baby_bump -> RE: Проблеми со доењето (26.11.2010 19:06:10)
|
Можеби има други проблеми што го будат, грчеви, може му е топло, ладно, го стега нешто, можеби будењето не е од глад. И јас мислам дека не треба уште толку рано да го дохрануваш, туку да бидеш упорна и да му даваш да цица колку што ќе сака тоа. А дали вие видовте дека бебето не напредува, па доктор ти препорача да го дохранувате? Затоа што ми е чудно на мајка што има млеко, бебе што нема проблеми со цицање, да се препорачува дохрана со вештачка храна. Освен ако немаш некои други проблеми, како лекарства, рагади............. Моето е веќе 1 месец и мислам дека добро напредува, искрено немам вага и не сум го мерела дома, но по облеката гледам дека е пораснато, супер си цица, понекогаш и премногу затоа што е многу брза и брзо влече па скоро секогаш малку блуцнува после секој подој. И таа некогаш ќе заспие додека цица па се буди за 10-15 минути и пак бара да цица, но мене никогаш никој не ми има кажано за дохрана толку рано.
|
|
|
|