Octavia -> RE: Проблеми со доењето (7.11.2010 18:48:39)
|
Srcence, исфрли го чајот од нане, доилки не треба да го пијат, имам читано дека го намалува создавањето млеко. Анасонот на пр. поттикнува создавање млеко. И како што добив јас тука совет пред некој месец, освен пиењето течности многу е важна и исхраната, 3 главни оброци, две ужинки, задолжително месо за ручек... Ќе видиш дека се ќе биде во ред, кај доењето една од најважните работи е желбата за доење [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. А со интензивно доење за 2-3 дена ќе се зголеми лактацијата, ќе видиш. Обично толку треба за да се постигне рамнотежа понуда-побарувачка.
|
|
|
|