Lady_D -> RE: Машина за сушење алишта (13.10.2014 9:54:02)
|
Јас имам машина за сушење алишта на Беко и сум многу задоволна, во купатило ми стои заедно со машината за перење, така да како перам, ги вадам алиштата и право во сушара, ептен погодена работа [sm=smiley36.gif] инаку влага не се ствара, кондензирачка е, водата се собира во пластичен сад што после секое сушење се истура водата и филтер за прашинки, влакненца исто се чисти после секое сушење.За во зимо е измислена поготово за бел веш,пижами,чаршави,навлаки,кујнски крпи и такви работи нон стоп ја користам, е сега пред тоа ја користев и за алишта секојдневни што ги носиме, но имам приметено како да ми се подсобираат малку па ми е страв да ставам поготово некои нови и на маж ми ке ме утепа, му се собраа едни блузи па од тогаш не ставам блузи, џемпери, тренерки и така некои работи, само кошули тие не се собираат... Инаку сум задоволна и ја препорачувам!
|
|
|
|