RE: Проблеми со доењето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


*Iki* -> RE: Проблеми со доењето (24.7.2015 16:51:13)

Мајки, ако на некоја и се случило следново, нека ми каже што превземала... Ние сме скоро 3 месеци, на доење само, не сум користела пумпа до сега. Проблемот е што последнава недела ( а претходно само 2 пати) неколку пати ми се случи после подој на градата која ми е пополна со млеко од старт, да ме пецка и боли како струја да ми тече по каналите. Со другата, попразната, немам проблем. Мислам дека причината е тоа што бебево почна да не ја отвора целосно устата при доење... И да се трудам да го приближам до градата ја турка главата наназад и си цица по негово. А мене ме боли и по саат два после тоа градата...:( Значи оваа недела ми се случи 4 пати! Дури мислам дека од стрес ми се намали и количината на млеко..Инаку мн си ги цица прстите и дури пробува и цело раче да го пикне в уста и пред спиење и кога е будна и после доење, онака си цица страсно и звучно прстиња ( уште од 9ти месец кога беше в стомак :) ). И давам и цуцла лажалка... кога е кенкава... Но, не знам дали грешам со тоа или со доењето? Ете, ако е причина устето што не го отвара доволно, како да ја научам?! Не мислев дека доправа ќе имаме вакви маки..а пробувам се бориме за убаво да фати ...Имам чувство дека кога се доиме мисли дека се нејзините прстиња или ме цуца како цуцлето...и обратно... прстите и цуцлата страсно ги цица како кога ми е на града ... Се исто како да и е [sm=duda.gif]!!! А првиот месец дури и без да заплаче ја отвараше широко устата и ме бараше...само тоа ми беше знак дека е гладна...Сакам да уживам во доењето, а не да се плашам дека може да боли после.[sm=smiley19.gif]




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (24.7.2015 19:23:39)

Ми се случило неколку пати, и мислам дека да, до тоа како ја фаќа градата е. И моите се скоро три месеци, мислам дека уште учат, има време за корекции [sm=smiley1.gif] Кај мене едниот отвора широко и цица солидно, другиот е пофлегма и знае само врвот, па и да боли. Еве го сега се поднавикна и добро фаќа.
Кога ќе фати така, тргни ја (ако е ептен закачена, пикни мало прсте на крајот од устето и ќе се откачи), и пробај пак. Не може да ја натераш да отвори пошироко уста, тоа е тоа, но можеш да фатиш ти со раце поголем дел од градата и да и пикнеш внатре [sm=smiley36.gif] Вака ми правеа и сестрите во болница, и јас им правам кога ги мрзи да отворат, и функционира.

Болката ако е само на почеток, не е страшно ако ја има, но не треба понатаму во доењето да остане. Ајде пробај па пиши [sm=smiley1.gif]




*Iki* -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 4:41:32)

Hopeful, мене ме болеше после подој, поточно после 10 тина мин. Во саботата бев кај докторката што ме породи и една сестра беше со неа, ме видоа како дојам и беше се како што треба. Дури и како за пример цицаше бебуш! Ми кажаа дека можно е да е таа "кризата во доење" што се јавува во 3-4 месец кога бебето има нова развојна фаза, пољубппитно е, се врти на секој шум, реагира на звуци итн. И ми прпорачаа да дојам во тивка просторија, сами да сме, затемнето, евентуално тивка приспивна музика...И да ја редуцираме цуцлата лажалка на минимум. Инаку од лошо влечење ме печело кога ми се полнеле каналите со млеко. Ме болеше и наредните 2 дена, но послабо дека ставав топло на градата и пиев 2 пати дневно Парацетамол. Сега се смири ситуацијата скоро и не осеќам ништо, но мн сум попосветена :) Додека цица срцката моја никој не смее да не вознемири ни врата да отвори и секогаш ми е како по процедура со мешето кон мене, дланката моја на вратче... и твојот совет! Стварно функционира! [sm=smiley1.gif]Се надевам нема да се повтори минатата тешка недела.




Milicka 30 -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 12:23:24)

Мамички ние овие неколку дена мака мачиме со доењето, како ја наместувам малата почнува да вришти , пробувам да ја смирам па пак почнуваме и се исто, и мене ми се плачи со неа... пробувам и друга позиција ама никао несака, ке почне малку да цица и вришти , најверојатно дека не и тече исто како шишето. Еве и со калматa ја доранувам демек да се помачи ама и тоа шише си го засака. Незнам стварно што да пробам..очајна сум, неможам да ја слушам како плаче и после 20 мин борење и давам шише кое со сета сласт си го пие.




lukajana RR -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 12:39:41)

Миличка 30 и ние сме имале вакви периоди кога не сака да цица а бебе никогаш не пиело од шише,па сум ја заспивала и ја доев заспана.
Тоа трае неколку дена и после си цица нормално.
Пробај да ја доиш заспана стави и шише и кога ке заспие извади го и дај и да цица,ако имаш млеко греота е да не го пие




lolla RR -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 13:08:15)

Миличка, и ние имавме такви периоди и мене ми рекоа дека се грчеви и спој со скок во развојот. Ке има повеќе такви периоди, Л пред две недели имаше добра цела недела во која со молење цицаше, се врти и плаче кога ке го ставам да цица и се околу беше поинтересно од цице. Затоа и овој месец качил само 650гр, досега по кило во просек дигаше.

Поената е - ке помине, уште мнооогу пати ке менува бебушка.




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 13:59:00)

Milicka 30, и кај нас се случува ова, и тоа со Ј, кој па баш убаво цица. Ќе му текне некој ден, не сака да цица и не сака. Вришти, плаче, се тегне, ќе фати малце, ќе пушти, ќе се помачиме заедно, ќе се израсплаче па ќе му дадам шишенце и ме гледа тажно со тоа очите црвени од плачење и пие со ќеиф, а па тогаш па ми иде јас да вриштам, градите полни, он жив среќен со АД-то... После па вечер пред спиење, ќе пушти срце и ќе цица по 40-50 минути, ни шише ни ништо. Следниот ден ко ништо да не било, цица најнормално. И ај сеа [sm=smiley36.gif] Неколку пати ми го прави ова, не знам што му е, изгледа го мрзи или не му е денот. М па почна асално да цица, фала богу, само е спооор... Жива вода се правам, рбетот лом, важно тој цица бавно и сериозно, ко којзнае колку важна работа да прави [sm=smiley36.gif]

*Iki*, видиш, не ми текнало на ова со мирнава атмосфера, освен навечер пред спиење. Порано бегав на секое доење во спална на тивко, ама сега кај ќе стигнам, и очигледно си има и последици тоа. Ќе пробам и јас така, да не се дефокусираат бебињата додека цицаат.

Него, читав за дохрана со АД после цицање, и изгледа нас овде не учат наопаку по болниците. Сите викаат прво цицање, колку има - толку, па после шишенце, а вчера на сајт на еден познат американски бренд за АД пишуваше обратно - прво шишенце, па после на града. Целта е да не се изгради асоцијација за најаденост со шишенце, туку со града, и обратно - да не се појави фрустрација на немање храна додека е на града па утеха да биде шишенцето... Пробав вчера и денес вака обратно, ама не знам баш како - не знам колкава количина да им дадам во шишенце на почеток за да извлечат после повеќе при цицање, да не се заситат прерано, па градите да останат полни... Ок, ќе измолзам, ама не е тоа поентата... Денес па и со шишенце, и со цицање не се заситија, па после пак морав шишенце... Вие како правите, како проценувате количина на АД за после доење?




Milicka 30 -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 14:01:53)

Се надевам дека е период и ќе помине, ми е страв дека се привикна ептен на шише и дека нема да сака да цица. Си знае а и ставам лигарниче се радува дека ке добие шише. Јас не дека имам којзнае колку млеко ама се измолзувам и и го давам .




Milicka 30 -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 14:10:12)

Јас Hopeful и спремам ад спрема упатството од аптамилот, сега е веќе 5 недели комбинирам по 90мл или 120мл на 4 саати ама она што ме буни колку и да цица од мене и да имам измолзено 50мл кои си ги пие таа пак си испива 90 ад. Сега кога не цица и давам 90мл и незнам дали е најадена. А ова со обратната постапка мислам дека треба со малку ад да се почне па да цица...ама ако не им стаса треба пак ад..стварно незнам ама ќе пробам може нема да плаче затоа што нема да биде многу гладна.




lolla RR -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 14:13:16)

Не знам колку ке помогне, но мене педијатарот од систина ми рече дека до 4тиот месец, се што е вишок бебето го бљуцка. Па валда ако не поврати не му е премногу.

Мое размислување е следење на тежината, ако е добра, да се размислува за намалување на количината. Дека секој пропуштен подој би ја намалил количината на млеко бидејки градата не е испразнета и мозокот не добива сигнал да почне да создава друго млекце. Ова сигурно не е случај со близнаци ама добро е прашањето околу дозирањето.




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 14:28:00)

Јас ептен ги форсирам за доење, освен кога ептен не можам (ако сме излезени или нешто слично, макар што дојам и во јавност честопати, баш ми е гајле), и се трудам да го намалам АД-то. Ме нервираат шишенцата и цуцлите, па ајде мери дозирај, па чисти миј...

Во однос на количината, не ги следам упатствата од Аптамил, бидејќи тие се за бебиња што се само на АД. Јас ги следам Ј и М, и гледам дека кога се заситуваат, едноставно го буткаат шишето и следниот пат правам помала количина. Знаат да го одбијат и по само 10мл испиени, дури и кога не цицале којзнае колку, но може само толку се гладни во моментот, што е ок. Сега имаат скоро 3 месеци и веќе правам количини од 60-90мл пред секој подој, почнувам со доење и ако ептен сакаат уште, им давам шишенце. Правам списоци кој колку и кога испил, и гледам дека во просек пијат по околу 40-50мл АД, понекогаш 120, понекогаш ич. Со Ј, се случува понекогаш да е толку прегладнет што го пие цело шише, бара уште, пие уште нова количина АД и повраќа од што е прејаден и од што уствари бил стрвен, а не гладен. Се трудам да ги фатам порано, кога не се во таа фаза на глад, ама тешко е со две бре, што попрво да направам [sm=smiley36.gif]

Ќе бидам поупорна со ова обратново, веројатно и ќе можам и повеќе да ја контролирам количината на АД така, па да им давам по помалку и после на гради, па ќе видам како ќе оди. Морам така за да се стабилизира количината, некогаш имам многу па не можат да доцицаат, некогаш нема доволно па тегнат на празно и се нервираат...





Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (29.7.2015 15:20:20)

И еве ме пак, после обидот за обратно хранење. Почнав демек со помала количина АД, па го префрлив на доење, почна да плаче, и кога виде дека потешко му оди цицање од шишенце, нормално, почна уште бетер да плаче и да се нервира, па нејќеше да цица, па морав да му дадам пак АД, па да правам дополнителна количина, да чека со плачење и на крај, он се најаде од АД, не од цицање, и заклучив дека не ми беше успешен проектот. Не знам дали ќе пробам пак, ова сега ми се виде многу стресно за бебето...




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (6.8.2015 14:27:53)

Пак јас на оваа тема, монолози си држам [sm=smiley36.gif]

Се плашам дека имаме проблем - бебињата почнаа да одбиваат да цицаат, и толку уживаат во АД што се нервирам! Не е ова на секое хранење, додуша, претежно е пола/пола, понекогаш цицаат со задоволство и се најадуваат само од цицање, ама понекогаш знаат да фатат и одма да пуштат, а плачат од глад, се додека не им дадам АД.

Се мислам дали да ја купам Калмата да пробам со неа, ама па ко за проба скапо ми се гледа. Дали има некоја друга цуцла/шишенце со слаб проток за да се помачат малку па да им се присака цицање, или можеби некоја друга финта?




LoveableMe RR -> RE: Проблеми со доењето (6.8.2015 15:39:18)

Hopeful RR, дали им е послатка цуцла од цицето, тоа е многу битно, или е фаза, па така реагираат?

Ако сакаат цуцла, можеш да се молзиш, ако не ти е многу тешко и да го ставаш млекото во фрижидер, па потоа да им даваш. Една моја другарка така правеше, кај неа тоа супер функционираше. Ти пак сама ќе си оцениш што е најдобро.[sm=smiley1.gif]




blue_blue -> RE: Проблеми со доењето (6.8.2015 16:35:54)

јас би пробала наместо подој + АД, да одам со техника АД насабајле кога знам дека се мртви гладни, па наместо да чекам 3 саати од АД на некои 2.5 цицање кога не се толку гладни без АД...После пак АД и така со ред...Идејата ми е да имаат АД кога се многу гладни и нервозни и нетрпеливи - сакаат одма да се најдат, а цицање кога не им е толку празно пупето па имаат трпение да влечат. Така и ќе има повеќе количина и само ќе наодаѓа млекото и ќе тече и нема да мора да се мачат толку. Би се обидела во меѓувреме и да не ги држам во раце премногу и да не се допрени до мене, да не им бидам можеби во видно поле за да кога ќе ги земам да цицаат да не биде тоа само за јадење туку и да се зажелат да се гушкаат со мене и да бидат во моја непосредна близина....Види пробај....




blue_blue -> RE: Проблеми со доењето (6.8.2015 16:37:41)

а да....сега како што раснат и се поголеми може позата за доење која си на имала на почеток да не им одговара...пробај смени положба за доење каде можеби им е поудобно и пробивај еден подој само АД, па еден само цицање...




Milicka 30 -> RE: Проблеми со доењето (6.8.2015 17:15:01)

Hopeful и ние сме исто, понекогаш малата си цица убабо понекогаш не , ама а го видува шишето ептен се радува. Ете јас една недела ја мачев со калмата па баш и не гледам некој напредок , си се навикна и на него. На калмата пишува дека не е убаво мајката да го рани бебето со него туку треба некој друг. Ние така правевме на почеток ама кај може некој да чекам и јас и го давсм.
Инаку исто шише како калмата има и на tomee tipie знам бебе супермаркет ги рекламира.
Јас многу се нервирам многу се трудам за са цица ама таа повеќе шишето го сака. И ако не цица се измолзувам и и го давам.




lolla RR -> RE: Проблеми со доењето (7.8.2015 11:39:26)

Јас имам Медела калма употребена еднаш (пробана) и си стои така стерилизарана во ормар. 1390 ја купив, стварно е скапа. Хоупфул, што знма да ти ја дадам да ја пробаш или ако сакаш да ти ја продадам ако не ти е шубе дека еднаш е користена.




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (7.8.2015 14:18:37)

Море кога ќе ги грабнам... не можам да им најдам правило - сабајле, што вика blue_blue мртви гладни, цицаат и тоа како што треба, празнат се, и им додавам АД. После во тек на денот, кога како - понекогаш сакаат, понекогаш не, и кога има поминато 4 часа од претходен оброк, и кога има поминато 2 часа. Еве прееска Ј се скрши од вриштење додека не му дадов шишенце, и ајде во ред, немаше јадено околу 4 часа, многу му дојде дека бевме на лекар. Педијатарката вика може им е топло, ако сум испотена... штознам. Може има врска тоа што сега заретчуваат со оброци, па не можат да се стабилизираат, понекогаш бараат на 1.5 час, понекогаш на 4 часа, па затоа...

Инаку не се многу во раце, не сакам да ги научам така, сепак се двајца. Ова со одмолзувањето ми е една од последните опции, не сакам да почнам пошто ми е мака покрај толку млеко јас да се молзам и да им давам во шишенце, посебно кога доење е толку убав момент... Тоа е, мајка бик и синови бикови, ќе видиме кој ќе излезе поголем инает [sm=smiley36.gif]

lolla, не би ми било шубе, ако се одлучам за Калма, ќе се договориме. Во секој случај фала ти [sm=smiley1.gif]




blue_blue -> RE: Проблеми со доењето (7.8.2015 14:46:22)

Hopeful, ова со топлово може да е проблем. Знам неколку пријателки кои ми имаат кажувано дека децата на топло не скаат да цицаат. Ваљда им е жешко млекото, ти си топла, плус они кога цицаат се потат и сето тоа им праи с’клет и се нервираат. Пријателкава ми кажуваше дека пред доење се туширала со ладна вода, ем ја снижува малку температурата на телото ем млекото одма наодаѓа ради подобрена циркулација...Секако пробај се, и вака и така и онака, ама не се нервирај ако некогаш не цицаат. Знам јас дека тоа сите трубат демек мајчино млеко било најздраво, ама мислам дека тоа толку трубење им ствара на мајките невиден притисок дека МОРА да дојат....на крај на денот важно е детето да е најадено и да напредува и да има смирена и задоволна мајка...е дал сега цицало или не, за мене тоа е споредно зошто и вака и онака ќе порасне. А ко што сум кажала многу пати до сега, не дека сакам да ги омолаважам маките кои сега ги имате, знам како е и дека се секирате, но верувај се тоа е толку минорно и небитно во споредба со конњските нерви и постојаната присутност до детето како родител во н еговото воспитување и насочување. И таа активност е далеку поважна зошто ако заебеш - заебано е....и чувај се себе за тогаш...а дал јаделео или цицало - се исто на крај на ден, нема да остане непораснато...




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (7.8.2015 15:28:56)

blue_blue, скроз си во право, апсолутно. Го игнорирам општествениот притисок за доење подеднакво како и пофалбите кога луѓе ќе чујат дека дојам близнаци па ме хвалоспеват ко да сум убер мајка, а не сум. Не си правам ни сама на себе товар, но ме фрустрира тоа што гледам дека имам млеко, капе и тече на страна во млазови а тие врискаат и нејќат. Веројатно ради хормоните, ама ме пука на емотивна основа ова, се чувствувам јас одбиено... Уште малце и ќе почнам да им љубоморам на шишенцата и цуцлите [sm=smiley36.gif] Макар што понекогаш искрено ми доаѓа да престанам да дојам баш заради тоа што е страшно комплицирано со две, а можам да замислам какви се предизвици тек допрва доаѓаат и знам дека ова е каде-каде помало гајле, факт.
Во секој случај, не се откажувам така лесно, ќе го пробам ова со оладувањето со туш, зашто приметувам дека и на нив им пречи држење во раце на топлово, пукаат од склет и самите не сакаат да бидат во раце. Добро што ми кажа дека и други се соочуваат со ова, не сум само јас [sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: Проблеми со доењето (7.8.2015 17:38:56)

Хоупфул, а да не штрајкуваат момците. Кога ке наполнат три месеци во четврти нели се околу нив им станува интересно и цицањето не е веќе толку омилено. Ние го имавме тоа во 4ти и 5ти месец и траеше по 1 недела.

Јас имам мака дека летово сака да цица само лежејки што за дома е супер ама за надвор не баш. Пробај смени поза, види лежечка да не сакаат, во соба кај што сте само вие, да нема муабет и звуци одоколу. Не дека доењето ја прави било која мајка супер мајка, туку финтата е што е најлесно, бесплатно, достапно секаде во секое време и убаво. Со близанци сигурно е многу тешко и крај краева најважно е бебчо да се нахрани како може.




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (7.8.2015 17:53:23)

Lolla, штрајкот им почна од пред некое време и одма вртат очи наоколу, а устата отворена, па прават фати-пушти додека не се сконцентрираат и зацицаат [sm=smiley36.gif] Ова одбивањево што ми е проблем е пропратено со вриштење пиштење, затоа ме чуди.
Во однос на поза, секако е лежечка бидејќи се мали, не си ја држат главата и немаме многу опции. Еве денес се добри, да ги пофалам. Со Ј пробав на перница за доење, и мислам дека е подобро така затоа што немаме голем допир на тело па не му е жешко... Тоа е, секој ден нова борба [sm=smiley36.gif]




lolla RR -> RE: Проблеми со доењето (7.8.2015 18:33:13)

На лежечка мислев ти и тој да лежите паралелно еден до друг. А иначу штрајкот е баш таков, се врти со глава на друга страна и плаче вика ко да ке го колиш а не да му даваш да јаде. Мене ми помагаше и малку нишање па полузадреман ке се изнацицаше (знам дека си против нишкање ама desperate times calls for desperate measures) и само што ке се разбуди ке му пикнам циц*а во уста и се зацицуваше. Најдоброто е што ке помине, нервозирачко е ама тоа е, некои ги викаат и 4 month monsters.




Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (8.8.2015 11:32:14)

Ајдеее, не знаев дека си има име [sm=smiley36.gif]
Пробувам во таква лежечка, да, понекогаш ми успева... Полузадремани фаќаат, да, исто и кога не се прегладнети, ако ги начекам порано.

Вчера вечерта сакаа и солидно цицаа, ноќеска исто, а денес сабајле го пробав методот на blue_blue, нејќеа да цицаат па им бапнав шишенца, па ќе видиме денес во тек на денов како ќе оди [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>