Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (14.10.2015 18:28:56)
|
lolla, она што го најдов на нет е дека бебе не може да цица и да гризе истовремено, што значи дека во моментот кога загризува, губи интерес за цицање. Или е најаден, или му е здосадено. Тоа значи дека треба ептен внимателно да го гледаш додека цица, и во првиот момент кога ќе отпушти, да се тргнеш. Ако посака пак - ок, ако не - не. А ако веќе гризе и не пушта, во твојот случај и заспан, и ако финтата со прстот не успева, тогаш нежно повлечи го накај себе. Тоа ќе му го отежни дишењето и самиот ќе ја отвори устата. Кај некои мајки успевало и кратко и нежно да го затворат носето, и по секунда ја отвораат устата. Ова го пробав вчера со М, кога беше задреман, а морав да му дадам лажиче млеко со капки, и успеа. Изгледа малце стресно вака од страна, пошто со силно вдишување отвори уста, ама не се расплака, што значи не му било нешто страшно.
|
|
|
|