bebe82 -> RE: Проблеми со доењето (24.12.2010 13:47:03)
|
Фала ви мамички на брзите одговори и на утешните зборови. Само да ви кажам мое искуство околу болните брадавици. Како што напоменав погоре во постот и моите брадавици беа вовлечени. Пробав да ги извлекувам со масажи, во болница пробаа да ми ги извлекуваат, не може па не може бебево не можеше да ја фати. Ми дадоа во болница силиконска брадавица, и само така цицаше. Се вративме дома продолживме со силиконската брадавица да цица. Кога отидовме на контрола таа почнала да губи во тежина (бидејќи дома не беше на дохрана како во болница). И кога дојдовме дома после контролата, јас ја тргнав силиконската, и бидејќи со цицање преку силиконската ми ги извлекла брадавиците, се фати на брадавицата!!!!! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] На мојата среќа и немаше крај... АМА..... Таа веќе поголемка, научена на силиконот, не знае да ја фали брадавицата како што треба, па ме влече, па ме каска, па ме шмука, леле леле. Брадавициве крв, рани и како бели гнојчиња засирени. Секое ставање на града ми беше кошмар. Малку фалеше да ја ставам пак силиконската. Вриштев, гризев, плачев, [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sad.gif[/image]таква болка не сум осетила, исто како некој да ми ги пржи брадавициве[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]. уфффффффф кога ќе се сетам....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] После цицање седев со голи гради бидејќи врз нив не можев да ја трпам ни маицата. Се мачкав со пуреланот од медела (малку е скапичок 600 ден - 30 мг), ама да не беше тој мислам дека или јас ќе останев без памет, или ќерка ми ќе беше на силиконската брадавица уште [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. За една недела ми поминаа и раните и болките и сега без проблем си цицаме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley32.gif[/image]. За тоа ми е уште поише криво ако отидеме на дохрана[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image], после сите овие маки ние се навикнавме една на друга и си цица како што треба. поздрав и се надевам дека барем малку ви помогнав во вашата одлука да ги трпите болките во почетокот од цицањето, бидејќи све поминува.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/metulj.gif[/image] Така да има и решение за болни брадавици.
|
|
|
|