реди сам веќе извесно време тие форми (коцка, ромб, круг и сите други), по бои, сложувалки, сака такви логички игри. Интересно ми е што веќе на оваа возраст можам да му ја забалежам некоја силна страна.
|
|
|
|