Hopeful RR -> RE: Проблеми со доењето (26.8.2015 13:06:35)
|
pepuska, познато ми е ваквото однесување - кај мене дури и гргаше, преполно грло, врискаше, а со шишенце пиеше без проблем... Ако е така и кај тебе, веројатно се работи за преголема количина млеко, го најдов на нет како fast letdown. Се работи за преголем проток на млеко на почетокот на доењето кој бебето не може да го испие. После кратко време се стабилизира протокот, се намалува количината, и решението е или да се одмолзе малку првото млеко, или да се проба со компресии на градата, да се притисне од горе за да се намали првата количина. Со шишенце пијат без проблем затоа што протокот е стабилен, капка по капка. Мене ми помогна измолзување и почесто доење, да не се насобира млекото па да блика, но после кратко време се навикна и бебето дека порасна и можеше да пие повеќе. Најдов и дека во просек при доење млекото прска од 8 каналчиња, а кај жени со брз проток и низ повеќе. Гледав како прска во пумпата додека се измолзуваше и мислам дека кај мене имаше повеќе каналчиња, па ми се објасни мистеријата [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|